ЖивотХрватска: Од воз скокнале 50 мигранти и се разбегале со брзина на светлинатаОд возот кој сообраќал на релација Шид – Риека во петокот околу 14 часот на чудење на сите присутни, вработени и патници, од вагонот почнале да скокаат 50 странски државјани без документи кои со брзина на светлината се разбегале низ хрватското Дуго Село па се до Нов Загреб.Од 50-те мажи 17 биле малолетни, на возраст од 15 до 17 години. Лицата се приведени и се во полициска станица во Дуго Село, јавуваат хрватските медиуми. Се очекува од таму да бидат префрлени во локалниот прифатен центар за странци. Откако ќе истече предвидениот законски рок, по завршувањето на реадмисијата, тие ќе бидат вратени во Србија. Србија има обврска да ги преземе со оглед на тоа дека постојат докази кои укажуваат на тоа дека илегалците незаконски влегле во Хрватска токму низ Србија. Најмногу ги има од Тунис (20), 16 се од Сирија, 9 од Палестина, двајца с е Мароканци и Либијци, а има и еден од Сенегал. „не можевме да си поверуваме што гледаме кога црномурести момчиња почнаа да скокаат од вагонот како падобранци од авион. Сигурно помислиле дека стигнале до крајната дестинација кога запре возот. Изгледаа неухрането, а поединци беа исклучително слаби. Полицијата пристигна многу брзо откако некој од железничката станица им јави што се случува. Некои беа за кратко уапсени“, раскажува еден од очевидците кои бил во возот. Цели два часа траела полициската потера по странските „гости“. Најголем дел од нив биле уапсени во реонот на Дуго Село, а неколкумина после неколку часа биле приведени во Нов Загреб. Ниту еден од 50-те мажи до сега немал побарано азил, а како што неофицијално се дознава, патувањето со возот требало да заврши во Риека каде што во близина имале договорено преземање со некое превозно средство за да може понатака да одат кон земјите на ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28