Хрват се бори за живот, откако со камион удрил во ѕид на тунел во Австрија и се запалил (ФОТО) - Канал 5

Хрват се бори за живот, откако со камион удрил во ѕид на тунел во Австрија и се запалил (ФОТО)

Давор Д. од Хрватска е тешко повреден во ужасна сообраќајна несреќа што се случи во петок, 9 јануари, на автопат во Австрија во тунел, во близина на Салцбург.

Хрват се бори за живот, откако со камион удрил во ѕид на тунел во Австрија и се запалил (ФОТО)

Според информациите, Давор возел камион кога, од сè уште непознати причини, удрил во ѕидот на тунелот, по што камионот се запалил. Иако австриските медиуми првично објавија дека романски државјанин е тешко повреден во несреќата, порталот GPMaljevac открива дека зад воланот на камионот бил хрватски државјанин.

Според извештаите, кога камионот и приколката - кои содржеле празна амбалажа - се запалиле, возачот успеал да излезе од кабината и почнал да трча низ тунелот. По околу 50 метри, тој едноставно се струполил.

Според локалните медиуми, состојбата на несреќниот возач е многу сериозна, тој е во кома и на респиратор, а лекарите се борат за неговиот живот. Давор се здобил со сериозни повреди, вклучувајќи пукната слезина, пет скршени ребра и сериозни повреди на белите дробови.

Се наведува дека станува збор за искусен возач кој со години работел во меѓународен транспорт.

По ужасната несреќа, сообраќајот во тунелот Брентенберг е затворен за сите видови сообраќај до понатамошно известување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивал

Македонската кинематографија забележа значаен успех на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, на кој два македонски филма освоија вкупно пет награди.

Пет награди за македонските филмови на Сараево филм фестивал

Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои четири признанија – Митиќ ја доби специјалната награда за промоција на родовата рамноправност, наградата за најдобра актерка ѝ припадна на Ева Костиќ за одличната изведба на улогата на Сара – нејзина прва улога на филм, а филмот ги доби и наградата на „Синеуропа“ и наградата од публиката.

Успех оствари и филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, кој ја освои специјалната награда „Младински перспективи“.

Од Агенцијата за филм истакнаа дека петте признанија уште еднаш ги потврдуваат квалитетот, авторската сила и меѓународниот потенцијал на современата македонска кинематографија, како и значењето на континуираната поддршка за развојот и меѓународната видливост на македонскиот филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војници

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, во гостување на Канал 5 најави покачување на платите во армијата од почетокот на следната година и трајно решение за статусот на професионалните војници. 

Мисајловски: Од јануари повисоки плати во армијата и трајно решение за статусот на професионалните војници

За ова рече дека следната недела ќе се разговара и со сите синдикати во одбраната.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото Водоча

Најмалку 20 пожари избувнале денеска ширум државата, од кои 11 се активни, инфгормираше пред малку првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

11 пожари горат ширум државата, најсериозен е во струмичко, во опасност е селото Водоча

Најсирозна е состојбата во струмичко, каде што има опасност за неколку села.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер