Хронологија на настаните што доведоа до катастрофата во Нови Сад, сѐ почнало пред 3 години - Канал 5

Хронологија на настаните што доведоа до катастрофата во Нови Сад, сѐ почнало пред 3 години

14 лица загинаа во петокот при уривање на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Хронологија на настаните што доведоа до катастрофата во Нови Сад, сѐ почнало пред 3 години

Станицата била официјално отворен двапати, последен пат на почетокот на јули годинава. Во мај се работело на настрешницата, но не се знае што точно, пренесе Индекс.

Надлежните, пак, тврдат дека настрешницата не била дел од реконструкцијата, иако била дел од проектот. Новосадскиот портал 021.rs направи хронолошка реконструкција на случувањата околу станицата која ја пренесуваме.

4 септември 2021 година - Почеток на реконструкција на железничката станица

Реконструкцијата на зградата на железничката станица во Нови Сад официјално започнала на 4 септември 2021 година. Во првата фаза се најавуваше работа на првата и втората патека на платформата број еден, додека втората фаза требаше да опфати завршување на преостанатите колосеци. Дополнително, предвидена беше и замена на фасадата на целата станица.

19.03.2022 – Подготовки за доаѓањето на Орбан и Вучиќ

Во меѓувреме, на станицата е договорено да го дочекаат пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на српскиот претседател Александар Вучиќ со првиот воз Сокол што пристигна во Нови Сад на 19 март 2022 година. Возот од Белград пристигна за 33 минути, а на станицата се собра толпа граѓани за да ја пречекаат делегацијата. Сепак, како што објави порталот 021.rs, делот од станицата кон улицата Кисачка останал недовршен и бил покриен со голема завеса.

Септември 2022 година - Проблеми со отворање и протекување

Шест месеци по свеченото отворање, зградата почнала да протекува. На 28.09.2022 година, порталот 021.rs известува дека чекалната за деца е затворена поради вода во просторијата, а објавено е и предупредување за променет пристап до тоалетот.

Март - јуни 2023 година - Рокови и нови проблеми

Помошникот раководител на изградбата на брзата пруга, Веселин Симовиќ, на крајот на март 2023 година изјави дека работите ќе завршат до крајот на летото. Сепак, проблемите продолжија. Во јуни 2023 година, порталот 021.rs пишува за уривање во внатрешноста на зградата на станицата, а надлежните не дадоа одговор за можни поправки.

Јануари 2024 година - Привремено затворање и продолжување на работите

Зградата беше привремено затворена повторно во средината на јануари 2024 година. Само возовите за Белград можеа да ја користат платформата на главната станица, додека внатре во зградата се работеше на таванот, подот и фасадата.

23 јануари 2024 година – Министерството за транспорт им одби пристап до информации на новинарите

Министерството за транспорт на 23 јануари го одби барањето на порталот 021.рс за пристап до податоците за реконструкцијата, наведувајќи дека изведувачот од Кина не дозволува тие информации да бидат достапни на јавноста пред завршување на проектот. Порталот потоа испратил жалба до комесарот за информации, но одговор не е добиен.

04.02.2024 – Соопштение на министерот Весиќ

Министерот Горан Весиќ на 4 февруари најави дека станицата во Нови Сад ќе биде модерен објект по завршувањето на работите, вклучувајќи нова фасада и уредено плато пред зградата. Претставниците на српската железничка инфраструктура потврдуваат дека рокот за завршување на работите е 31 декември 2024 година.

Март 2024 - Напредок на работите

Во март 2024 година, Железничката инфраструктура на Србија објавува видео за напредокот на работите, на кое се гледа замената на мермерните површини, завршувањето на изолационите работи и работата на шините.

5 јули 2024 година - Второ свечено отворање

Станицата повторно беше отворена на 5 јули 2024 година, со присуство на избрани медиуми. На отворањето присуствуваа градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, министерот Горан Весиќ и претседателката на покраинската влада Маја Гојковиќ. Гојковиќ го изрази своето задоволство од завршувањето на проектот.

Октомври 2024 година - Ново затворање и внатрешни работи

Порталот 021.rs во текот на октомври добива поплаки од граѓани за нови работи внатре во зградата. За овие работи новинарите ја прашале Железничката инфраструктура на Србија, но не добиле одговор.

1 ноември 2024 година - Трагичен исход

На 01.11.2024 година се случи трагедија кога настрешницата која не беше вклучена во реконструкцијата падна врз граѓаните при што загинаа 14 од нив, а тројца се тешко повредени. Ден подоцна, одговорните ја префрлаат вината на пониски нивоа, додека на социјалните мрежи се појавуваат докази за работата во внатрешноста, во делот кој ден претходно падна врз граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер