Хрватска последне полуфиналист на ЕП во Данска

Хрватска е последната репрезентација која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство што се одржува во Данска.

Во последниот натпревар од четврт-финалната група 2 одигран во Архус, ракометарите на Хрватска славеа победа со 31:28 во дуелот против Полска и го освоија второто место во оваа конкуренција, а со тоа и обезбедија место меѓу четирите најдобри селекции на шампионатот кои ќе разигруваат за медал.

Комплетни табели по завршувањето на втората (четвртфинална) фаза на првенството:

Група 1: Данска 10 бодови, Шпанија 8, Исланд 5, Унгарија 3, Македонија 2 и Австрија 2.

Група 2: Франција 8 бодови, Хрватска 8, Полска 6, Шведска 6, Русија 2 и Белорусија 0.

Полуфиналните пресметки се играат во петок , во првата од 18 часот и 30 минути ќе играат Франција и Шпанија, од 21 часот за место во големотот финале ќе играат Данска и Хрватска.

Во предигра на овие дуели од 16 часот ќе се игра натпреварот за 5.место на шампионатот меѓу Полска и Исланд.

Натпреварите за медал, односно 3.место и големото финале ќе се играат во недела.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

притисни ентер