Хрватска и Германија последни полуфиналисти на ЕП во ракомет - Канал 5

Хрватска и Германија последни полуфиналисти на ЕП во ракомет

 Хрватска вечерва ја совлада Унгарија со 27 – 25 во завршното коло од групата 2 на Европското ракометно првенство и се пласираше во полуфиналето, во кое место обезбеди и Германија, откако во групата 1 триумфираше над Франција со 38-34.

Хрватска и Германија последни полуфиналисти на ЕП во ракомет

Хрватите три четвртини од натпреварот во Малме беа во резултатска негатива која достигнуваше највисоки – 3 голови (2-6, 7-11, 15-19), но откако во 46. минута прв пат дојдоа во водство (21-20) не го испуштија до самиот крај.

Унгарците при резултат 25-26 постигнаа гол за израмнување на триесет секунди до крајот, што норвешките судии го поништија поради прекршок во напад, а Мандиќ во завршните секунди стави печат на победата.

Покрај Хрватска, пласман во полуфиналето од оваа група обезбеди и Исланд, откако претходно денеска триумфираше над Словенија со 39-31.

Во групата 1, ракометарите на Германија ѝ се приклучија на Данска во полуфиналето, триумфирајќи во голем стил во Хернинг над бранителот на титулата Франција.

Германците имаа предност од самиот почеток на натпреварот и на полувреме заминаа со водство од 19-15, а во продолжението предноста достигна и највисоки плус 5 голови (24-19).

Французите се обидоа резултатски да се вратат во игра, дојдоа во финишот до гол негатива (31-32), но Германија одговори со серија од 4-1 и ја задржа предноста до крајот на дуелот.

Завршното коло од главната рунда ќе се комплетира вечерва со дуелите Данска – Норвешка и Шведска – Швајцарија.

Завршницата на Европското првенство ќе се игра во Хернинг. Полуфиналињата се закажани за 30 јануари со почеток во 17:45 и 20:30 часот, а претходно, натпреварот за петтото место ќе се игра од 15:00 часот.

По ден одмор, ќе следат натпреварите за медали. Пресметката за бронзен медал ќе се игра на 1 февруари од 15:15 часот, а европскиот шампион ќе биде крунисан по финалето, кое ќе се игра на 1 февруари со почеток во 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер