Хулкенберг се поблиску до Лотус - Канал 5

Хулкенберг се поблиску до Лотус

Младиот германски возач Нико Хулкенберг според порталот краш .нет ќе го замени поранешниот светски шампион Кими Раиконен во тимот на Лотус.

Хулкенберг се поблиску до Лотус
Возачот на Форс Индија е првиот фаворит за заменик на ледениот Финец , но проблем би можела да биде неговата телесна тежина, поради тоа што младиот Нико е еден од најтешките возачи во Формула 1.

-Ние сме многу по заинтересирани за талентот и потенцијалот на возачот , отколку за неговата тежина. Развиваме болид за 2014 година кој ќе ги исполни сите правила, и сигурно болидот нема да му го препуштиме на некој возач во кој немаме доверба. Не верувам дека неколку килограми ќе прават некаква разлика во следната сезона“, јасен е првиот човек на Лотус Ерик Булие.

Следната сезона во Ф1 ќе стапи на сила правилото за ограничување на тежина,а новиот турбо мотор од 1,6 литри кој ќе биде во употреба во сезоната 2014 е многу потежок од очекувањата , што значи дека килограмите на возачот нема да преставуваат проблем , што значи дека „тешкиот “ Хулкенберг ќе може да биде заменикот на Кими во Лотус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции.

Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем.

„Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска.

Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА.

Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени.

Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер