Хрватска театарска вечер во Битола - Канал 5

Хрватска театарска вечер во Битола

По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола беa изведени претставите „Децата од Павловата улица“ од Ференц Молнар и „Љубов на прв поглед“ од Фадил Хаџиќ, двете во режија на Силвио Стилиновиќ.

Хрватска театарска вечер во Битола

По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола беa изведени претставите „Децата од Павловата улица“ од Ференц Молнар и „Љубов на прв поглед“ од Фадил Хаџиќ, двете во режија на Силвио Стилиновиќ, во изведба на Младинскиот сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.

Гостувањето беше во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола. Ова гостување е во рамките на програмата низ целата година за одбележување на 30 години од постоењето на Хрватскиот културен центар. Присутните ги поздрави претседателот на истиот, Бранко Маретиќ кој истакна:

„Целата наша програма е создадена со цел оние кои ќе дојдат на нашите настани, да се запознаат малку повеќе со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет. Битолчани и оние од другите градови и општини, преку овие настани можат да се доближат до хрватската култура и начин на живот и да ги видат заедничките карактеристики и однесувања, но и разликите кои ја збогатуваат една култура. И двете се неопходни за развој на дијалогот и разбирање меѓу народите на двете земји, а пред се културна размена и збогатување“.

Настанот беше организиран во соработка со општина Битола и Центарот за култура.

„Посебно ми е задоволството што и оваа година нашите пријатели од Славонски Брод дојдоа во Битола, нашата соработка трае веќе долги години. Младинскиот сатиричен театар е еден од најнаградуваните во Хрватска и регионот, а самиот аплауз на крајот на овие две претстави во Битола, зборува за тоа колку публиката ги сака. Овој настан го организираме заедно со институциите и поединците кои се исто така наши пријатели. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви средби, но и со нови, со реализација на нови проекти меѓу двете земји, особено културни активности“, додаде Маретиќ.

Присутните ги поздрави и Стјепан Домјанчиќ, воено аташе при Хрватската амбасада во Скопје.

Сатиричниот младински театар, постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Како што велат самите актери- за нас наградите се доказ дека сме на вистинскиот пат за она што го работиме. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод.

„Би рекол дека нашето доаѓање овде, односно на актерите од Славонски Брод, Младинскиот сатиричен театар, веќе стана своевидна традиција овде во Битола.Се чувствуваме како дома и можам да кажам дека и продавачите веќе не препознаваат. Запознавме навистина голем број луѓе и како што кажав, Битола е навистина наш град и навистина го сакаме. Како што ја сакаме цела Македонија и оваа соработка трае веќе долги години“, истакнува режисерот Стилиновиќ и додава:

„Исклучително ни е драго што во Битола како културно друштво, како театар најдовме соработници, односно културниот центар „Марко Марулиќ“ кој ги обединува и зближува Хрватите во Битола, но и Македонците, односно луѓето, пријателите на културата. Исклучително ни е драго и чест што го имаме за пријател Бранко Маретиќ, кој навистина работи многу за да го поврзе хрватскиот народ и Македонците на овие простори, односно сите народи кои живеат во оваа мултикултурна средина“.

За двете претстави ќе каже:

„ Се одлучивме како што е тоа случај со театрите низ Европа, да направиме театарска вечер и да изведеме две претстави. Во првата претстава играат млади луѓе на возраст од 13 години, како и искусни актери од 50 и повеќе години. Сите работат како тим и тоа е единствениот начин всушност да се направи ваква претстава, беше предизвик да се постави на сцена. Втората претстава е дело на босанско-херцеговачкиот и хрватски писател и драматург, сликар, режисер, вистинска ренесансна личност, човекот кој го основал денешниот театар Керемпух во Загреб, Фадил Хаџиќ. Сепак, она што е помалку познато и зошто го играме овој текст, е тоа што Хаџиќ одел во средно училиште во Славонски Брод, од каде што ние доаѓаме. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи, особено што заедно со Маретиќ и ние кои сме и организатори на аматерскиот театарски фестивал, успеавме некако да ги поврземе овие две земји на тоа театарско ниво, па во Славонски Брод гостуваа македонски актери и аматери“.

За време на престојот во Македонија, Стилиновиќ ни откри дека се работи веќе на соработка со театар од Битола, за гостување кај нив, која идеја се надева ќе се реализира. После изведбите на претставите публиката ги награди со стоечки овации и долготраен аплауз.

„Нам многу ни значи тоа. Посебно што во публика имавме луѓе од културната сцена на Македонија, кои добро знаат што е театар. Игравме на сцена дел од Битолскиот театар, една од најценетите театарски институции, можам да кажам и во Европа“.

На хрватската вечер присуствуваа членови на Македонско-хрватското друштво, на дипломатскиот кор на Битола, членови на други здруженија од Македонија, од Охрид, Струга, Скопје, Хрвати кои живеат во Битола, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, претставници на Католичката црква во Битола, вљубеници во хрватската култура и други.

Хрватскиот културен центар од Битола во изминатите 30 години соработуваше со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боксерка снимала порно филмови, а сега ги извади силиконските гради: Попријатно ми е (ФОТО)

Поранешната австралиска боксерка и модел Аврил Мати (39) ги отстрани силиконските импланти за гради кои ги имаше речиси 20 години. 

Боксерка снимала порно филмови, а сега ги извади силиконските гради: Попријатно ми е (ФОТО)

Таа објави дека сега го сака своето природно тело, и покрај негативните коментари на социјалните мрежи за нејзиниот изглед.

Одлука по две децении

Мати ги доби имплантите на 19-годишна возраст, наведувајќи ја како причина „културата во која пораснала“. По долго време таа одлучи да ги отстрани. „Никогаш не сум ги сакала ниту мразела. Го ценев тоа што преку ноќ престанав да се чувствувам несигурно и станав личност која се чувствува поудобно во своето тело и повеќе не размислува за тоа“, објасни таа на социјалните мрежи.

Таа одлучи да се оперира откако забележа дека нејзините пријателки ги отстрануваат имплантите поради здравствени проблеми познати како „болест на импланти во градите“. Иако не мислеше дека има таков проблем, таа отиде на преглед кој потврди дека постои медицинска причина да се отстранат. По процедурата, таа призна дека повторно се заљубила во своето природно тело и дека се чувствува како „да го вратила 16-годишното тело кое никогаш порано не го ценела“.

Од промашување до професионалец во рингот

Пред нејзината боксерска кариера, Аврил Мати изгради значајна кариера во светот на манекенството. Австралијанката со швајцарски корени ја освои титулата Miss Swimsuit USA International во 2014 година, а една година подоцна го освои натпреварот Las Vegas International Model Search. Овој успех ѝ донесе награда од 50 илјади долари и ѝ овозможи да се пресели во Мајами.

За време на нејзината кариера, Мати беше активна и на OnlyFans, каде што објавуваше провокативни еротски фотографии и порно филмови. Јавно зборуваше за таа платформа и самата, а приходите од содржини надвор од боксот ѝ помогнаа да финансира професионална спортска кариера.

Својата страст кон боксот ја откри кон крајот на 2012 година на 25-годишна возраст. За само шест месеци, го одигра својот прв аматерски натпревар, а професионалната кариера ја започна во декември 2017 година. Се бореше на познати светски сцени, вклучувајќи го и Madison Square Garden. Интересно е што по операцијата за отстранување на имплантот, таа открила дека процедурата неочекувано ѝ помогнала да стане подобар борец.

Збогум на боксот

Мати неодамна објави збогум на спортот, кој го нарече „љубовта на својот живот“. Својата професионална кариера ја заврши со рекорд од осум победи, еден пораз и едно реми. На крајот од 2023 година, таа требаше да се бори против сонародничката Ебани Бриџис во меч што медиумите го најавија како „битка на гради“, но мораше да се повлече поради повреда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров: Европа води војна против Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека европските земји водат војна против Русија затоа што тие ја снабдуваат Украина со оружје.

Лавров: Европа води војна против Русија

„Ова е војна што Европа ја води против нас“, рече тој на маргините на форумот Валдај во Москва. Во исто време, тој ги отфрли обвинувањата дека руските напади врз товарни бродови што носат западно оружје претставуваат „хибридна тајна војна“ за Украина.

Тој ја опиша употребата на сила од страна на Русија во Украина како самоодбрана насочена кон елиминирање на заканите. „Ако мислите на уништување на инфраструктурата што, со поддршка на Западот, нацистичкиот режим ја користи за водење војна против Руската Федерација, тогаш ние ја потиснуваме таа директна закана со сила“, рече тој.

Разговори со САД

Лавров објави дека наскоро ќе се одржат разговори со Соединетите Американски Држави. „Се договоривме со американскиот државен секретар Марко Рубио дека состанокот ќе се одржи. Експертите треба да ги координираат точните датуми и место“, истакна тој.

Тој го спомена враќањето на рускиот дипломатски имот запленет од САД како едно од отворените прашања во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, Русија не добила никакви охрабрувачки сигнали од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нејзиното враќање.

„Никогаш немало охрабрувачки коментари од Американците за ова прашање, дури ни под администрацијата на Доналд Трамп“, рече тој. Лавров тврдеше дека САД сè уште се обидуваат да ги наметнат своите еднострани интереси, но додаде дека Вашингтон сепак е принуден да соработува со земји како Русија и Кина.

Ставот на Берлин

Лавров, исто така, коментираше за плановите на Полска за производство на ракети „Патриот“ и учеството на Европа во конфликтот во Украина и ги повика европските земји да ја проучат воената доктрина на Русија. Тој се осврна на неговата средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Лавров проценува дека Берлин можеби сака да се вклучи во напорите за решавање на украинскиот конфликт за да не го „пропушти возот“. „Тешко ми е да проценам кон што се стреми Германија.

Мислам дека едно очигледно објаснување е едноставно желбата да не се пропушти возот. Тие веруваат дека возот веќе забрзал - не знам дали тоа е вистина, тешко ми е да проценам дали мислат на украинската криза“, рече тој.

„Русија вечен непријател“

Кога беше прашан за темите на средбата со Вадефул, Лавров рече дека германскиот министер зборувал за „милитаризацијата на Европската Унија“, постојаните повици за проширување на НАТО кон Украина и тврдењата дека „Русија е вечен непријател“ и дека „за три години ќе бидеме во војна“.

„Ако се изговараат такви фрази, а целта - како што самиот г-дин Вадефул најави - е само да се повторуваат зад затворени врати, без медиумите, за Русија наводно да разбере дека навистина е така, тогаш тоа е залуден, па дури и штетен потфат“, изјави тој.

Лавров заклучи дека е „многу тажно“ што некои претставници на ЕУ и НАТО всушност дејствуваат како „портпароли“ за она што го опиша како европска позиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се заканува со мачета во продавница, по борбата со продавачот, избега со шише вотка (ВИДЕО)

Вработен во продавница во Велика Британија се одбранила со хокеарски стап од маскиран разбојник кој го нападнал со мачета. 

Се заканува со мачета во продавница, по борбата со продавачот, избега со шише вотка (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 4 јули во 9:10 часот наутро во мини маркетот „Крест“, а бил снимен од надзорна камера, објавува „Телеграф“.

На видеото се гледа како работник се соочува со напаѓач со качулка кој се заканува со мачета на касата. Откако вработениот замавнал со палката, тие почнале да се борат преку шанкот. Потоа разбојникот се повлекол пред шанкот, а работникот продолжил да го удира. Потоа се активирал безбедносниот систем за чад и напаѓачот избегал со шише вотка. Работникот не бил повреден во нападот.

Истрага и повик до јавноста

Детективот Томас Лоу, од полицијата во Нотингемшир, изјавил дека полицијата е решена да го пронајде лицето. Тој додал дека се надеваат дека препознатливата тетоважа на левата рака на напаѓачот ќе помогне во неговата идентификација. „Крајмстоперс“ нуди награда до 5.000 фунти (околу 5.837 евра) за информации што ќе доведат до апсење и осуда на сторителот.

Лидија Пацалидес од таа организација апелираше до јавноста. „Тоа беше застрашувачко искуство за човек кој само си ја вршеше работата, и тоа во продавница важна за локалната заедница“, рече Пацалидес. „Знаеме дека овој настан ги вознемири жителите и луѓето што работат во соседството. Некој во областа сигурно знае кој го сторил тоа.“

„Можеби сте виделе нешто тоа утро или сте слушнале нешто подоцна. Можеби се сомневате во некој што го познавате. Само тетоважа може да биде детал што ќе ви ја освежи меморијата. Какви и да се информациите што ги имате, не мора да ги чувате за себе“, рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер