Хрватски земјоделци утре ќе протестираат за поддршка на нивните германски колеги

 Хрватските земјоделци од источна Хрватска, утре ќе протестираат поради состојбите во земјоделскиот сектор и во знак на поддршка за германските земјоделци кои протестираат, јавија хрватските медиуми.

Протестот го организира поранешното здружение на земјоделци „Бразда“.

Организаторот истакна дека причина за протестот е актуелната состојба во земјоделскиот сектор во Хрватска, што „е оптоварен со многу проблеми“, како и желбата да им се изрази поддршка на германските земјоделци кои протестираат.

Дебатата за употребата на пестициди е жешка откако во Брисел беа претставени плановите за значително намалување на нивната употреба. Во летото 2022 година, Европската комисија претстави законски предлог кој, меѓу другото, има за цел да ја намали употребата и ризиците од хемиски пестициди за 50 проценти до 2030 година. Во Германија, предлогот ги донесе земјоделците на улица минатата година.

„Протестот се организира поради проблемите што ги создава Заедничката земјоделска политика (на Европската унија), главно поради незадоволството од начинот на кој се користи државната фарма, увозните политики итн.“, објаснија органзиаторите.

Демонстрантите планираат да ги блокираат патиштата околу градот Ѓаково, како и самиот град, со трактори и друга земјоделска механизација.

Предлогот на Европската комисија за 2022 година се соочува со противење од неколку земји-членки на ЕУ. Додека некои ја препознаваат важноста на мерките за заштита на животната средина, други се вознемирени од влијанието врз нивните индивидуални земјоделски сектори и врз европската безбедност на храната како целина.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер