СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
2СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
ЖивотХРВ: СП 2034 не смее да се гради врз трупови на работнициНевладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес предупреди дека Светското првенство во 2034 година, кое ФИФА ѝ го додели на Саудиска Арабија во декември, „не смее да се организира врз трупови на работници“. Во најновиот извештај на ХРВ документирани се сериозни кршења на правата на работниците кои работат на инфраструктурни проекти поврзани со подготовките за Мундијалот. Извештајот е заснован на интервјуа со 31 семејство на работници кои загинале на градилишта, претежно од Бангладеш, Индија и Непал, на возраст од 23 до 52 години, како и тројца очевидци на фаталните несреќи. Бројни работници мигранти во Саудиска Арабија загинале во несреќи што можеле да се спречат, се наведува во извештајот на ХРВ. Поголемиот број смртни случаи не се класифицирани како несреќи на работното место, со што на семејствата им се одзема правото на надомест на штета. ХРВ наведува дека „дури и кога тоа право постои, процесот е долготрајно и исцрпувачки“. Имало случаи на електричен удар, обезглавување, смачкување … Саудиска Арабија претставува исклучително опасна работна средина, изјави заменик-директор на ХРВ за Блиски Исток и Северна Африка, Мајкл Пејџ. Тој додаде дека долготрајната изложеност на топлина, песок и прашина, неспроведувањето на постојните закони, ниското ниво на заштита на работничките права, како и целосното отсуство на слобода на говор, синдикално организирање и медиуми требало да биде аларм за ФИФА при доделувањето на домаќинот. На истражувачките тимови на невладините организации не им е дозволено да влезат во Саудиска Арабија, што беше случај и со Катар пред Светското првенство во фудбал во 2022 година. Авторите на извештајот прават директна паралела со ситуацијата во Катар, каде што бројни здруженија ги критикуваа условите за работа и големиот број смртни случаи помеѓу странските работници. Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветУапсен вооружен маж во голф-клубот на Трамп; „Спречена опасна ситуација“ Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп Маж вооружен со пиштол е уапсен откако за време на викендот фотографирал и снимал видеа на теренот на голф-клубот „Трамп Нешнал“ (Trump National Golf Club) на американскиот претседател Доналд Трамп, во округот Лос Анџелес, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес. Како што беше објавено, полицијата го пронашла возилото на осомничениот Џенин Џон Теил (38) на паркингот на голф-клубот, а во џебот од неговите панталони била пронајдена кутија со 16 куршуми со шуплив врв (hollow-point), додека во возилото биле пронајдени наполнето огнено оружје со куршум во цевката и уште една наполнета кутија со муниција со шуплив врв, пренесува ABC. Теил е уапсен поради носење скриено огнено оружје и поседување муниција за пробивање оклоп, односно забранета муниција, соопшти канцеларијата на шерифот. По апсењето, детективите пронашле дополнително огнено оружје и „повеќе тетратки што содржеле вознемирувачки записи“ во домот на мажот. Осомничениот, идентификуван како 38-годишниот Џенин Џон Теил од Дауни, Калифорнија, е задржан во притвор со одредена кауција од 250.000 долари, а неговото појавување пред судот се очекува на 26 август.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со водаВладата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ, бизнис зделка од 100.000 евра без тендер. Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028, без тендери, само свои компании. Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија а одговорни нема. Ниту еден. Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите. Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитрираат. Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето. Скопје, 05.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисАлкараз се повлече и од Мастерс турнирот во СинсинатиКарлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен? Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година. Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата. Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.Тагови: Карлос Алкараз тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter