Хроничната кашлица, еден од најчестите предизвици за лекарите - Канал 5

Хроничната кашлица, еден од најчестите предизвици за лекарите

Хроничната кашлица кај децата, е еден од најчестите предизвици со кои се соочуваат лекарите. 

Хроничната кашлица, еден од најчестите предизвици за лекарите

За подобра дијагностика, но и поефикасен третман околу 230 педијатри, од земјава и од странство изминатите три дена во Струга разменија мислења и искуства на првиот симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение.

Претседателката на здружението, професор доктор Татјана Јаќовска од Институт за белодробни болести кај децата во Козле, информира дека позади хроничната кашлица може да стојат многу причини. Хронична кашлица, појасни докторката, кај дете е ако кашла повеќе од четири недели, а возрасен повеќе од осум, за што педијатрите и матичните лекари треба да се насочат да увидат што се крие во позадина на проблемот.

- Дијагностиката е многу важна, а понатаму кога ќе знаеме со што се справуваме следува и терапија. Имавме размена на искуства, не само теоретски, имаше и практични делови. За мене е многу важна комуникацијата меѓу сите здруженија на Балканот, но и пошироко. Да се поврземе, кадарот да циркулира и да разменуваме искуства. Да пробаме на Балканот да ставиме некои насоки, протоколи за одредени респираторни болести, истакна Јаќовска

Иако имаат протоколи за лекување, сепак, нагласи, лекувањето на хроничната кашлица е индивидуално.

- Кај пациентите имаме индивидуален пристап, нема копи пејст терапии. На шест месеци се прават реевалуации, дали одговара дадената терапијата, доколку не се пробува со нешто ново. Да се погоди терапијата за секој пациент, посочува доктор Јаќовска.

Во однос на проблемот со респираторната кашлица, која е доста честа кај новороденчињата и доенчињата, но и малите деца, професорката Силвана Наунова Тимовска и претседател на Здружението за неонатологија, како дел од тимот за интензивна нега во Детската клиника, рече дека на симпозиумот слушнала знаења, кои ќе и користат во секојдневната пракса, но и оти ќе ги сподели со тимот, со цел да придонесат за здравјето на децата.

- Најголем предизвик е да се работи токму со најмалите деца, со новороденчиња и доенчиња, бидејќи кај нив суфициентен е говорот, самата возраст тоа не го дозволува. Затоа, тука е умешноста на самиот лекар, многу поткованост, многу размислувања, пациентот е пред нас и да можеме да препознаеме во однос на тоа кои симптоми ги има и да помислиме на сите можни решенија. Лесно е кога човек знае да каже и да те насочи. Затоа ни требаат вакви настани, каде што ќе споделиме искуства и ќе се надградиме во однос на знаењата, нагласи Наунова Тимовска.

Во секојдневната работа, посочи дека се соочуваат со различни предизвици. На прво место ги стави инфекциите, бидејќи кај сите новороденчиња, доенчиња и мали деца, целиот имун систем не е развиен, подолжни се на инфекции и многу брзо можат да од една лесна горна респираторна инфекција да се симне, да настане пневмонија, која е сериозно загрозувачка состојба и доколку не делуваме соодветно може да има поинаков исход.

На првиот симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение учествуваа околу 230 експерти, од земјава и странство, меѓу кои и професори од Кембрич, Англија, Хрватска, Србија...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

За три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства.

„Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти.

По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“.

Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект.

Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученици

Екстремно лоши резултати и назадување на македонските ученици. Најновите податоци од  меѓународното оценување ПИСА 2025 повторно го вклучуваат алармот за состојбата во образованието.

Повторно под просекот - ПИСА со аларм за македонските ученици

Министерката Весна Јаневска причините ги лоцира во реформите и образовните политики од претходниот период. Посочи дека најдобри резултати македонските ученици постигнале во 2018 година, во периодот на „Кембриџ“ реформата, по што следувало назадување.

,, За жал резултатите повторно се многу лоши но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите кои се претходно направени.,,

Но, реформите не се единствениот фактор. Според Јаневска, значајно влијание врз резултатите има и технологијата. Не може да се тврди дека вештачката интелигенција е главната причина, вели таа, посочувајќи дека можеби многу поголемо влијание имаат социјалните мрежи и неконтролираната употреба на мобилните телефони.

-Децата мора да се вратат и на основните навики – да се учат да читаат и пишуваат на традиционален начин. Но, технологијата не треба да се исклучи од образованието.

Истражувањето на ПИСА, покажа дека само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука, што е значително помалку во однос на развиените земји.

Наодите покажале дека само 26 отсто од учениците во Македонија го достигнуваат ниво 2 или повисоко по читање, а просекот во земјите на ОЕЦД изнесува 69 отсто. По математика, основното ниво го достигнуваат 32 отсто од учениците, наспроти 65 отсто просек во ОЕЦД, а по природни науки 36 отсто, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер