Хрватска го доби првиот ресторан кој на луѓето кои не можат да платат им ја подарува храната

Дваесет и едногодишната претприемачка Дора Вукшиќ отвори ресторан за брза храна во Нова Градишка.

Тој ресторан е првиот во Хрватска кој ја подарува храната на оние коишто не можат да ја платат.

„На Facebook ни кажуваат дека, на пример, сакаат палачинка. Ние ја приготвуваме и пишуваме за кого е. Пред да дојде таа личност, ние ја плаќаме палачинката, а сметката останува кај нас. Луѓето само си ја земаат храната“ објаснува Дора.

Добредојдени се сите што се гладни, а вработените во ресторанот им гарантираат дека ќе останат анонимни.

„Најголем дел од луѓето се јавуваат по телефон или не контактираат преку профилот на Facebook. Досега имавме десетина, но очекувавме поголем број. Веројатно им е срам на луѓето“ додава Дора.

Во ресторанот има четворица вработени и сите, вклучувајќи ја и Дора, имаат исти минимални плати. Штом ќе им дозволат можностите, Дора вели дека прво на сите други ќе им ја зголеми платата, а потоа себеси. Таа објаснува дека уште се навикнува на фактот дека е претприемач.

„Се навикнувам на тоа дека имам печат и дека постојано морам да го носам во чанта. Но, среќна сум затоа што знам дека работам за себеси и знам дека ќе се исплати“ заклучува Дора.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер