Хуманитарен концерт со пијанистот Дмитри Маслеев - Канал 5

Хуманитарен концерт со пијанистот Дмитри Маслеев

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи хуманитарен концерт на 22 октомври (четврток) во 20 часот насловен „PERASPERAADASTRА“.

Хуманитарен концерт со пијанистот Дмитри Маслеев

Средствата од овој концерт се наменети за лекување на Игор Пармаковски кој го години се бори со Кронова болест.

Како солист на концертот ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, еден од најзначајните млади солисти на светската музичка сцена во моментов, а диригент е Габриел Бебешелеа од Романија. Како солист ќе настапи и првиот трубач на оркестарот на Филхармонија -Драган Младеноски. На програмата се две исклучителни дела од рускиот композитор Дмитри Шостакович – Концертот за пијано труба и гудачки оркестар оп.35 и Камерната симфонија во це-мол, оп.110а.

Концертот за пијано, труба и гудачки оркестар оп.35 од Дмитри Шостакович бил заврешн во 1933 година, и во него композиторот прави експеримент со употреба на необарокни инструменти. И покрај насловот концертот повеќе може да се класифицира како дупли концерт, бидејќи пијаното и трубата имаат еднаков третман и комплексност во партитурата. Години, подоцна, Шостакович изјави дека примарно планирал да создаде Концерт за труба и оркестар, а потоа го додал пијаното за да биде дупли концерт. Како што го пишувал, тој се трансформирал во пијано концерто со соло труба.

Камерната симфонија, всушност, е транскрипција и адаптација на Гудачкиот квартет бр. 8 на рускиот композитор Рудолф Баршаи, кој во ова симфониско дело за гудачи вметнал фрагменти и од други дела на Шостакович – од симфониите број 1 и број 5, еврејската тема од Пијано триото број 2, од Првиот концерт за чело и оркестар и од операта „Лејди Магбет“. Симфонијата има пет става во кои се испреплетени типичниот музички јазик, стил и естетика на Шостакович. Таа е мало музичко ремек-дело во кое е собран музичкиот универзум на овој руски композитор.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар

„Трансилванија“ во Клуж-Напока, Романија. Неговата репутација брзо почнала да расте

по воодушевувањата од страна на критиката и публиката за неговата исклучителна

музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на

Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску –

„Духови“, како и со неговата „Пасторала – фантазија за мал оркестар“. На 30-годишна

возраст, маестро Бебешелеа беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во

последната декада во Романија. Во 2015 година, Бебешелеа работел со едни од двајцата најценетидиригенти во светот – Курт Мазур и Бернард Хаитинк. Во 2011 година, ќе му бидедоделена стипендија за да стажира со престижниот „Концертгебау оркестар“ воАмстердам, каде што имал можност да работи со големи диригентски имиња, меѓу кои и

со Марис Јансонс, Хаитинк, Херберт Бломштед, Кристоф фон Донани, Давид Зинман...

Дмитри Маслеев (1988) учи пијано на конзерваториумот „П. И. Чајковски“ во Москва во

класата на проф. Микхаил Петруков, како и на Интернационалната академија за пијано на

езерото Комо во Италија.Како „суперсолист“ беше најавено дебито на Дмитри Маслеев со оркестарот наНационалниот оркестар на Франција во 2020 година на кој го изведе Концертот за пијанои оркестар број 1 од П. И. Чајковски, дело кое му обезбеди интернационална кариераоткако стана лауреат на меѓународниот натпревар „Чајковски“ во 2015 година. Овојисклучителен млад пијанист годината ја почна со деби во Златната сала на Музиверејн ина главната сцена на Берлинската филхармонија. Оттогаш, Германија и Франција сенегови главни дестинации, каде што соработува со врвните оркестри. Неговото деби воПариз беше во фондацијата „Луј Витон“, а рециталот го пренесуваше ТВ Медичи наилјадници луѓе во светот.

Драган Младеноски е роден во Скопје. Основно и средно музичко училиште завршил во Скопје во класата на професор Благој Ангеловски и професор Васо Ристов. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2005 година во класата на професор Васо Ристов, а моментно е и на магистерски студии на истиот факултет. Младеноски е активен учесник на бројни семинари, мастер класови во Ница, Софија, Белград, Нови Сад, Охрид, Скопје...

Добитник е на повеќе републички награди и признанија, трета награда на Интернационалниот натпревар во Сан Ремо, Италија. Од 2002 година работи како прв трубач во Филхармонија на РМ.

Настапувал во земјата и во странство, како и на фестивалите „Скопско лето“, „Штипско лето“, како и на фестивали во Нови Сад, Белград, Софија и др.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер