МакедонијаХрватскиот печат во 1928.: Само со задоволување на националното право на Македонците, ќе исчезне политичкиот 'Гордиев јазол' во МакедонијаВо април 1928 година, Словенецот Антон Корошец - тогашен претседател на Владата на СХС има свое службено „инспекциско патување“ низ земјата. - Во 1920-тите, Вардарскиот дел на Македонија е во состав на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци (СХС), каде што Македонците, Турците, Албанците и некои други етнички, национални и верски заедници - не се признати ниту како малцинства, ни како какви било одделни ентитети. Таа официјална државна политика значи насилно менување на идентитетот (и националниот и личниот), асимилација на непризнатите етнички заедници, неслобода, прогон, непочитување на националните права, но и воопшто - на човековите права. Сѐ тоа повлекува отпор кон таа државна политика. Тука ќе проследиме една статија којашто го отсликува тој отпор. Во април 1928 година, Словенецот Антон Корошец - тогашен претседател на Владата на СХС има свое службено „инспекциско патување“ низ земјата. По тој повод, во „Хрватски лист“, на 28 април е објавен напис, а веќе на 1 мај истиот е преземен од весникот „Македонија“ на Задграничното претставништво на ВМРО. Насловот на написот е „Хрватите и Македонија“. Авторот уште во самиот вовед од статијата констатира: „Македонското прашање може да биде разрешено само преку задоволување на националното право на Македонците - кога и ќе исчезне политичкиот 'Гордиев јазол' во Македонија.“ Весникот „Македонија“ е издаван во Софија, Бугарија, на тамошниот официјален државен јазик. Според државната политика и доктрина, македонскиот пишан јазик не бил дозволен. Познато е во историјата: Во ВМРО-Автономистичка под водство на Тодор Александров, но и во другите организации на македонската интелигенција има малубројни, но влијателни про-бугаристички елементи. Тоа се оние интелектуалци, но и помалку образовани луѓе кои произлегле од бугарскиот црковно-образовен систем, образувајќи ја својата личност и идентитет согласно бугарската национална доктрина. Истовремено и напоредно, како и порано, во и вон ВМРО се забележуваат и про-македонски и македонски национални пројави. Македонската и про-бугарската идеја и тогаш се разидуваат, но во овој тогашен историски контекст не биле дотолку спротивно-поставени, главно поради неколку причини. Како прво, зашто имаат заеднички непријатели - агресивната великосрпска политика, грчката политика на прогон во Беломорска Македонија и Беломорска Тракија; тука се и неповолните меѓународни геополитички состојби и услови; но и македонската национална идеја сѐ уште нема своја правно-институционална подлога и поткрепа за рамноправно да се бори против сите сопернички идеологии итн. Самиот Александров, според историските извори, во еден дел од својот живот е лојален кон бугарскиот двор. Но, особено во годините пред да биде убиен, најистакнатиот тогаш предводник на ВМРО сѐ почесто говори за „национално македонско движење“, т.е. конечно - за одделна и засебна македонска нација, која „нема да прифати да биде управувана од Срби, Грци или Бугари“, како што токму Александров вели за лондонскиот весник „Тајмс“ во 1923. и '24 година. Во тој контекст, во јануари 1923. ВМРО-Автономистичка го извршила колежот врз 20-тина новодоселени Срби кај селото Кадрифаково што се наоѓа меѓу Свети Николе и Штип, по коешто српската милиција во март убива 29 македонски селани во с. Гарван близу Радовиш. Со тоа, всушност, се актуелизирал проблемот со човековите права и крајно неповолната положба на Македонците, како и македонското национално прашање во СХС. Анте Цилига новинар, политичар и писател од Хрватска (инаку оженет за прилепчанка), во загрепскиот весник „Борба“, во август 1923., пишува: „Во словенските племиња што живеат во Југославија, спаѓаат уште и Македонците. Тие низ целиот XIX век се развивале како самостоен народ. Сите усилби на српската буржоазија да ги србизира досега се без успех. Тие претставуваат одделен национален ентитет и ним треба да им се признаат сите права што произлегуваат од тоа. Нашето движење згреши што уште во 1919. не почна да издава печат на македонски јазик за македонското население. Треба да се настојува и за отворање училишта на македонски јазик. Населението пак, самото нека си избира дали сака да ги праќа децата во училиштата, да учат на српски јазик, или пак, на наставен македонски јазик.” Историчарот Никола Жежов аргументира дека, суштински, ВМРО според документите не била ништо друго, освен македонска организација којашто се борела за ослободување на Македонија и нејзино конституирање како автономна или независна држава. - Во своите програмски документи: Устав, Статут и различните правилници, ВМРО како македонска организација, без разлика на временскиот период и различните идејни теченија, имала само две решенија за македонското прашање: автономна Македонија во природните, економските и етногеографските граници како што ги сфаќале и подразбирале во нејзиното раководство и независна Македонија во нејзините природни, економски и етногеографски граници. Други решенија за Македонија и македонското прашање, според програмските документи, не биле предвидени. Затоа, не изненадува фактот што во весниците на ВМРО по 1920 година на македонското прашање му се давало и државен и национален карактер. Авторите на разни статии во двата весника „Слобода или смрт“ и „Револуционерен лист“ кои припаѓале на различните организации со исто име, пишувале на теми кои отворено го промовирале македонското прашање и како македонско национално и како македонско државно прашање. Дури, покрај меѓусебните вербални напади, двете организации со името ВМРО во овој временски период се натпреварувале кој повеќе ќе се дистанцира, официјално, од бугарската политика кон Македонија, изјави Жежов. Георги Попхристов е сличен профил на Александров, и е еден од водачите на ВМРО. Во своите „Спомени“, тој вели: „Делото на ВМРО треба да се создава внатре во Македонија - на македонска почва, и да ја запази својата самостојност. Тоа мора да биде далеку од секое влијание. На бугарска територија - ВМРО не треба да постои.“ - На Шестиот конгрес на ВМРО во 1925 година, во своите програмски документи, оваа македонска организација од страна на делегатите изгласала нова цел: создавање на независна Македонија, при што во Уставот била објавена и карта со границите на независната македонска држава. По внатрешните поделби во 1928 година и двете организации го задржале лозунгот и програмската цел за создавање на независна Македонија во нејзините етногеографски граници. Во однос на тоа меѓу нив не постоела никаква разлика. Борбата и меѓусебните убиства се случувале заради престиж и правото кој да раководи со македонското револуционерно движење и посебно со ВМРО. Фактички, меѓусебните физички ликвидации одземале најголем дел од енергијата и членството на двете македонски организации. Стотици членови на ВМРО-протогеровистичка и ВМРО-михајловистичка загинале во безмилосната истребувачка војна меѓу себе, нагласи Жежов. Меѓу 1919. и ’29 година, во Вардарска Македонија се забележани околу 1.400 убиства од српските власти врз потчинетото население и најмалку 25.000 уапсени и затворени. Репресиите и убиствата се последица, делумно, на атентатите на ВМРО. Во 1926., убиен е Спасоје Хаџи Поповиќ - уредник на весникот „Јужна Србија“ и главна перјаница на велико-српската доктрина во Македонија. Во 1927., трае неславниот „Скопски судски процес“, па Мара Бунева во јануари ’28. година го убива обвинителот Велимир Прелиќ. Околу два месеци претходно, Хипократ Развигоров го убил и српскиот генерал Михајло Ковачевиќ. Конечно, во 1934. Владо Черноземски извршил атентат и врз српско-југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. Хаотично е и во самото државно Собрание во Белград. Во август 1928. Црногорец - приврзаник на српскиот крал го убива Стјепан Радиќ (лидерот на Хрватската републиканска селанска партија - ХРСС) и неколку негови сопартијци. Инаку, Радиќ имал блиска соработка со, како што самиот вели - „македонската национално-револуционерна“ ВМРО. Во српскиот весник „Време“, тој во своја статија пишува: „Зарем ХРСС не беше во договор со Косовскиот комитет и Македонска револуционерна организација. Тоа јасно се гледа од прогласот на бугарските комунисти, кои по убиство на Т. Александров, го објавија во софискиот весник ’Независимост‘, од којшто го пренесуваме следново: Тешката борба што ја водат албанскиот, македонскиот и хрватскиот народ ги зближи тие народи во нивните национално-револуционерни организации - Косовскиот комитет, Македонската револуционерна организација, ХРСС и останатите помали групации. Тие организации долго се договараа за заедничка борба и на крајот се договорија...” Сѐ ова јасно покажува како македонската национална идеја преовладува во одредени клучни временски точки, каква што е 1928 година. Следат извадоци од написот за службеното патување на југословенскиот премиер Корошец истата година. Занимливо е што овој напис е објавен во весникот на „протогеровистичкиот“ огранок на ВМРО. Дотогаш, и пред убиството на Александар Протогеров - неговите приврзаници и оние на Иван - Ванчо Михајлов веќе се поларизираат. Меѓутоа, двете доктрини го добиваат својот полн облик дури по убиството на генерал Протогеров, по што следат и стотици други меѓусебни убиства. Во написот читаме: „Што сакаат Македонците? Тие тврдат дека се одделен народ со сите етнолошки особености, и тие тоа постојано го истакнуваат во својот печат којшто излегува в туѓина, како и со своите политички и национални стремежи, коишто сите ние треба да ги прифатиме како оправдани.“ Говорејќи за „Ванчомихајловистите“ и „Протогеровистите“, Жежов појаснува оти и двете групи, пред јавноста, пред членството, се обидувале да докажат дека тие самите се наследници на предилинденската ВМРО и дека противничката организација го узурпирала името на Организацијата. - Во основа, ова прашање се однесува на две различни организации, со различни централни комитети, но со исто име: ВМРО. Приврзаниците на убиениот Александар Протогеров во 1928 година се приклониле кон ВМРО-протогеровистичка, а приврзаниците на Ванчо Михајлов кон организацијата ВМРО-михајловистичка. Додавките „протогеровистичка“ и „михајловистичка“ се употребуваат за да се прави разлика помеѓу двете организации, иако нивното членство никогаш не ги употребувало. Во ВМРО-протогеровистичка се групирало поголем дел од старото членство, постари македонски револуционери, интелектуалци и приврзаници на Задграничното претставништво на ВМРО. Приврзаниците и членството на ВМРО-михајловистичка биле Македонци од новата, помлада генерација која повеќе го практикувала терористичкиот метод на борба и се противела на дејствувањето со поголеми комитски чети на територијата на Македонија, образложи Жежов. Наум Томалевски, еден од главните идеолози на „Протогеровистите“, искажувал и про-бугаристички и про-македонски ставови, во зависност од дадените услови и тактиката. Написот од 1928. натаму нагласува дека методите на дејствување на Македонците се радикални и подрастични од другите сепаратистички пројави во Кралството СХС, со „сестрана пропаганда и политичка организација од најшироки размери“, но дека сѐ тоа е реакција на акцијата (конкретно, од страна на српските власти) да го запрат „националното воскресение на Македонија и македонскиот народ“... Бидејќи: „Проблемот околу политичката и националната предодреденост во Македонија не ќе се разреши ниту со најстрашните полициски мерки, ни со затворање новинари, ни со прогонување на месното население и напоредна внатрешна колонизација, ниту со менување на презимињата со наставката '-иќ' (-ић), ни со политичката борба меѓу партиите за што повеќе приврзаници и злоупотребите потоа... Се знае дека Македонците прецизно го поставуваат своето политичко барање во однос на Македонија, а на прво место, тоа е - да се признае нивната национална посебност.“ Токму затоа авторот смета дека „прашањето за Македонија е голем национален проблем“, којшто е во спрега со административното уредување на државата. „Само ако разумно го поставиме државниот интерес над извесни национално-шовинистички кругови - нема да ни треба нов Александар Македонски, бидејќи во Македонија веќе нема да постои овој 'Гордиев јазол'," се истакнува на крајот од написот. Истата 1928 година, две години пред „Ванчомихајловистите“ да го убијат, Томалевски вели: - Македонскиот бунт на Илинден е најмоќната пројава на македонскиот дух во борбата за политичка и национална слобода на Македонците. И денес се организираат народните сили чекајќи го мигот за општонароден бунт, се будат борците на македонската слобода, за една нова, втора македонска народна револуција. Спротивно од сѐ тоа - следната 1929 година кралот Александар I воведува лична диктатура и тоталитаризам со многу монархо-фашистички елементи во Кралството Југославија. Следи и новата територијална поделба врз основа на бановини, којашто значела и забрана за етно-националните имиња и бришење на националните граници. Така, целиот Вардарски Дел на Македонија, заедно со делови од денешна јужна Србија, влегол во новата административно-територијална единица именувана како „Вардарска Бановина“. Тагови: Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter