Шоу бизХрватската полиција повторно го казни Сергеј Трифуновиќ, никогаш повеќе во СплитСрпскиот актер Сергеј Трифуновиќ повторно се огласи откако три пати беше приведен во Сплит, казнет поради наводна навреда на полицаец, но и поради чување куче без надзор. Актерот на својот Инстаграм напиша дека бил апсен три пати за 30 часа, како и дека бил изложен на психофизичко малтретирање, јави дописникот на МИА од Белград. -Им благодарам на хрватските полицајци на граничниот премин Бајаково, за нивната љубезност и навистина прекрасен третман. На нивните колеги од Сплит, за трите апсења за 30 часа, психичко и физичко малтретирање и изнуда од над илјада и петсто евра. Се надевам дека ќе ги искористите тие пари за да си сошиете нови, убави, црни униформи по моделот на Франтиќ и дека на вашите мајки, на кои во оваа прилика им се посе*** според членовите 5, 17 и 36, конечно ќе бидат задоволни од своите примитивни копилиња. Знам дека ви е жал што не успеавте да ми ја отворите Лора среде ноќ и да го покажете мерачот на струја. Сега, влашки брбонци, слободно издадете уште една потерница. Доколку Пленковиќ и Вучиќ го потпишат договорот за екстрадиција, нарачајте ми ја задницата по пошта. Дотогаш се гледаме во Грција. Ако не, тогаш во Блајбург. Ќе бидеме на истите страни како тогаш, напиша Трифуновиќ на својот Инстаграм профил. Според медиумите, Трифуновиќ бил на плажата Каштелет во Сплит со германски овчар, што им пречело на некои посетители на плажата, поради што бил пријавен во полиција. Кога се појавиле органите на редот, Трифуновиќ наводно ги навредувал, а потоа бил приведен. По повод овој инцидент, српскиот актер даде изјава за Слободна Далмација. -Уште ме дрндаат, еве ме во полиција. Брату, јас отидов на пливање со кучето, пливавме во море, некоја луда жена пријави, оти веројатно се плаши од кучето. Уште ми рече зошто кучето не е на поводник, па како ќе биде кога плива со мене во море, е****! И така многу глупости. Не можам повеќе да зборувам, нервите ми се..., изјави Трифуновиќ за хрватскиот весник. Тој на својот Инстаграм претходно напиша -„Вознемирувањето што го преживеав денес, никогаш никаде го немам доживеано. Да го парафразирам Оливер Драгојевиќ - никогаш повеќе нема да дојдам во Сплит“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter