Хрватска во последните 10 години загубила 10% од своето население, покажа пописот

Хрватска загуби близу 400.000 луѓе или речиси 10 отсто од населението во изминатата деценија поради емиграцијата и ниската стапка на фертилитет, според прелиминарните резултати од пописот во 2021 година објави од државната новинска агенција Хина.

Населението на Хрватска изнесувало вкупно 3,9 милиони на 31 август 2021 година, што е помалку од 4,3 милиони во 2011 година, Хина ја цитира главната директорка на агенцијата за статистика Лидија Брковиќ.

Најголемиот егзодус на населението е забележан во источна Хрватска, а најмал во главниот град Загреб, покажале бројките.

Агенцијата не соопштила каде отишле оние кои емигрирале, но на Хрватите им било многу полесно да живеат и работат во други земји на Европската унија откако нивната земја се приклучи на блокот во 2013 година.

Брковиќ рече дека пописот е првиот дигитален попис во Хрватска, на кој учествувале 40 отсто од населението и се покажал многу ефикасен поради ограничувањата на движењето за време на пандемијата на коронавирус.

Северина објави ново селфи, фановите велат дека изгледа како да има 20 години

Северина Вучковиќ во април оваа година ќе напочни 50 години а таа со новото селби докажа дека годините за неа се само бројка.

Пејачката на Инстаграм објави нова фотографија на која позира во природно издание и ги воодушеви своите фанови.

Северина доби бројни комплименти на сметка на својот изглед.

„Изгледаш како ида имаш дваесет“, „Ти си како вино“, „Прекрасна си“, Прекрасни очи, прекрасна жена“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови.

Пејачката во послендите денови објавува фотографии од Сараево кои настанале во декември оваа година, кога таа во главниот град на БиХ снимала новогодишна програма.

Србија со рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

Србија денеска достигна нов рекорд по бројот на заразени со коронавирус - 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци се потврдени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. 

Од скоро 40.000 тестирани, 45,3 отсто од примероците биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона.

Србија на почетокот на годината имаше нешто повеќе од 2.000 заразени на дневна основа, но бројот на заразени почна нагло да расте, што експертите го поврзуваат со масовните собири за прославата на Нова година. Брнабиќ утринава гостувајќи на ТВ Прва изјави дека според податоците од осум часот ќе се постигне нов негативен и неславен рекорд по бројот на новозаразени.

„Бројките од осум наутро се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги“, рече Брнабиќ. Таа потсети дека се во сила голем број антиепидемиски мерки и рече дека ситуацијата би била постабилна доколку се почитуваат мерките.

Во Србија во изминатите 24 часа од инфекцијата починале 26 лица, а со 18.000 нови случаи на инфекција, вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на пандемијата надминал 1,4 милиони. Официјално се пријавени вкупно 13.124 смртни случаи. Денеска во болниците има 2.559 пациенти, од кои 109 се на респиратор.

Шаќири: Приоритет на МОН е градење квалитетен национален образовен систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството за да се запознае со тековното работење и заради заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.

Како што информира МОН, Шаќири предочи дека ќе го води Министерството како прв човек на зеднички тим и очекува дека секој вработен ќе даде целосен придонес, раководејќи се од начелата на професионалност, стручност и мотивација.

– Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование, како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите, нагласи министерот Шаќири.

притисни ентер