Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите - Канал 5

Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите

Во Хрватска по летото 2026 година ќе биде во функција нов систем за наплата на автопатиштата, што ќе значи крај на наплатните пунктови.

Хрватска ќе добие нов систем за наплата на автопатите

Новиот систем ќе вклучува два начина на наплата на патарина. Едниот е оној што веќе постои, а тоа е користење на уреди за електронска наплата (ENC), додека другиот е автоматско читање на регистарски таблички на возилата (ALPR).

Предвидени се 208 наплатни пунктови кои ќе бидат на автопатски клучки, како и 140 колосеци за брза регистрација на возила чии корисници не се регистрирани на еден од двата наведени начини.

Тешките возила од третата и четвртата категорија ќе треба да го имаат уредот ENC, кој секогаш ќе треба да биде на шофершајбната, додека корисниците на другите возила ќе можат да изберат една од двете опции за плаќање патарина.

Оние кои ќе одлучат да ја платат патарината со читање на бројот на регистарската табличка, ќе треба да се регистрираат преку интернет порталот или мобилната апликација на продажните места на „Hrvatske autoceste“ (HAC) или преку продажните партнери (бројни бензински пумпи и пумпи за технички преглед).

На секој влез на автопатот ќе има барем една патека за брза регистрација на возилото, каде што корисникот ќе може да се регистрира на едноставен начин - камерата ќе му ја чита регистарската табличка, возачот ќе потврди дека отчитувањето е точно, ќе ја допре кредитната картичка и системот ќе испечати потврда дека е регистрирана во системот. На крајот патарината ќе ја платат според поминатите километри.

Надлежните очекуваат дека новиот систем за наплата значително ќе го намали метежот на автопатите. Новиот систем ќе чини 80 милиони евра, а ќе го имплементира конзорциум на словачката компанија Sky Toll и чешката компанија TollNet, објави ХРТ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Покриени се решетките: Заврши првата фаза од заштитување на Македониумот

Првата фаза од заштитата на нашето културно наследство во Крушево е завршена, а дополнително е поставено и осветлување.

Покриени се решетките: Заврши првата фаза од заштитување на Македониумот

Со поставување на плексанот врз привремено поставените металните решетки, заврши првата фаза од заштитувањето на Македониумот.

Во меѓувреме се изработува пројект за целосно и стопроцентно автетично реконструирање на Македониумот.

Дополнително, на целосно уреден просторот околу споменичниот комплекс е поправено и самото осветлување на Македониумот кои е сега осветлен и видлив во текот на ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џонсон и Џонсон плаќа милијарди поради обвиненија дека нивната талк-пудра е поврзана со рак

Фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон понуди огромна исплата за да ги реши десетици илјади тужби во САД, во кои се тврди дека нејзината бебешка пудра и други производи што содржат талк се поврзани со појава на рак на јајниците.

Џонсон и Џонсон плаќа милијарди поради обвиненија дека нивната талк-пудра е поврзана со рак

Компанијата со седиште во Њу Џерси соопшти дека ќе исплати до 4,14 милијарди фунти (5,5 милијарди долари) за да реши околу 76.000 тужби и конечно да стави крај на десетгодишната правна битка која ја оптоварува компанијата.

Сепак, Џонсон и Џонсон ги негира обвиненијата дека производите базирани на талк предизвикувале рак. Компанијата ја промени формулата на својата бебешка пудра, која се користи ширум светот.

Во тужбите се тврдеше дека компанијата уште од 1960-тите години знаела дека нејзините производи содржат влакнести форми на талк, како и тремолит и актинолит, минерали кои се класифицирани како азбест. Компанијата силно ги отфрла овие тврдења.

Тужбите тврдеа дека компанијата со децении го „прикривала“ ризикот за јавноста, бидејќи опасностите не биле наведени на пакувањето. Во Велика Британија, компанијата дури во 2023 година го заменила талкот со пченкарен скроб во својата бебешка пудра.

Во изјава, Ерик Хас наведе дека некои од тужбите „немале научна основа“. Тој рече дека по долгогодишни судски процеси и детални проверки на научните докази, тужителите практично признале дека не можат да докажат директна поврзаност меѓу производите и заболувањата.

„Иако сме уверени дека ќе победевме во понатамошните судски процеси, оваа финансиска спогодба ќе ни овозможи да го оставиме случајот зад нас и да останеме фокусирани на развој на лекови и медицински уреди кои спасуваат животи“, изјавил Хас.

Дали талк-пудрата предизвикува рак?

Талкот е природен минерал составен од магнезиум, силициум и кислород. Сепак, некои природни наоѓалишта на талк можат да содржат азбест. Бидејќи азбестот е познат како канцероген, талк кој содржи азбест може да го зголеми ризикот од рак.

Според британската Национална здравствена служба (NHS), мезотелиомот, кој најчесто се појавува во ткивото околу белите дробови, речиси секогаш е предизвикан од изложеност на азбест.

Експертите предупредуваат дека кога шишето со бебешка пудра се стиска или протресува, во воздухот може да останат „облаци“ од пудра долго време по употребата, што може да доведе до вдишување на честичките.

Портпарол на компанијата Kenvue, подружница на Џонсон и Џонсон, претходно изјави:

„Длабоко сочувствуваме со луѓето кои живеат со рак. Разбираме дека тие и нивните семејства сакаат одговори – затоа фактите се исклучително важни.

Безбедноста на JOHNSON’S® Baby Powder е потврдена со години тестирања од независни и водечки лаборатории, универзитети и здравствени институции во Велика Британија и ширум светот.

Талкот со козметички квалитет што се користеше во JOHNSON’S® Baby Powder ги исполнуваше сите регулаторни стандарди, не содржеше азбест и не предизвикува рак.“

Извор: Лад Бајбл

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во училиштето „Св. Кирил и Методиј“, каде што се изведува реконструкција на фасадата и замена на целокупното внатрешно осветлување.

Герасимовски: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ добива нова фасада и LED осветлување, помали сметки и подобри услови

Овој капитален зафат, финансиран преку заем од Светска банка, ќе придонесе за значително зголемување на енергетската ефикасност на објектот.

„На 190-годишнината од постоењето на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ инвестираме во негова целосна енергетска обнова. Новата енергетски ефикасна фасада и LED осветлувањето ќе придонесат за помали сметки за електрична енергија, подобри услови за учениците и наставниот кадар и поздрава средина.

Во овој период наш приоритет се реконструкциите и санациите во сите училишта во Центар, затоа што вложувањето во образованието е вложување во иднината“, порача Герасимовски.

Реконструкцијата предвидува поставување висококвалитетна камена волна на површина од близу 2.000 квадратни метри, како и поставување стиродур на околу прозорците и вратите, со цел подобрување на топлинската изолација.

Финалниот изглед на училиштето ќе биде заокружен со декоративен малтер и ново колоритно решение. Во рамки на зафатот, сите челични решетки ќе бидат демонтирани, прилагодени, бојадисани и повторно поставени, а на кровот ќе бидат изведени нови лимени опшивки и ветерлајсни.

Паралелно се модернизира и внатрешното осветлување со замена на сите светилки, околу 300, со нови, енергетски ефикасни LED светилки, со што значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија.

Според предвидената динамика, главниот дел од фасадата ќе биде завршен до септември, со цел учениците и наставниот кадар да ја започнат учебната година во подобри услови за работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер