Хрватската старлета тврди дека зборувала со Тесла, фановите плаќале за да го чујат разговорот

На социјалните мрежи кружат објави во кои хрватската старлета Ава Карабатиќ се фали дека разговарала со Никола Тесла, и дека заедно направиле нов изум.

Таа објави на својот Инстаграм профил и „допишување со Тесла“, за да ги поткрепи тврдењата, а попатно ги повика фановите да се претплатат на нејзиниот канал на сајтот „Only Fans“, каде наводно ќе ги чујат разговорите.

„Зборував со Никола Тесла на мобилен, човекот има далматински нагласок, мислам дека сепак е Хрват, не сакаше да ми открие, но затоа подготвивме одличен изум“, напиша Ава во нејзината објава.

Овие бизарни тврдења, всушност вродиле со плод, судејќи по тоа што Карабатиќ подоцна го напиша.

Таа објави дека дури 93 фанови се претплатиле на нејзиниот „Only Fans“ канал за да го видат разговорот со Никола Тесла, и дека заработила 3.25 долари. Во објавата таа им се заблагодари на сите што уплатиле пари.

Николоски: Поради неспособноста на Заев милиони тони грозје скапува по нивите, ВМРО-ДПМНЕ бара организиран државен откуп на истото

Благодарам прво за присуството, вечерва сме тука во Сопот. ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија и како најголема пратеничка група во Собранието е повторно меѓу народот.

Ние сме една поразлична опозиција. Но, опозиција која што е цело време со луѓето, и со маките на луѓето. Ја слушнавме маката на лозарите, и на земјоделците од целиот Тиквешки регион. И затоа вечерва дојдовме да поразговараме со нив.

Маките се огромни, маките кои што ги слушаме од луѓето навистина се болни и навистина е жално да се види и да се слушне дека целиот род останува неоткупен.

Зелената мафија царува и во откупот на грозјето, за ова зборувавме пред изборите и бевме јасни дека ова ќе се случи доколку СДСМ остане на власт. За жал коалицијата на СДСМ и ДУИ остана на власт. И имаме огромен проблем со откупот на грозје. Само во Сопот каде што сме вечерва остануваат неоткупени помеѓу 9 и 12 милиони тони грозје, што значи скоро целокупниот род.

Владата на чело со Зоран Заев се што вети излажа. Ветија гарантирани откупни цени над 9 со 11 денари, а во моментов откупните цени за тие што имаа среќа да го предадат грозјето се сведени на 2 со 4 денари. И тука субвенциите не помагаат ништо. Затоа што производната цена на грозјето е 15 денари, а се откупува со 2 со 4 денари, таму каде што имаат среќа лозарите да го предадат.

Најголем дел воопшто не можат да го предадат затоа што воопшто нема откуп.

Заради овие причини, две работи предлагаме. Прво, Комисијата за земјоделие во рамки на Собранието предводена од Љупчо Димовски кој што е вечерва со нас, побара во поддршка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата организирање на надзорна расправа во Собранието, за состојбата во лозарството и откупот на грозјето. Таа надзорна расправа ќе се случи следната недела и на неа очекуваме сите надлежни од Владата да дојдат и да се соочат со земјоделците, да се соочат со нивниот гнев и мака. И заеднички да се најде решение доколку е тоа возможно.

И второ, основното барање кое што го има ВМРО-ДПМНЕ до владата е да се направи организиран државен откуп на целокупното грозје кое што не е откупено. Државата има можност, има сили и има простор во буџетот. Да не се купуваат 50 луксузни автомобили, туку да се откупи целокупниот род на грозје кое што останува по нивите оваа година во Тиквешко и цела Македонија, затоа што немаат слух за маката на земјоделците.

Значи бараме организиран државен откуп, државата да го откупи грозјето кое што останува неоткупено.

Ќе продолжиме со овие активности и со средби луѓето. Револтот е голем ќе не има секаде во Тиквешијата, ќе не има на улиците заедно со луѓето, ќе не има и по нивите, ќе не има пред винариите, ќе не има пред надлежните институции. Заедно со луѓето да најдеме решение за оваа мака која што ги задеси, а за која што е виновна старо – новата крими коалиција СДСМ/ДУИ.

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Видео: ЛА Лејкерси на чекор до НБА финалето

Кошаркарите на Ла Лејкерс по трет пат во конференциското финале на Западот  го совладаа тимот на Денвер.

Лејкерси утринава во четвртиот меч од финалната серија беа подобри од Денвер со 114-108 за водство од 3-1 во победи.

Со денешниот триумф фаворитот од Ел Еј на на чекор до нови големо финале во најсилното светско кошаркарско првенство.

Ол Стар центарот на Лејкерси , Ентони Дејвис повторно беше кобен за тимот на Денвер. Дејвис беше незадржлив и со 34 постигнати поени беше најефикасниот поединец на мечот.

Од друга страна неговиот директен противник Никола Јокиќ немаше свој ден, и дуелот го заврши со занего скромни 16 поени.

Џамал Мареј постигна 32 коша што сепак беше недоволно за победа над расположените „езерџии“ .

Фановите на Денвер сметаат дека и во четвртиот меч Лејкерси ја имале помошта од судиите. Според нив клучниот миг на дуелот се случил во финишот на средбата кога судиите не виделе очигледен фаул на Леброн Џејмс над Џемал Мареј при резулат 105-102.

Во редовите на Лејкерси покрај Дејвис одличен меч одиграа и Леброн Џејмс со 26 поени, 9 скока и 8 асистенции и Двајт хауард со 12 поени и 11 скока.

Србите на Косово со благодарност до Трамп: „Езеро Трамп“ и „Мост Трамп“ на Газивода

Србите на северот на Косово и Метохија денеска на Брњачки мост, што ги поврзува Белград и Приштина, и на браната на езерото Газивода поставија големи транспаренти кои му пратија порака со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како причина за тоа ги наведоа заложбите на Трамп во борбата за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Србија и Косово.

На мостот осамна транспарент со порака на англиски „претседателе Трамп, косовските Срби ви се благодарни на тоа што носите мир“.

Пораката на браната на езерото Газивода, пак, гласи „Езеро Трамп“.

Една од точките на договорот на страните потписнички на документот е да работат на студија во насока на заедничко користење на езерото Газивода како извор за снабдување со вода и енергија.

притисни ентер