Хрватска ја повлекува мешаната салата „Бенита“ , произведена во Македонија - Канал 5

Хрватска ја повлекува мешаната салата „Бенита“ , произведена во Македонија

Државниот инспекторат на Хрватска ја повлече од пазарот мешаната салата Бенита со потекло од Македонија, која ја продава „Кауфланд Хрватска“, поради покачени нивоа на пестицидот хлорпирифос.

Хрватска ја повлекува мешаната салата „Бенита“ , произведена во Македонија

Како што е наведено во соопштението за медиумите објавено денес, известувањето се однесува исклучиво на производот со следните информации: Мешана салата 670g/360g, GTIN 3858893130246, ЛОТ 1662025, најдобро да се употреби до 10.11.2027 година.

Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) за максимални нивоа на остатоци од пестициди во храната и добиточната храна од растително и животинско потекло и за измена на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ, објави Индекс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев со честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Минчев: Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!

Има датуми што ги паметиме. Има датуми што ги славиме. Но има и датуми што ги носиме во срцето.

8 Септември е токму таков датум!

Пред 35 години, македонскиот народ одлучи сам да ја гради својата иднина. Со своја независна држава, со свои одлуки и со верба дека можеме сами да го одредуваме својот пат.

Оттогаш до денес, многу генерации сонуваа, работеа, се бореа и создаваа. Некои ги поставија темелите, некои ја чуваа државата, а наша обврска е да ја направиме подобро место за оние што доаѓаат по нас.

Затоа, независноста е одговорност. Одговорност кон земјата. Кон граѓаните. Кон оние што веруваа во Македонија и кога беше најтешко. И кон децата и младите кои допрва ќе ја пишуваат нејзината иднина.

Да ја чуваме со гордост. Да ја градиме со љубов и одговорност. И да оставиме зад себе држава во која идните генерации ќе сакаат да останат, да живеат и да го градат својот сон.

Затоа што Македонија е нашиот дом. Нашето име и идентитет. Нашата култура. Нашата приказна. Нашата иднина.

Честит 8 Септември – 35 години независна Македонија!

Да ни е вечна Македонија!

Горан Минчев,

Министер за јавна администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Денес одбележуваме 35 години од историската одлука на македонските граѓани за независна, суверена и демократска држава.

Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста.

Секоја генерација имала своја историска улога.

Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност.

Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање.

Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет.

СДСМ е дел од тој државотворен континуитет – активен учесник во создавањето и развојот на современата македонска држава, во борбата за независност по мирен пат, меѓународното признавање, членството во НАТО и европската интеграција.

Но денес, кога славиме 35 години независност, мора да гледаме пред сè напред – кон годините и децениите што доаѓаат.

Нашите предци се бореа да имаме своја држава. Оваа нашата генерација има обврска да се избори нашите деца да сакаат да живеат во неа, да се избори за Европска Македонија.

Затоа што државата е и секојдневниот живот на луѓето, на нашите деца и внуци. Државата е во создавањето можности родителите достоинствено да го издржуваат своето семејство, младите да создадат дом, а повозрасните да имаат мирна и достоинствена старост. Работниците да живеат од својот труд, достоинствено , без страв дали ќе им стигне платата до први.

Да изградиме економски силна, европска држава, со подобар животен стандард, во која училиштата ќе се полнат со деца, наместо да се празнат, а младите своите соништа и својата иднина ќе ги гледаат тука, дома.

Да изградиме европска држава со систем што функционира и правда што важи еднакво за сите.

Да изградиме европска Македонија во која младите ќе можат да создадат дом и семејство, да имаат достоинствена работа, да успеваат со знаење и труд и да имаат европски можности дома.

Тоа е нашата генерациска задача. Да ја продолжиме македонската државотворна линија – со заедништво, со достоинство, и со јасна визија за иднината во Европа.

Затоа што Македонија е сè што имаме.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија, држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации.

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 8-ми Септември, 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Пред 35 години не обедини сонот за слободна и независна Македонија. Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес не обединува љубовта кон Македонија.

Независноста е чувство на припадност, љубов кон татковината и одговорност кон иднината. Таа е обврска да го зачуваме она што ни е оставено и со достоинство да го предадеме на генерациите што доаѓаат.

Македонскиот јазик, македонската песна и македонската традиција се дел од приказната што се раскажува низ векови. Македонското знаме е симбол во кој се вткаени нашата историја, нашите корени, спомените на генерациите пред нас и надежите на генерациите што допрва ќе дојдат.

Македонија е наш дом, наш корен и дел од секој од нас. Да ја сакаме, да ја чуваме и со дела да придонесуваме за нејзината иднина.

Нека Македонија биде земја во која младите ќе остануваат затоа што тука го гледаат својот сон. Земја во која секое семејство ќе има причина да верува во подобро утре.

Да ја чуваме Македонија со љубов, да ја градиме со дела и да ја оставиме посилна на оние што доаѓаат по нас.

Нека е честит 8-ми Септември, денот на независноста!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер