Планот е да се произведат 150 модели во погонот во Света Недела недалеку од загреб.
Како што пишува „Индекс“, ваков автомобил кој доаѓа од малата Хрватска, за која, да го нема туризмот, веројатно никој не би знае, доби внимание и пофалби од светските медиуми, но како што обично е пракса, и големи критики во Хрватска.
На критичарите им смета најмногу цената, па големиот број на коментари кои го критикуваат Римац бидејќи прави автомобили кои не може да си дозволи “обичниот човек“.
Како што наведуваат, обичниот човек не може да купи ни прекуокеански брод, а сите плаќаат за бродоградилиштата, во кои се “трошат милијарди јавни пари“.
Поради тоа јавноста во Хрватска се прашува, за што служи овој “ѕвер“, каде ќе се вози и за кого е наменет, пренесува „Индекс“.