Хрватска прв противник на македонските ракометари во групата 1 на ЕП - Канал 5

Хрватска прв противник на македонските ракометари во групата 1 на ЕП

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги продолжува натпреварите на Европското првенство во Полска. Прв противник на „црвено-жолтите“ во втората фаза од шампионатот е селекцијата на Хрватска.

Хрватска прв противник на македонските ракометари во групата 1 на ЕП
- Во втората фаза ќе имаме можеби нешто полесни натпревари. По вечерашната средба со Хрватска ќе имаме и повеќе време за одмор со оглед на тоа што следниот дуел ни е во понеделник (25 јануари). Со Хрватска игравме и на Мундијалот во Катар кога мислам дека имаше посилен состав. Сепак и оваа нивна репрезентација е многу квалитетна, ама и ние имаме свои адути и одиме на победа, изјави голманот Борко Ристовски.

Хрватите од првата фаза пренесоа два бода, а Македонија е без бодови, па евентуална победа за избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе значи зголемување на шансите за висок пласман.

Дуелот Македонија – Хрватска во „Таурон Арена“ во Краков почнува во 20 часот и 30 минути.

Претходно, во првата денешна пресметка од групата 1 ќе се соочат бранителот на трофејот Франција и Белорусија.

Табела: Полска 4 бода, Норвешка 4, Хрватска 2, Франција 2, Белорусија 0, Македонија 0. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Невреме во делови од Германија, една жена загина

Една жена загина, а друга се здоби со тешки повреди откако врз нив падна дрво за време на силно невреме, кое во текот на ноќта предизвика и големи штети во делови од Германија, соопшти полицијата.

Видео: Невреме во делови од Германија, една жена загина

Двете жени, на возраст од 58 и 47 години, шетале заедно во Валдорф, во западната покраина Рајнска област-Пфалц, на околу 50 километри јужно од Келн.

Како што се приближувало невремето, тие побарале засолниште под еден летен павилјон. Невремето откорнало дрво во близина и го соборило, при што тоа ги удрило двете жени.

58 годишната жена почина на самото место, соопшти портпарол на полицијата, додека 47-годишна жена со сериозни повреди е пренесена во болница.

Невремето оштети десетици куќи и урна дрвја во делови од западна и централна Германија. Според извештајот на противпожарната служба, во градот Вецлар, во сојузната покраина Хесен, оштетени се околу 60 куќи, додека неколку домови во блискиот град Золмс станале неупотребливи за живеење.

Полицијата наведува дека штетата можеби е предизвикана од виор. Инциденти поврзани со невремето се пријавени и во сојузните покраини Тирингија, Бранденбург и Баварија. Полицијата во Баварија соопшти дека паднати дрвја оштетиле неколку возила, но немало повредени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинец уапсен во Пула поради подводна саботажа на Руски тек

Украинец вчера е уапсен во Пула поради најголемата модерна подводна саботажа.

Украинец уапсен во Пула поради подводна саботажа на Руски тек

Володимир Журављов, украински државјанин уапсен вчера во Пула врз основа на европски налог за апсење, денеска е изведен пред судот во Пула, судот спроведува постапка за утврдување на идентитетот и одлучува за неговата екстрадиција во Германија.

Журављов е донесен во судот со лисици на рацете.

Вчерашното апсење на еден украински државјанин во Пула повторно го сврте вниманието на јавноста кон најголемата подводна саботажа во поновата историја.

Станува збор за операцијата за уништување на гасоводот „Северен тек“ (кој ги поврзува Русија и Германија) во септември 2022 година; уапсениот е поврзан со Володимир Журављов (во германските медиуми спомнуван и како Володимир З. или Wolodymyr Schurawljow), украински инструктор по нуркање за кого Сојузниот суд во Карлсруе имаше издадено европски налог за апсење.

Полициската управа на Истра вчера за хрватски „Индекс“ потврди дека уапсила маж во туристички објект во областа на Пула, постапувајќи по налог издаден од германските правосудни органи.

Според неофицијални информации претходно објавени од странски медиуми, Журављов е 44-годишен професионален инструктор за техничко нуркање и нуркање на големи длабочини. Германското сојузно обвинителство го товари за саботажа против уставниот поредок и предизвикување разорна експлозија, а го сомничи дека е еден од поединците кои директно поставиле експлозив на гасоводите на дното на Балтичкото Море; сепак, германските правосудни органи нагласуваат дека важи претпоставката за невиност сè до донесувањето на правосилна пресуда.

Според заедничката истрага на германските медиуми ARD, „Зидојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung) и „Ди цајт“ (Die Zeit), Журављов бил дел од тим што испловил од германското пристаниште Росток во почетокот на септември 2022 година, на изнајмената едрилица „Андромеда“.

Истражителите се сомневаат дека нуркачи се спуштиле на длабочина од околу 80 метри во близина на данскиот остров Борнхолм за да постават експлозивни направи што содржеле хексоген и октоген на челичниот цевковод; овие направи ги разнеле три од четирите цевки во системите „Северен тек 1“ и „2“ на 26 септември 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари.

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото

Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем.

На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и кои се однесуваат на унапредувањето на владеењето на правото и правната сигурност.

Меѓу темите за кои се разговараше беа извршувањето на одлуките на Уставниот суд, законските механизми поврзани со нивното извршување, како и решенијата што се разгледуваат во рамки на подготовката на новиот закон за Судски совет и Кривичен законик.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните правни и реформски процеси, при што беше нагласена потребата од јасни законски решенија, почитување на уставните надлежности и координирана институционална комуникација за прашања кои имаат пошироко значење за правниот поредок.

На средбата беше изразена подготвеност ваквиот институционален дијалог да продолжи и во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер