Хрватска новинарка известувала за пожарите, кога наеднаш прелетал канадер (ВИДЕО)

Новинарка од РТЛ известувала од Далмација за пожарите.

Хрватска новинарка известувала за пожарите, кога наеднаш прелетал канадер (ВИДЕО)

Новинарката во еден момент стоеше и сосема сува зборуваше пред камерата, додека во следната снимка беше мокра од глава до пети.

Имено, додека таа стоела на патот опкружена со густ чад и се обидувала да збопрува во преносот во живо, над неа прелетала канадер и ја полил со млаз вода.

Видео од нејзиниот инцидент е објавено на TikTok. „Известувањето во итни ситуации понекогаш може да заврши вака“, стои во описот на видеото.

Нејзината колешка која беше со неа на теренот се пошегува: „Фризурата опстана“.

@danas.hr

Izvještavanje u izvanrednim situacijama ponekad može završiti i ovako 👇 #rtl #danashr #reporteri #izvjestavanje #pozar #hrvatska #fyp

♬ original sound - Danas.hr

Потсетуваме дека зад пожарникарите распоредени на противпожарните станици на подрачјето на Далмација стои уште една тешка ноќ, а два големи пожари се уште не се изгаснати, оној во Тучепи и во Врсине кај Трогир.

Во Тучепи 306 пожарникари со 77 возила од вторникот вечерта се обидуваат да го изгаснат пожарот на отворен простор, кој го носел ветерот и го зафатил паркот на природата Биоково и стигнал до Подгора, каде синоќа жителите биле префрлени од нивните куќи во училиште. . На тој простор досега изгореа околу 400 хектари макија, ниска вегетација и борова шума.

Од вчера попладне гори во Врсине кај Трогир. А таму станува збор за отворен и слабо пристапен терен, што го отежнува гаснењето на пожарникарите.

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во земјотресот во Мјанмар, а 3 лица се загинати во Тајланд

 Најмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“.

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во земјотресот во Мјанмар, а 3 лица се загинати во Тајланд

Според д-р Кјав Зин од општата болница во градот Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.

„Се повеќе и повеќе повредени пристигнуваат, но немаме доволно лекари и медицински сестри“, рече тој.

Земјотресот предизвика уривање на мостови и неколку згради низ Мјанмар, вклучително и во Нејпидо, главниот град на земјата, објави весникот „Global new light od Myanmar“.

Црвениот крст соопшти дека во земјотресот се оштетени и урнати зградите и јавната инфраструктура и изрази загриженост за состојбата на браните.

Најмалку три лица загинаа во земјотресот во Бангкок, а 90 лица останале заробени под урнатините

Најмалку тројца работници го загубија животот кога 30-катна кула во изградба се урна во Бангкок по денешниот силен земјотрес, изјави тајландскиот вицепремиер Фумтам Вечајачаи.

Тој рече дека 90 лица останале заробени под урнатините. Уривањето на кулата следело по силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Извлечени седум лица, додека потрагата ја отежнуваат урнатините.

Земјотресот, чиј епицентар беше во близина на Мандалеј во Мјанмар, предизвика значителна штета и во тој град и во други региони на Мјанмар. Неколку минути подоцна следел уште еден силен потрес од 6,4 степени според Рихтер, објави Американскиот геолошки институт.

Властите прогласија вонредна состојба во неколку региони, вклучително и главниот град Нејпидо и Мандалеј.

Кулата која се урнала за неколку секунди била наменета за владини канцеларии.

Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.

Влада: Нема официјално барање од СДСМ за лидерска средба, отворени сме за секаков предлог

Нема официјално барање од СДСМ за лидерска средба, отворени сме за секаков предлог и иницијатива за помош.

Влада: Нема официјално барање од СДСМ за лидерска средба, отворени сме за секаков предлог

По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Влада велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.

- Не е пристигнато официјално барање до Владата, ниту пак има иницијатива од СДСМ. Забележани се само најави од медиуми. Вакви сериозни ситуации налагаат сериозен пристап. Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне, велат од Владата за МИА.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче кој синоќа гостуваше на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани организирана од ТВ Канал 5, најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план - што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

-Не се доволни само зборовите дека ни е потребно единство, дека ни е потребно некакво обединување. Тоа треба да го претвориме во вистински дела и вистински чекори зашто тоа е нешто што најмалку може да го направиме за 60-те семејства, 59 кои останаа без деца, другите што кои имаат стотина деца на лекување и, секако, целото општество кое гледаме сега како бара некакви промени. Младите излегуваат на улица и бараат промена, а младите се категорија граѓани кои не ги интересира ниту минатото, ниту сегашноста, туку ги интересира иднината. И ние треба добро да размислиме како политичари што треба да направиме, рече Филипче.

ЕУ е „подготвена“ да обезбеди поддршка по земјотресот во Мјанмар и Тајланд

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека блокот од 27 нации е подготвен да помогне по силниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што ги погоди Мјанмар и Тајланд.

ЕУ е „подготвена“ да обезбеди поддршка по земјотресот во Мјанмар и Тајланд

„Потресни сцени од Мјанмар и Тајланд по разорниот земјотрес. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Подготвени сме да обезбедиме поголема поддршка“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.

притисни ентер