Шоу бизХулк Хоган спаси 17- годишна девојка од превртен автомобил (ФОТО)Хулк Хоган (70) бил сведок на сообраќајна несреќа во Клирвотер, Флорида.Пензионираниот професионален борач спасил тинејџерка која доживеала судар. Нејзиниот автомобил се превртел на покривот, а Хулк и неговиот пријател ја извлекле од автомобилот. Со него во тоа време се возела и неговата сопруга Скај Дејли (45). "Синоќа ја оставивме вечерата во Тампа. Видовме автомобил како се превртува пред нас. Навистина им се восхитувам на мојот сопруг Хулк Хоган и на мојот добар пријател Џејк Раск што скокнаа во акција", објави Скај на Фејсбук. Сопругата пишува дека тинејџерката била „неповредена, само навистина потресена, што било вистинско чудо“. Причината за несреќата се уште е под истрага, соопшти полицијата. ТМЗ објави фотографии на кои се гледаат двајца мажи, Хоган и Џејк, како ја извлекуваат тинејџерката од автомобилот. Хоган потоа се огласи на Твитер и рече дека користел хемиско пенкало за да ги активира воздушните перничиња. „Фала му на Бога, сега сѐ е во ред“, додаде тој. The crazy part about the teenager that flipped her car was that without a knife to puncture the airbags to get her out ,a Indian Rocks Christian ballpoint pen came in really handy to pot the bags,thank you God,all is well even now,Amen HH — Hulk Hogan (@HulkHogan) January 16, 2024 „Тоа е типично за Хулк, тој има големо срце. Тој им помага и ги третира луѓето со најголема почит“, рече претставникот на Хоган, Линда Бозе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВоен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24. Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија. Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.Тагови: хеликоптер Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега. Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9). Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.Тагови: билијард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот Јанчев го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на УкраинаГрадоначалникот Митко Јанчев денес го прими Орденот „За заслуги“ – високо државно признание на Украина, доделено со указ на претседателот Володимир Зеленски.Во своето обраќање истакна дека ова одликување го доживува како признание не само за него лично, туку и за целиот град, за неговите соработници, Советот на Општината, институциите, хуманитарните организации и за сите граѓани кои несебично се вклучија во помошта за украинскиот народ. Тој нагласи дека од самиот почеток на воените случувања во Украина, градот покажа дека хуманоста, солидарноста и меѓусебната поддршка немаат граници, а денешното признание е потврда дека ваквите дела оставаат трајна вредност и придонесуваат за зајакнување на пријателството меѓу двата народа. Посебен и емотивен момент на настанот беше кога децата од Украина, кои бесплатно престојуваат на детското одморалиште Михајлово, му подарија рози на градоначалникот во знак на благодарност за грижата, поддршката и топлото гостопримство што им го овозможи градот. Градоначалникот упати искрена благодарност до претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за укажаната чест, како и до Амбасадата на Украина за довербата и континуираната соработка. Посебна благодарност изрази и до своето семејство за безрезервната поддршка, љубов и разбирање. Тој порача дека најголемите признанија не се оние што се носат на градите, туку оние што се заслужуваат преку дела, изразувајќи уверување дека пријателските односи меѓу Македонија и Украина ќе продолжат да се градат врз темелите на заемното почитување, солидарноста и мирот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter