КошаркаХрватска прва вистинска контролка за црвено жолтитеНашата најдобра кошаркарска репрезентација синоќа ги заврши базичните подготовки во Словенија и пред враќањето во Македонија ќе одигра две пријателски средби против силната Хрватска.Двомечот со Хрватска избраниците на Пипан го отвораат вечерва од 20 часот во Славонски Брод. Нашиот национален тим вечерва на силниот домаќин ќе му се спротивстави без капитенот Перо Антиќ, но во тимот ќе биде извонредниот Бо Мекјелеб . По трансферот во НБА лигашот Атланта ,капитенот Перо Антиќ поради регулирање на процедурата со осигурувањето ќе биде надвор од националниот тим на овој двомеч против Хрватска, информира официјалниот сајт на МКФ. „Иако МКФ навремено ја почна процедурата за регулирање на осигурувањето на Антиќ, кој од неодамна е нов играч на НБА-лигашот Атланта Хоукс, сепак времетраењето на постапката веројатно нема да му дозволи на нашиот капитен да биде дел од тимот на Алеш Пипан за денешната средба. И покрај напорите на МКФ за што побрзо комплетирање на процедурата, термините што беа потребни за регулирање на постапката на релација Атланта Хоукс - НБА, одзедоа дополнително време. До формализирањето на процедурата од страна на НБА лигата, кое инаку се очекува во секој момент, на Антиќ не му е дозволено да настапува за националниот тим. Покрај се уште неизвесниот Антиќ, селекторот Алеш Пипан на располагање за денешната средба ќе ги има сите останати кошаркари, вклучувајќи го и Лестер Бо Мекејлеб кој пред два дена се приклучи на подготовките на репрезентацијата. За очекување е дека натпреварот против Хрватска кој ќе се игра во Славонски Брод од 20.00 часот ќе биде интересен и неизвесен, додека и двајцата селектори се фокусираат на разигрување на своите екипи во оваа фаза од подготовките“, се вели во соопштението на сајтот на МКФ. Вториот натпревар со популарните коцкести Македонскиот тим ќе го одигра утре од 16 часот ,но од нашата федерација информираа дека тој ќе бил од затворен карактер . По двете контролни средби со Хрватска ,нашите најдобри кошаркари се враќаат во Македонија каде ќе тренираат се до заминувањето на Евробаскетот во Словенија. На 17 август во Борис Трајковски избраниците на Пипан против одличната Литванија ќе го одиграат и третиот пријателски натпревар на подготовките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на КавадарциГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци.[🏁] Нова инвестиција во спортската и рекреативната инфраструктура на Кавадарци. По најавата за вовед во работа и поставувањето на камен-темелникот, продолжуваме со реализација на Картинг центарот, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата. Центарот ќе се простира на 2.700 м², со современа картинг патека и придружни објекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари. Нова содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот, но и дополнување на туристичката понуда на Кавадарци, стои во објавата на Фејсбук на првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ: 2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании2,9 милиони евра нова подршка за инвестиции на домашните компании – парите од унгарскиот заем силен поттик за економијата.Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се планирани вкупно 250 милиони евра. Средствата коишто се обезбедени во Буџетот, а се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашни компании ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел да поттикне инвестициски циклус во приватниот сектор. Средствата на компаниите се пласираат по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
Шоу бизФото: Џенифер Лопез го покажува своето тело во бикини и на 57 годиниСветската ѕвезда, актерката и пејачка Џенифер Лопез немаше проблем и на 57 годишна возраст да се соблече во секси ретро бикини.Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот. Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура. Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и чипкаста марама на главата. Посебен акцент стави на својот затегнат стомак, а целиот изглед го заокружи со тркалезни очила за сонце и елегантна бела чанта со четвртаст облик. Лопез објави и полароид-фотографија на која позира во бел фустан со длабоко деколте и заводливи шлицови, што дополнително ја истакна нејзината фигура. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter