БалканХрватска купува осум воени хеликоптери „Блекхок“Хрватска ќе добие осум хеликоптери Блекхок по потпишувањето на договорот со САД, јавија државните медиуми, во момент балканские земји се обидуваат да ги зајакнат своите воени сили по руската инвазија врз Украина.„Ова е голем и важен момент за вооружените сили и за цела Хрватска, а исто така потврда за партнерството и одличната соработка со САД“, рече министерот за одбрана Иван Анушиќ, јави Хина. Осумте борбени хеликоптери ќе бидат испорачани во 2028 година. Хрватска е членка на НАТО од 2009 година и донираше дел од својот арсенал на Украина, вклучително и хеликоптери од советската ера. Во 2021 година, Хрватска потпиша договор со Франција за 12 користени борбени авиони Рафал - најголемата нарачка за оружје направена од Загреб од независноста. Договорот за хеликоптерите следи по сличен договор склучен меѓу Албанија и Вашингтон, при што Тирана доби во јануари два хеликоптера Блекхок .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаИсланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?За прв пат по Брегзит, Европската Унија има сериозна можност повторно да расте. Додека Црна Гора е блиску до членство, Албанија брзо напредува, а Украина и Молдавија амбициозно ги почнаа процесите, Исланд по повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, повторно се враќа на голема врата. Но пред нив е референдум за две недели, на кои Исланѓаните ќе се изјаснат дали се за рестартирање на напуштените пристапни преговорите. Пред клучниот 29-ти август, нацијата е поделена, иако последните анкети покажуваат предност на проевропски настроените граѓани со 53 наспрема 47. -Мислам дека Исланд е многу блиску до ЕУ. Некои ќе речат дека сме 75% во ЕУ. Никогаш не сме гласале за ова. Граѓаните никогаш не добија можност да се изјаснат дали сакаат целосно да се приклучат кон ЕУ или не. Ова е референдум за постигнување договор. На пример: „дали сакате повторно да ги отвориме преговорите и да ги завршиме“, а потоа штом имаме договор, ќе имаме уште еден референдум на кој ќе кажеме „да“ или „не“. , изјави Катрин Гунардотир, премиерка на Исланд. Исланд ги напушти преговорите со Еу во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили. За само три години од 33 поглавја, успеа да отвори дури 27, а да затвори 11. Затоа, не случајно, во случај на позитивен референдум, Брисел не исклучува можност Исланд со популација од само 400 илјади жители, но стратешка положба и економија силно повзрана со остатокот на светот, во пакет со Црна Гора да стане членка на ЕУ во наредните две години. -Сега го имате Балканот како тропа на врата, други источноевропски земји, дури и Украина. Мислам дека овој вид проширување е многу поразличен. Се работи за северозапад. Исто така со економијата, земја која има висок БПД по глава на жител, ниска невработеност, високи стандарди за социјална помош. Се справуваме добро со сите работи и веројатно ќе биде брз процес. , вели Катрин Гунардотир. Темпото на проширување во најголем дел ќе зависи и од новите правила кои ги крои Европската Унија, поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето на клучните одлуки во блокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМПЦ-ОА: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаатМПЦ ОА ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи од каде и да доаѓаат. Реакцијата на Синодот на МПЦ -ОА доаѓа по неодамнешната изјава на српскиот претседател во Мркониќ град за тоа дека српската црква е иста и во Скопје.„МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“, стои во реакцијата. Свесна за својата историска улога и одговорност во духовниот живот на македонскиот народ, црквата останува „отворена за сите“, со цел верниците да ги обединува во единството на верата и евхаристиското заедништво...Со тоа се надминуваат, како што се посочува, „сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“. Евангелието христово, верата во воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА. Се наведува во реакцијата на мпц-оа, во која се додава дека се отфрлаат сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДали и каде летуваат македонските политичари?Почетокот на август во Македонија носи традиционално забавување на политичките активности. По прославата на илинден, премиерот, министрите и пратениците користат кратки годишни одмори.Пред враќањето на секојдневните работни обврски и есенски предизвици најчесто од 3ти па до кај 15ти август политичарите одмараат во кругот на семејството. Годинава наместо на море или езеро – премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски својот летен одмор го минува во кругот на семејството. Осум дена уживаат во убавините на Белгија. „Во суштина нема да имам класичен одмор. Ќе биде еден вид екскурзија со семејството. Со семејството ќе бидам недела дена во Белгија, четири дена во Бриж, четири дена во Брисел.“ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Ниту лидерот на СДСМ Венко Филипче одморот нема да го помине на море. Тој за Канал 5, вели планот му е летниот одмор ќе го посвети на реалните проблеми на граѓаните и семејството. „Додека премиерот е на екскурзија, јас решив да го посетам Ново Село, таму каде што беа нападнати младите. Следната недела планирам да одам и во Гостивар. Во меѓувреме ќе се обидам да поминам неколку дена со моите, а потоа ме чека и работа во болница.“ - Венко Филипче – лидер на СДСМ. Претстедателката Гордана Сиљановска Давкова месец август ќе го мине работно во Охрид. Од претседателскиот кабинет за Канал 5 велат како покровител на фестивалот Охридско лето нејзиниот престој во Охрид вклучувал бројни протоколарни и службени ангажмани како прием на странски државници, јавна дебата по повод Меѓународниот ден на младите, а денеска се одржала и работна посета во Струга со раководствата општината и струшките вечери на поезијата. „За неколку дена во Охрид како врховен командант на Армијата, претседателката ќе биде дел од одбележувањето на Денот на АРМ, а за неколку дена на покана на претседателот на Италија ќе присуствува на отворање на Медитеранските игри. “- Кабинет на Гордана Сиљановска – Давкова – претседателка на Р.Македонија. Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши за Канал 5, велат претседателот немал планови за летен одмор. Гаши, како што ни посочија и годинава одморот ќе му помине работно во Законодавниот дом. Работно, како и секоја година, во родното Зајас ќе му помине и летниот одмор на лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети. Канал 5 побара одговори и од останатите политичари но до овој момент одговор не добивме, дел од министрите, летниот одмор го поминуваат покрај брегот на Охридското езеро. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter