БалканХрватскиот министер ја предизвикал сообраќајката, во која загина татко на две деца Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утринава предизвикал сообраќајна несреќа во која загина едно лице, потврдија од ДОРХ.Министерот управувал со лично возило кое се судрило со комбе. Како што се дознава, Баножиќ тргнал на лов кога се случила несреќата. Во несреќата загина 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Баножиќ го престигнал камионот во густа магла и директно се судрил со комбето, кое доаѓало од спротивната насока, потврди ДОРХ. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковац во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек било пријавено дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот. Жупаниското државно обвинителство (ЖДО) во Винковци се огласи во врска со сообраќајната несреќа на министерот Баножиќ. Билјана Лубуриќ, заменик државен обвинител, изјави дека ЖДО, во соработка со полицијата и експерт, констатирале дека 44-годишен хрватски државјанин возел од правец на Винковци и почнал да престигнува камион без да провери дали може да го направи тоа безбедно, а тоа резултирало со судар во комбе кое се движело од спротивна насока. „Возачот на комбето загина, додека возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Винковце, а подоцна и во Осиек“, додаде таа. Таа изјавила дека земале примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но резултатите се уште ги немаат. Таа не можела да открие со која брзина се движел министерот Баножиќ или во која насока ќе оди извештајот. Потврди дека двајцата возачи биле врзани и дека имаат еден сведок, камионџијата, кој бил сослушан. Што се однесува до присуството на воената полиција, вели дека секогаш треба да биде присутна кога има несреќа на воено лице, но тие не влијаат на истрагата, објави хрватски Индекс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПоловина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблициШокантни бројки од системот „безбеден град“- над 310 илјади прекршоци биле снимени од камерите на МВР од февруари кога се пуштени во употреба до завчера, а 97 отсто се за надминување на брзината. Податоците на полицијата покажуваат дека дури повеќе од половина, над 180 илјади се направени од возила со странски таблици, оние кои почнаа да се наплаќаат пред три дена на Табановце. -Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19 до 20 август оваа година, регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. - Гоце Андреевски – портпарол на МВР За разлика од претходните денови, од МВР информираат дека сообраќајот на Табановце сега е нормализиран, без поголеми задржувања. Ова според нив се должи на апликацијата преку која сега странците може да си ги плаќаат казните електронски, а истата се најавува дека наското ќе важи и за возачите од земјава. Системот за наплата на казните ќе се надградува и на другите граници, не само на Табановце, каде што деновиве особено кај бројните српски државјани се создаде револт бидејќи чекаа во редици за да платат пред да излезат од Македонија. Наспроти нервозните патници, на социјалните мрежи кружи и видео од оро за кое се тврди дека се Срби кои играат додека чекаат на граница. Покрај со парични казни, оние кои сториле поголеми прекршоци во македонскиот сообраќај одговараат и кривично. Вчера на Табановце бил лишен од слобода 35 годишен државјанин на Холандија кој од камера на „Сејф сити“ бил фатен дека со порше вози 168 километри на час, на пат кадешто е дозволена максимална брзина е 80км/ч. Од МВР информираа дека тој ќе добие кривична пријава за делото „безобзирно управување со моторно возило“. Освен преку камерите, полицијата казнува и на терен- синоќа во акција за само седум часа санкционирани се 262 возачи, од кои 102 биле на мотори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска трескаЗападнонилската треска ја зеде и петта жртва во Македонија. Станува збор за 73 годишне маж, кој имал и други придружни болести. Информацијата пред малку на прес конференција ја соопшти директорот на инфкетивната клиника д-р Фадиљ Цана. Ја следеше Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Дали се познати причините за смртниот исход кај пациентот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКолку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет.Колку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Прашањето деновиве повторно го актуализираа лидерите на политичките партии кои изразија подготвеност за изборно соочување, но засега никој не сака да иницира предвремено гласање. Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет поради важноста на техничката влада уште на овие парламентарни избори. „Не гледам логика, ниту пак термин тие да се одржат во текот на оваа година. Единствен логичен термин е пролет 2027 кој се шпекулира веќе подолго време, имајќи предвеид дека поради фактот што и овој пат останува пржинската влада потребни се сто дена за техничка влада, така што тешко е сето тоа да се случи наесен, а и на зима тешко се одржуваат избори затоа што некои села остануваат непристапни“– Петар Арсовски, политички аналитичар „Доколку се одржат евентуални предвремени избори тоа ќе биде напролет бидејќи се уште важо законот за т.н техничка влада. Доколку се одржат кон крајот на оваа година веќе на почетокот на септември мора да имаме согласно законот и Уставот пржинска влада – со технички премиер и минстри од редовите на опозицијата, но такво нешто засега не гледаме“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар Можен повод за предвремено изборно соочување Арсовски гледа во евентуална внатрешна или надворешна криза, а според Атанасовски искуствата во политиката досега покажале дека предврмени избори може да се случат и без поголем и кокретен мотив. Според него клучот за нивно одржување сепак е во рацете да на владеачкото мнозинство. „Доколку нема вистински контекст, односно доколку нема вистинска политичка ситуација или проблем кој едиснтвено се решава со предвремени парламентарни избори, најголем дел од гласачите ќе ги оцентат таквите избори само како полтички маневар. И тоа е во моментот борбата на политичките партии кој ќе биде условно виновник за одржување на предвремени избори. Може да се случи некаква политичка криза, блокирање на Собранието. Може да се счучи некаква внатрешна коалициска препирка во рамки на валдечката коалиција или некаква надворешна политичка криза – да речеме уставни измени или притсиок од ЕУ.“ – Петар Арсовски, политички аналитичар „Може тие да бидат предизвикани од некаков договор меѓу валста и опозицијата или фрлена ракавица од опозицијата кон власта, под услов власта веднаш да прифати. Во Македонија воопшто не ме изненадува и да нема некоја особена и значителна политичка причина или да нема некоја безбедносно – општествена или политичка криза за да се распишаат нови предвремени парламентарни избори“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар Премиерот Мицкоски деновиве порача дека доколку бидат предзвикани од опозицијата ќе прифатат предвремени избори, но Филипче вели дека тој нема да биде алиби за нивно одржување и дека СДСМ нема да ги иницира. Влен досега не се изјасниле. Единствено опозициската ДУИ отврено бара веднаш да се распушти Собранието и да се определи датум за предвремено изборно соочување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter