Хуавеј гo лансираше 5 Г смартфонот на преклоп и уште пет нови производи на „Mobile World Congress 2019“ во Барселона - Канал 5

Хуавеј гo лансираше 5 Г смартфонот на преклоп и уште пет нови производи на „Mobile World Congress 2019“ во Барселона

За време на „Mobile World Congress 2019“ кој се одржа во Барселона, Хуавеј  лансираше повеќе производи, вклучувајќи го 5G смартфонот на преклоп.

Хуавеј гo лансираше 5 Г смартфонот на преклоп и уште пет нови производи на „Mobile World Congress 2019“ во Барселона

„HUAWEI Mate X“, „HUAWEI 5G CPE Pro“, првиот производ со „Balong 5000“ чипсет, како и „HUAWEI MateBook X Pro“, лаптопите „HUAWEI MateBook 13“ и „HUAWEI MateBook 14“.

Одразувајќи ги истите карактеристики од HUAWEI Mate серијата, HUAWEI Mate X претставува патување во непозната територија. HUAWEI Mate X комбинира 5G технологија, екран на преклоп, вештачка интелигенција и целосно нов начин на поврзување кој им обезбедува на потрошувачите досега невидено корисничко искуство.

Како резултат од храбрите експерименти на Huawei со нови фактори за форматирање на паметни телефони, паметниот телефон и таблет, HUWAEI Mate X се одликува со флексибилен OLED панел и Falcon Wing Mechanical Hinge. Лесниот паметен телефон на преклоп го прикажува новиот Interstellar Blue бран кој ја прикажува убавината на технологијата и поставува повисоки стандарди за идните паметни телефони.

Флексибилниот OLED FullView дисплеј на преклопување и најбрзиот 5G чипсет Balong 5000 се комбинираат за да испорачаат нов начин на поврзување, во кој големиот екран и лесната преносливост коегзистираат во хармонија.

Водечките паметни телефони на Huawei секогаш доаѓаат со моќни камери, а HUAWEI Mate X не се разликува од нив. Дизајнот на преклоп овозможува системот на камерата да ја игра улогата и на предна и на задна камера, што резултира со револуционерно фотографирање.

Батеријата од 4,500mAh со висок капацитет, која поддржува HUAWEI SuperCharge, е спакувана со HUAWEI Mate X, исполнувајќи ја побарувачката за поголеми перформанси на батериите во 5G ерата.

Huawei го претстави и HUAWEI MateBook X Pro, првиот FullView лаптоп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер