Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак - Канал 5

Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија. 

Хрватски искуства за македонскиот европски пат – средба на Филипче со Дробњак

На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата.

Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната политичка состојба во државата, како и на стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија. Тој ја истакна потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека реформите и добрососедските односи остануваат клучни предуслови за напредок на земјата на европскиот пат.

Посебен акцент во разговорот беше ставен и на отворените прашања со соседна Бугарија, при што беше нагласена важноста од продолжување на дијалогот и изнаоѓање решенија кои ќе придонесат за деблокада на процесот и одржување на европската перспектива на државата.

Соговорниците разговараа и за политиката на проширување на Европската Унија, не само кон регионот на Западен Балкан, туку и пошироко, во контекст на актуелните геополитички предизвици и потребата од зајакнување на европската стабилност и безбедност. Дробњак ги сподели искуствата на Хрватска од преговарачкиот процес, посочувајќи дека политичката посветеност, институционалните реформи и јасната европска визија се од суштинско значење за успешно завршување на пристапните преговори, а ја нагласи и хрватската поддршка за нашата земја на патот кон Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер