Хрватска оди во вселената- претставен е првиот сателит, кој ќе го испрати Илон Маск (ВИДЕО) - Канал 5

Хрватска оди во вселената- претставен е првиот сателит, кој ќе го испрати Илон Маск (ВИДЕО)

Првиот хрватски сателит CroCube беше претставен на загрепскиот саем, а во февруари треба да биде лансиран во орбитата од Калифорнија со ракетата Фалкон 9 на Илон Маск.

Хрватска оди во вселената- претставен е првиот сателит, кој ќе го испрати Илон Маск (ВИДЕО)

CroCube е наносателит во форма на коцка, тежи околу 1,1 килограм и со димензии 10x10x10 сантиметри, јави Хрватската радиотелевизија.

Првиот хрватски сателит ќе има две камери и два радио предаватела, а ќе ја фотографира површината на Земјата од височина од 550 километри. Тој ќе може да ја фотографира Хрватска три пати на ден по приближно 12 минути.

За време на мисијата, на официјалната веб-страница ќе може да се следи состојбата и движењето на сателитот. Ќе има интегрирана micro SD картичка со имиња и презимиња на донатори и фотографии на заинтересирани граѓани и посебна полица со врежани имиња на најголемите спонзори.

CroCube на крајот ќе биде влечен од гравитацијата на Земјата и целосно ќе изгори во атмосферата без остатоци.

Шефот на мисијата, Даниела Јовиќ изјави дека ова е историски момент за Хрватска и нејзината иднина во вселената.

- CroCube е малку повеќе од сателит и кога го набљудуваме, не можеме а да не почувствуваме гордост и возбуда - рече таа и додаде дека CroCube претставува огромен чекор напред во областа на вселенската технологија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)

Завршниот предизборен митинг на студентската листа „Студенти побеѓују“, под името „Победата повикува“, започна вечерва на плоштадот Славија во Белград.

Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)

Во 18 часот, плоштадот веќе беше полн, а толпата палеше факели и светла на своите мобилни телефони и извикуваше „Вучиќ го нема“.

„За 150 години, некој ќе каже: Промената започна тука!“

Говорите во Славија завршија со песната „Марш на Дрина“. Кандидатите ја напуштија сцената држејќи го Уставот на Србија.

„Нашите мандати ќе бидат во ваши раце, во рацете на народот. На 25 октомври, Србија победува! И знаете ли зошто? Затоа што студентите победуваат!“, рече првиот кандидат на листата, Илија Срдановиќ.

Пред него, студентката Наталија Степановиќ рече дека тие можат да ги исполнат студентските барања „само со промена на владата“. Таа исто така рече дека за 150 години некој ќе каже: „Тие беа тука и промената започна тука!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА.

Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета.

Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер