Хрватски наркобос, по апсењето во Истанбул, е депортиран во затвор во Сплит (ВИДЕО)

Хрватскиот наркобос Ненад Петрак е депортиран од Турција, откако неодамна беше уапсен во хотелска соба во Истанбул.

Според потерницата на Интерпол, Петрак е вмешан во голема трговија со дрога.

Петрак турската полиција го уапсила пред десетина дена во Истанбул, а полицијата го сомничи за учество во меѓународен нарко картел кој пренесува дрога од Јужна Америка во Европа. Полицијата претходно извести дека апсењето на хрватскиот нарко бос следело по апсењето на 21 негов соработник во октомври 2023 година.

Тој утринава нешто по три часот пристигнал во затворот Билице во Сплит, пренесува Далматински портал.

На Петрак му е одреден притвор за случајот со ранувањето на Јосип Чубалиќ Чуба, што се случило во април годинава во Скалице.

Петрак сега е првпат под истрага во ДОРХ за тој случај, а се очекува и во УСКОК кој води истрага против него поради сомнение дека формирал криминална организација која се занимавала со шверц на големо со кокаин и марихуана, пишува порталот Далматински.

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 септември 2024 година, а неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход...

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници за долгови доспеани до 30 септември 2024 година, а неплатени до 31 декември 2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници, која е јавно достапна на веб страницата на УЈП, има 1962 правни лица што е помалку за седум должници од претходната листа и 3915 физички лица односно повеќе за 69 од претходната листа.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 11.509.677.366 денари, односно за 309.353.404 денари повеќе од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, поточно за 268.957.462 повеќе од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 177.189.227 денари или за 40,395,942 повеќе од претходната листа.

Папата Франциск ги минимизира здравствените проблеми во новата книга: „Добро сум“

Папата Франциск, кој минатиот месец наполни 88 години и поради настинка побара од помошникот да прочита поголем говор, во новата книга вели дека се чувствува здрав и дека не планира да се повлече од функцијата.

„Добро сум“, пишува Папата во автобиографијата што во вторникот излезе во продажба во повеќе од 100 земји. „Реалноста е, едноставно, дека сум стар“, додава тој.

Папата, кој сега често користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот, вели: „Со црквата управуваат главата и срцето, а не нозете“.

Франциск, по потекло од Аргентина и првиот папа од Латинска Америка, ја раководи црквата со 1,4 милијарди членови од 2013 година.

Во последните две години неколку пати имал грип. Тој исто така имаше операција во 2021 година за да се справи со болната состојба наречена дивертикулитис, и повторно во 2023 година за хернија.

„Секогаш кога папата ќе се разболи, секогаш изгледа како да дуваат ветрови на конклава“, вели Франциск во книгата, мислејќи на тајната средба на католичките кардинали кои еден ден ќе го изберат следниот понтиф.

„Реалноста е дека ниту на денот на операцијата не размислував да дадам оставка“, вели тој.

Новата книга, насловена „Надеж“, е втора од двете книги на Папата за две години, по мемоарите објавени во март 2024 година.

Мондадори, италијанскиот издавач на книгата, рече дека Франциск првично планирал новата книга да биде објавена по неговата смрт, но сепак одлучил да биде објавена за време на тековната католичка света година, која исто така се фокусира на темата на надежта.

Во книгата од 303 страници, Папата се осврнува на неговиот живот во Буенос Аирес, на неговата епископска кариера во Аргентина и на некои од одлуките што ги донел како поглавар на светската католичка црква.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во водите на Охридското Езеро за Водици.

Архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан ќе раководи со чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление.

Архиепископот Стефан ќе го положи Светиот крст во езерото кај Градското пристаниште во Охрид, пред традиционално голем број верници и оние што ќе влезат во студените езерски води.

Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари. Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи, но ќе има и сенародна веселба во организација на локалната самоуправа.

За добро празнично расположение на Водици се задолжени Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата „Де-Ен-Ка“, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“, додека за утредента кога се празнува Денот на рибарите за забава се ангажирани членови од охридскиот музички еснаф.

притисни ентер