Huawei го претстави новиот автомобил- изгледа како комбинација на Мајбах, БМВ и Ролс Ројс(ФОТО) - Канал 5

Huawei го претстави новиот автомобил- изгледа како комбинација на Мајбах, БМВ и Ролс Ројс(ФОТО)

Huawei се етаблира како производител на мобилни телефони и слична опрема, а неодамна се појави и во автомобилската индустрија.

Huawei го претстави новиот автомобил- изгледа како комбинација на Мајбах, БМВ и Ролс Ројс(ФОТО)

Конечниот резултат е Maextro S800, првиот модел од заедничкиот бизнис меѓу технолошкиот гигант Huawei и кинескиот производител на автомобили JAC, но и четвртото возило во проектот HIMA на Huawei.

Се приклучува на линијата која ги вклучува моделите Stelato, Luxeed и AITO, кои се создадени во соработка со различни кинески производители на автомобили, пишува Revija HAK.

Луксузната лимузина Maextro ги доби стилските знаци од своите европски конкуренти. Двобојното тело и тркалата се позајмени од Maybach, ултра тенките фарови се блиску до серијата 7 на BMW, додека наведнатата линија на покривот потсетува на елегантниот Rolls-Royce Wraith со две врати.

Поставен на архитектурата Tuling Intelligent Chassis на Huawei, Maextro S800 е долг 548 cm, додека меѓуоскиното растојание е дури 337 cm. На пример, Rolls-Royce Ghost е 6,5 cm подолг од Maextra.

Засега не се знае многу за дизајнот на ентериерот, но единствената фотографија покажува ѕвездено небо на таванот на возилото, односно осветлување кое треба да ги симулира пространствата на просторот.

Моделот е опремен со системи Super Cruise, Super Maneuverrability, Super Awareness, Super Privacy, Super Communication и Super Protection. Сето тоа звучи одлично, но треба да видиме што прават сите овие системи.

Деталите за електричниот погон остануваат во тајност. Maextro ќе се појави на пазарот следната пролет, со почетна цена од еден милион јуани, што во превод значи приближно 135.000 евра.

Тие бројки го прават еден од најскапите автомобили произведени во Кина, но сепак е поевтин од европската конкуренција како Rolls-Royce или Maybach базиран на Mercedes EQS.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Суарез со два гола го „расипа“ дебито на Левандовски за Чикаго

Уругваецот, Луис Суарез го одбележа својот јубилеен, 100-ти настап за Интер Мајами со два гола и му го расипа дебито на Роберт Левандовски во дресот на Чикаго Фајар.

Суарез со два гола го „расипа“ дебито на  Левандовски за Чикаго

Тимот од Флорида победи со 3:2, иако играше без Лионел Меси.

Интер Мајами оствари важна победа во МЛС благодарение на одлично расположениот Луис Суарез, кој постигна два гола во триумфот над Чикаго Фајар (3:2).

Лионел Меси не беше дел од тимот од Мајами бидејќи сè уште престојува во родниот Росарио, каде што одмора по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство против Шпанија.

Уругвајскиот напаѓач го одигра својот 100-ти натпревар во дресот на Интер Мајами и го одбележа јубилејот на најдобар можен начин.

Прво, беше сигурен изведувач на пенали во првото полувреме, а потоа во остатокот од натпреварот уште еднаш ја затресе мрежата за водство на својот тим од 2:1. Сепак, Чикаго успеа да израмни и сериозно се закани со пресврт во неколку наврати.

Победата за Интер Мајами ја донесе младиот Престон Пламбек, кој во 85-тата минута го постигна решавачкиот гол за конечни 3:2.

YouTube video

Првиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр привлече големо внимание. Полскиот напаѓач, кој пристигна од Барселона ова лето по истекот на договорот, немаше забележителен настап и го напушти теренот околу 60-тата минута.

Беше воочливо дека тој сè уште се прилагодува на специфичниот ритам на МЛС, кој се одликува со брза и отворена игра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор

Еве кога започнува судењето на поранешниот претседател на Венецуела.

Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор

Екс претседателот на венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга повторно се појавуваат пред судот во Њујорк по обвиненија за трговија со дрога. Предложено е судењето на поранешниот претседател на Венецуела да започне во јуни 2027 година.

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро повторно ќе се појави пред судот во Њујорк; ова ќе биде негово трето рочиште по апсењето во јануари.

Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои се наоѓаат во притвор во Бруклин, се обвинети за трговија со дрога, поседување оружје и други кривични дела. Двајцата се изјаснија дека не се виновни, пренесува „Еуроњуз“.

Во судски поднесок доставен доцна во вторникот вечерта, обвинителството и одбраната заеднички предложија судењето да започне во јуни 2027 година. Се очекува судијата Алвин Хелерстајн да го потврди тој датум на процедуралното рочиште во среда.

Доколку поротата ги прогласи за виновни за учество во организирање шверц на кокаин во САД, на Мадуро и Флорес им се заканува доживотен затвор.

Обвинителите тврдат дека Мадуро се договарал со венецуелски полициски службеници за да им помогне на нарко-картелите да шверцуваат илјадници тони кокаин во САД. Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, најави дека ќе ја оспори законитоста на апсењето, кое го нарече „воено киднапирање“.

Одбраната истакна дека постојат сложени правни прашања што мора да се решат пред почетокот на судењето. Досега, Мадуро и Флорес не побарале пуштање со кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата

Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на  годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“.

Хрицова: „Охридско лето“  е жив тестамент за моќта на културата

Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира - Уметноста е љубов“.

Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето вдахновено музицирање, тие ги разбудија сите сетила кај љубителите на класичната музика кои го проследија концертот во црквата „Света Софија“.

Концертот долго ќе се памети заради врвната интерпретација на Моцартовиот гудачки квартет бр.15, но и на дела од словачките композитори Јан Левослав Бела, Иља Зељенка и Еуген Сухон. Привлечната и убаво селектирана програма се одржа во рамки на Словачката вечер на „Охридско лето“ која се организира со поддршка на Амбасадата на Словачка Република во земјава.

Амбасадорката на Словачката Република во РС Македонија, Ивета Хрицова, која првпат ја следи фестивалската програма откако минатата година е назначена на нејзината функција, нагласи дека концертот на уметниците од Словачката Република не е само уметничко доживување, туку, како што кажа, и почеток на уште поблиска соработка помеѓу двете држави.

-Фестивалот „Охридско лето“ е многу повеќе од една вечер за нас . Тој е жив тестамент за моќта на културата која ги дефинира луѓето, нациите и генерациите. Фестивалот е место каде што се среќаваат различни уметнички традиции, нагласи амбасадорката Хрицова.

Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар „Жилина“ (ШКО Жилина) е основан во 2024 година и оттогаш настапил на бројни концерти и значајни општествени настани, успешно претставувајќи висок уметнички квалитет и интересна драматургија, како во Словачка, така и во странство.Членовите на ансамблот настапуваат не само како камерен состав туку и одделно, како солисти со оркестарот во рамките на претплатничката сезона на ШКО Жилина.Концерт мајстор на ШКО Жилина е Роберт Копелман кој потекнува од Братислава од познато музичко семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер