Хрватска пратеничка избркана од седница бидејќи не носи маска

Одби да стави маска, па претседателот на Парламентот ја избрка од седница.

Хрватска пратеничка избркана од седница бидејќи не носи маска.

Одби да стави маска, па претседателот на Парламентот ја избрка од седница.

Ова се случи во хрватскиот парламент откако спикерот Јандроковиќ не успеа да ја убеди пратеничката Каролина Кришто да стави заштитна маска додека трае седницата.

Во изминатите месеци пратеничката од партијата на Мирослав Шкоро, е позната по расправиите околу оваа тема, бидејќи е скептик за заштитните мерки и не ги почитува, токму поради неа во хрватскиот парламент од почетокот на месецов се донесени построги мерки.

Царовска: Годинава училишни екскурзии не се дозволени

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека оваа година не може да се организраат училишни екскурзии.

– Испратени се упатства од Бирото за развој на образование. Може до пет километри да имаат прошетка, движење учениците заедно со наставниците за да може да имаме социјализација. Но, од друга страна она што се случувало минатата година, зошто агенциите не ги вратиле парите сметам дека има уредби. Министерството за економија имаше препораки да се дадат ваучери коишто ќе може да се користат во наредниот период и тоа сигурно се случило, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање во општина Кочани.

Министерката Царовска ги повика директорите на училиштата кои се одговорни за организација на екскурзиите, да ги викнат родителите и да најдат заеднички јазик на кој начин тие пари коишто биле од минатата година ќе им се вратат. Но, оваа година, како што потенцира, екскурзии не се дозволени.

На новинарско прашање за затоплувањето на училиштата, министерката Царовска рече дека тоа е еден дел од обезбедувањето услови во училница за да се одржи настава и тоа, како што рече, е обврска.

– Но, разговараме дека со рационализација на средства можеме да постигнеме повеќе инвестиции во инфраструктура, во ИТ опрема наместо да ги расфрламе финансиските средства само за загревање на цела училница само за еден наставник, но тоа се процеси на дискутирање. Важно беше наставата да почне од училница, да ги видиме наставниците на своите работни места заради тоа што минатата година имаше многу дилеми во јавноста дека наставниците не одат на работа, земаат цела плата, не се држи настава. Но, сега наставниците држат настава, ја држат од училница, рече Царовска.

Министерката за образование и наука рече дека навистина нема потреба од тоа да расфрламе средства и најави дека може да се донесат одлуки наставниците понатаму да работат од дома.

– Но, велам тоа го носиме заеднички со градоначалниците заради тоа што имаме наставници коишто одат со физичко присуство заради тоа што тоа Комисијата тоа го дозволила и ќе оставиме на ниво на колектив да одлучат на кој начин понатаму согласно грејната сезона ќе се одвива наставата во училиштето. Мислам дека тоа ќе биде најправедниот модел, но кога ќе го донесеме ќе биде известена јавноста, потенцира Царовска.

Одговарајќи на новинарско училиште, Царовска рече дека во ова училиште и во сите училишта во државата каде што се обезбедени ИТ уреди и интернет се одвива онлајн настава. Посочи дека наставата се одвива преку двонасочна комуникација наставници – ученици.

– Во државата првпат сите ученици и сите наставници имаат спуштено лозинки и акаунти за користење на платформа за двонасочна комуникација. 88 проценти од наставата се одвива онлајн без никакви пречки, нагласи Царовска.

Прашана за барањето на родителите од Македонска Каменица за присуство на учениците во училиштата, Царовска рече дека бојкотот на наставата е само неконструктивен начин на искажување незадоволство од пандемијата.

– Пандемијата не е нешто која што ние денеска одлучуваме го сакаме или не го сакаме во нашата држава. Тоа не снајде и ние мораме да живееме со него. Во моментот кога бојкотираме настава само учениците губат од часовите, додека наша обврска како Влада, секако и обврска на општините, е да го штитат здравјето на граѓаните. Здравјето не е флоскула, здравјето на граѓаните се живот на нашите баби, дедовци, мајки, тактовци заради тоа што младите може да пренесат. И ако одлучила Комисијата за заразни болести дека навистина на овој начин е најдобро за заштита на здравјето јас ги повикувам сите ученици и сите наставници да се придружат на овој начин на изведување на настава согласно препораките на Комисијата за физичко присуство и Комисијата за заразни болести, рече Царовска.

Министерката Царовска денеска е во Општина Кочани, каде ќе посети повеќе основни и средни училишта.

Асфалтиран патот од Долна до Горна Бошава во Поткожувјето

Ангажираната оператива на Агенцијата за патишта денеска завршува со реализација на проектот за асфалтирање на делница од регионалниот пат Демир Капија-Мушов гроб, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Се работи за асфалтирање на 850 должни метри со широчина на коловозот од четири метри, на дел од патот кој ги поврзува селата Долна Бошава со Горна Бошава. Согласно проектот, асфалтна подлога се постави на излезот од селото Долна Бошава до спојот со бехатон плочите на влезот под село Горна Бошава, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму нагласија дека сега од Кавадарци до Горна Бошава се патува по целосно асфалтиран пат, кој овозможува побрза и побезбедна комуникација како за жителите, така и за стопанските субјекти од тој регион.

-Со реализацијата на овој проект значајно се подобри сообраќајната инфраструктура на територијата на општина Кавадарци во комуникација со селата од подкожувјето, информираат од кабинетот на Јанчев

Во наредниот период останува да се асфалтираат преостанатите пет километри од овој регионален пат помеѓу селата Горна Бошава и Конопиште.

Шекеринска: Ова не е начин на комуникација меѓу две членки на НАТО

Македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска нагласи дека поминало времето кога министри за одбрана во регонов даваат изјави, како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и оти таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО.

– Македонскиот јазик, македонскиот народ се реалност и ниту едни политички преговори, ниту политички препукувања нема да ја сменат таа реалност. Меѓутоа можеме да направиме подобра иднина за нашите народи и да создадеме повеќе шанси за нашите млади. Ние така ја гледаме нашата задача, изјави Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски".

Таа потенцира дека ќе продолжи да ги испраќа истите пораки што се испраќани изминатите години, а тоа, како што подвлече, дека „нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи".

– И затоа очекуваме Бугарија, која беше една од државите во регионот, која од самиот почеток ја поддржа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и во ЕУ, тоа да го прави и сега, бидејќи пријателските народи македонскиот и бугарскиот можат да одат напред само ако меѓусебно се поддржуваат, рече министерката за одбрана Шекеринска.

На новинарско прашање за најавите на Пентагон за праќање оклопни возила на Балканот, Шекеринска одговори дека тие изјави само покажуваат дека претходните тези оти САД го губат интересот за Европа и не се веќе подготвени да инвестираат во трансатлантското партнерство не биле реални.

– Мислам дека ова го покажува и интересот на САД, но и интерсот на целиот северноатлантски регион да инвестира во зголемено воено присуство како порака дека безбедноста на секој сојузник е безбедност и на Алијансата, истакна Шекеринска.

притисни ентер