3Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
КошаркаХрватска и Косово потенцијални противници на македонските кошаркариХрватска и Косово би биле можните противници на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во вториот циклус од квалификации за Европското првенство во 2021 година.По неуспешниот квалификациски круг за Светското првенство 2019 година, нашата селекција на крајот на месец февруари ќе треба да одигра уште еден натпревар од првата рунда на претквалификациите за Евробаскет 2021. Во моментов, црвено-жолтите се првопласирани во групата А, со победита над Словачка и Швајцарија, а се очекува така да остане и по возвратните дуели. Денешната жрепка во Минхен ги одреди групите за втората рунда од овој претквалификациски циклус. Доколку Македонија го задржи првото место во групата А, тогаш во наредната рунда ќе се пресмета со четврторангираните селекции од групите Ц и Д од европските квалификанти за СП 2019. Тоа според моменталниот пласман би биле селекциите на Хрватска и Косово. Но, сепак ќе мора да се почекаат прво настапите на нашите кошаркари, а потоа и комплетирањето на мундијалските квалификации./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
МакедонијаСДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката - граѓаните ја гледаат во продавница!Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“.Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 - војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. Тоа не е успех на неговата влада. Тоа е споредба со најтешкиот месец на глобална криза. Платите и пензиите ги дели на месеци, ги крои процентите, па вели „овие бројки не можете да ги лажирате“. Може. Кога самиот си ја прави анализата, кога бира период, кога го крие апсолутниот износ. Граѓаните не живеат од „70% побрзо“. Живеат од тоа што останува по сметките, киријата и потрошувачката кошница. Дизелот е 100 денари. Пиперката на нива 40. Храната во продавница расте. Фабрики се затвораат. Инвестициите паднаа. Последниот квартал 0,3 %. Тоа се исто бројки. Само не влегуваат во неговата презентација. Долгот го продава како намален, а државата ја задолжија со 2.5 милијарди за две години. Буџетот е „во кондиција“, додека секоја недела има ново задолжување. Пензиите „325% побрзо“, а за вториот столб се подготвува национализација. Мицкоски вели дека не може да води политика на чувства. Точно. Затоа нека престане да води политика на измислена статистика. Ако му е подобро на граѓанинот, ќе се види во фрижидерот и во паричникот. И двата се празни. Тоа е единствената компаративна анализа што важи. Нека објави официјални податоци од Заводот, не „лична анализа“. Нека каже колку чини потрошувачката кошничка денес и колку чинеше кога дојде. Нека каже зошто земјоделецот се тепа за 40 денари додека тој држи лекција за раст. Дотогаш ова се бројки за телевизија, не за трпеза. СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко ФилипчеВенко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска.Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, последниве два дена СДС бара извештај за водата во Гостивар, а тој извештај е објавен од Министерството за здравство, но нема ниту збор, ниту повик за извештајот од Општина Гостивар. Нема никаква критика кон нивниот градоначалник на Гостивар. Последното е што напаѓаат за нилската треска, а притоа изоставуваат да кажат дека најголемиот број смртни случаи во периодот од 2018 до 2025 година се регистрирани во 2019 година, кога министер за здравство е Венко Филипче. СДС креира состојба на хаос затоа што нема аргументи и нема понуда. Венко Филипче е аномалијата на политиката во Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
КултураПолска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови. На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на Република Македонија, Седат Сулејмани, кој потсети дека од првата фестивалска вечер на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ па до денес, Охрид беше сцена на која се сретнаа различни култури, традиции и уметнички изрази, како што рече, под отворено небо и на простори со вековна историја. -Тоа е суштината на „Охридско лето“- преку уметноста да ги поврзува луѓето и да отвора нови хоризонти. Ова фестивалско издание остави зад себе голем број концерти, претстави и средби со врви уметници. Рекордната посетеност е само потврда дека публиката ја препознава вредноста на фестивалот и дека културата има значајно место во нашето општество. Како министер за култура и туризам, горд сум што министерството е партнер и поддршка на фестивалот кој повеќе од шест децении е еден од столбовите на нашиот културен живот. Наша обврска е да ја чуваме оваа традиција, да го поддржуваме врвниот уметнички квалитет и да создадеме услови „Охридско лето“ да продолжи да расте, да се развива и да биде фестивал отворен за сите-за секоја генерација, за секој уметник, за секој љубител на уметноста, рече министерот Сулејмани. Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка помеѓу Полска и Република Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, му врачи плакета на амбасадорот на Полска во земјава, Мариуш Бримора. -Благодарност за прекрасната соработка со организацијата на фестивалот, особено што втора година по ред, Полската вечер ја затвора музичката програма на „Охридско лето“. Разбирливо е да се прашате зошто американски музичар од Калифорнија настапува на Полска вечер. Го поканив Стен Брекенриџ, не само заради тоа што ми е долгогодишен пријател, туку и заради тоа што тој е многу голем пријател на Полска. Првпат дојде во Полска во 2004 година и веднаш се заљуби во нашата земја. Во следните години ја посетуваше повеќе пати, а откако се пензионира од Универзитетот во Калифорнија во 2018 година, засекогаш се пресели во Полска. Оттогаш живее во Познањ и ги учи студентите, а во исто време ја продолжува и својата уметничка кариера. Неговиот најнов проект „Реимагиниран Шопен“ ги свири делата на иконата на полската музика, Фредерик Шопен во негови џез-боса нова аранжмани. За да ја направиме поинтересна оваа вечер, го замолив во програмата да вметне и неколку евергрин мелодии кои обично ги свири на своите концерти. Ова е уникатна можност да го слушнете најдоброто од Шопен и од американската музика, рече полскиот амбасадор Бримора. Квартетот „Глам“ кој негува стилска разновидност и комбинира повеќе музички стилови од класична музика преку поп, рок, хаус, џез, па сè до современите алтернативни стилови го сочинуваат Барбара Шелчаеиевич – прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска – втора виолина, Каролина Вашцинска-Лукановска – виола и Агњешка Ковалчук – виолончело. Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“ е традиционална и се одржува веќе 17 години, носејќи ги најдобрите уметници од Полска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter