Хрватска ја претстави иницијативата за развој на регионален капитален пазар - Канал 5

Хрватска ја претстави иницијативата за развој на регионален капитален пазар

Хрватскиот министер за финансии Марко Приморац ја претстави заедничката иницијатива на земјите од Централна и Југоисточна Европа за развој на капиталниот пазар, на состанокот на министрите за финансии од Еврогрупата, јави ХИНА.

Хрватска ја претстави иницијативата за развој на регионален капитален пазар

На редовната сесија министрите од еврозоната ја разгледааа актуелната макроекономска состојба и перспективите, вклучително и развојот на фискалната политика во земјите што ја користат единствената европска валута, се наведува во соопштението на хрватското Министерство за финансии.

Министрите, исто така, разменија мислења за подготовките за претстојните годишни состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд што ќе се одржат овој месец.

Во рамки на инклузивниот формат на средбата на Еврогрупата бил разгледан и годишниот извештај за напредокот во исполнувањето на целите на Унијата на капитални пазари на ниво на ЕУ и на национално ниво. Приморац ја претстави заедничката иницијатива на земјите од Централна и Југоисточна Европа, која Европската комисија ја оценила како еден од примерите за најдобра практика во 2025 година.

Според соопштението, соработката на осумте држави – Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка, Словенија, Романија, Бугарија и Северна Македонија – се заснова на уверувањето дека заедно можат да го поттикнат економскиот раст, да привлечат глобални инвестиции и да ја зајакнат отпорноста на своите капитални пазари на начини кои ниту една од нив не би можела да ги постигне самостојно.

Како главни цели на иницијативата се наведени подобрувањето на пристапот до финансирање и намалувањето на трошоците за компаниите, намалување на зависноста од банкарско финансирање, користење на целосниот потенцијал на финансискиот сектор, зголемување на видливоста на регионалните пазари за меѓународните инвеститори и поттикнување на учеството на институционални и индивидуални инвеститори.

Во ноември 2024 година беше потпишан меморандум за разбирање меѓу осумте национални берзи од оваа иницијатива, а интеграцијата на регионалните капитални пазари е една од петте клучни насоки во Стратегиската рамка за развој на капиталните пазари, усвоена од хрватската Влада во март. Централата на компанијата што ќе ја координира интеграцијата на берзите на Централна и Југоисточна Европа ќе биде во Загреб, наведува ХИНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер