Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
1Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
Шоу бизХристијан Настески – Пајак, во ексклузивно интервју за Канал 5: На македонската сцена ѝ треба повеќе креативна храброст - младите треба да бидат свои, а не да копираат туѓ стилХристијан Настески, познат на помладата публика како Пајак, е едно од најсвежите и најпозитивните имиња на македонската музичка сцена. Во интервју за Канал 5, Пајак зборува искрено и со ентузијазам за тоа што моментално го движи, како ја доживува музиката и што ја прави неговата уметност толку блиска до публиката. Во моментов, целиот тим на Пајак е посветен на создавање нова музика. Со возбуда ни откри дека тие денови не се обични работни денови - тие се исполнети со идеи, проби, експерименти и многу љубов кон звукот. „Можам ексклузивно да ви откријам,“ вели тој, „дека работиме на нов албум, кој би требало да излезе следната година. Ова е еден нов почеток за нас и нешто што со нетрпение го очекуваме да го споделиме со сите“. Го прашавме како успева секогаш да остане оригинален и препознатлив, а тој објасни дека тајната е во искуството и посветеноста. „Тоа е комбинација од долгогодишни настапи и продукциско искуство, но и многу истражување, не само на македонскиот, туку и на регионалниот музички пазар“, вели Пајак. „Секогаш се трудам да ја правам музиката која ја сакам, бидејќи токму преку таа искреност мојата публика ме препознава“. Инспирацијата, додава тој, не доаѓа само од големите моменти, туку и од секојдневието. Прикажи ову објаву у апликацији Instagram Објава коју дели 🕷 Pajak 🕷 (@pajak.ur) „Секој момент, концерт, патување или било кое друго искуство е инспирација за сè што правам“, раскажува Пајак. „Се трудам преку песните да допрам длабоко до срцата на луѓето, преку реални искуства - било да се мои или на оние што ме опкружуваат. Тоа е суштината на мојата музика“. Го прашавме и што е она што би сакал да сподели за себе пред публиката, а таа сè уште не го знае. „Малкумина знаат дека учествувам во сите фази на проектите - од продукција, текст и аранжман, до постпродукција. Тоа е делот кој најмногу ме исполнува“, открива Пајак. Прикажи ову објаву у апликацији Instagram Објава коју дели 🕷 Pajak 🕷 (@pajak.ur) „Токму тоа учество од почеток докрај ми овозможува да ја задржам автентичноста во секоја песна“. Кога станува збор за домашната сцена, Пајак со јасен став посочува дека ѝ недостига повеќе продукција и охрабрување за младите артисти. „На македонската сцена ѝ треба повеќе креативна храброст. Младите треба да бидат свои, а не да копираат туѓ стил. Нема ништо поубаво од тоа да ја претвориш својата мисла или чувство во дело што ќе допре до луѓето“. Го прашавме и за меѓународните музички трендови и дали некои од нив го инспирираат. Пајак смета дека денес сите трендови се достапни благодарение на социјалните мрежи, но важно е како ги прифаќаме. „Сè зависи од тоа што ние како публика сакаме да прифатиме како тренд и дали тоа носи нешто позитивно. Во мојата музика секогаш се чувствуваат најновите трендови, но пренесени на начин кој ја задржува мојата енергија и македонскиот дух“, објаснува тој. Особено горд е на својата соработка со Елвир и Јован, имиња кои оставија длабока трага на македонската музичка сцена. „Тоа се дел од моите најдраги соработки“, признава Пајак. „Голема чест е да работам со луѓе кои некогаш ми биле идоли, а денес се дел од мојот тим. Не можам да кажам дека јас ги вратив на сцената - тие секогаш биле дел од неа. Нивната музика има трајни вредности за повеќе генерации, а јас само сакам да го продолжам тој дух заедно со нив. Очекувајте повеќе заеднички песни и проекти во блиска иднина“. Со скромност, но и силна уметничка визија, Пајак останува пример за млад артист кој не се плаши да биде свој, да сонува големи соништа и да ја раскажува својата вистина преку музика. Со интервјуто за Канал 5, само уште еднаш потврдува дека вистинската оригиналност не се учи - се живее. Новинар: Цеце Николова Тагови: музиката Пајак Христијан Настески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција на СДСМДобро е што Кузеска дава признание што од брусење шахти и казни на тие кои не употребуваат Северна, стигнавме денес и европските челници да употребуваат македонски идентитет и култураПрес-конференцијата на Богданка Кузеска каде посочува дека Урсула фон дер Лајен употребува македонски јазик, култура и идентитет, со оглед на фактот што доаѓа од партијата позната по тоа што кога беше на власт ги брусеше капаците од шахтите зошто имале сонце, ја разбираме единствено како големо признание на оваа Влада која од состојба каде Заев како премиер ги корегираше и казнуваше сите кои не употребуваат Северна дојдовме до ситуација европските челници да ја прифатат придавката македонски и да се јакне македонскиот идентитет. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МЕРМС во Женева58% од инсталираниот капацитет е од обновливи извори – следен чекор модерна мрежа и складирање.Делегација од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на UNECE Sustainable Energy Week која се одржа во Палатата на нациите во Женева, со фокус на прашањата поврзани со енергетската транзиција, енергетската безбедност, достапноста на енергијата и одржливиот развој. Во рамки на настанот се одржаа состаноци на Групата експерти за енергетска ефикасност (GEEE), Групата експерти за почисти електроенергетски системи (GECES) и Групата експерти за обновлива енергија (GERE), како и 35-тата сесија на Комитетот за одржлива енергија на UNECE (CSE). Во рамки на 13-тата сесија на Групата експерти за обновлива енергија (GERE-13), на панел-дискусијата Exchange of experiences on how to increase the uptake of renewable energy, Марко Минов од Секторот за обновливи извори на енергија, го претстави напредокот во спроведувањето на регулаторната рамка од Законот за енергетика и новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со кои се унапредува интеграцијата на енергетскиот пазар и се создаваат предвидливи услови за развој и инвестиции во обновливите извори. Како клучни реформи беа опфатени прекуграничната распределба на капацитети, балансирањето, оперативната сигурност, гаранциите за потекло, активните потрошувачи, енергетските заедници и конкурентните механизми за поддршка на производството од обновливи извори на енергија. Во излагањето, Минов го истакна и значителниот раст на капацитетите од обновливи извори на енергија во Македонија, особено на фотонапонските електроцентрали, а ги претстави и Годишните планови за изградба на енергетски објекти како инструмент за предвидлив и координиран развој на енергетскиот сектор и систематско планирање на нови производни капацитети и системи за складирање на енергија. Во рамки на дискусијата, меѓу другото беше нагласено и дека: „зголемувањето на капацитетите од обновливи извори е само дел од енергетската транзиција. Следниот предизвик е електроенергетскиот систем да стане пофлексибилен, поотпорен и способен да интегрира сè поголеми количини на варијабилни обновливи извори. Интеграцијата на нови капацитети од обновливи извори, модернизацијата на мрежна инфраструктура, пазарните механизми и складирањето на енергија ќе биде важен дел од идниот развој на енергетскиот систем“. Во рамки на 35 сесија на Комитетот за одржлива енергија (CSE-35) на тема Strengthening Energy Security, Affordability and Sustainability in an Uncertain World, меѓу другото беше одржана и дискусија на високо ниво, посветена на приоритетите, предизвиците и можностите за зајакнување на енергетската безбедност, достапноста и одржливоста. Во рамки на сесијата, Елена Ивановска, кабинетски службеник задолжен за следење на стратешките приоритети на Владата, која воедно претседаваше и со сесијата System-wide Solutions to Strengthen Energy Security, Affordability and Sustainability, се обрати во име на Македонија, претставувајќи ги приоритетите на земјата и конкретните активности за унапредување на сигурноста, достапноста и одржливоста на енергетскиот систем. Во своето обраќање, Ивановска истакна дека за Македонија, трите цели (енергетската сигурност, достапноста и одржливоста) се тесно поврзани и дека забрзувањето на развојот на обновливите извори, намалувањето на зависноста од увоз на електрична енергија и обезбедувањето сигурно снабдување бараат модерна, отпорна и регионално поврзана електроенергетска мрежа. Посебен акцент беше ставен на потребата развојот на мрежната инфраструктура да го следи брзиот раст на обновливите извори. Во таа насока, беше посочено дека Македонија од 2021 година, кога обновливите извори сочинувале околу 38% од инсталираниот производен капацитет, до 2025 година достигнала учество од околу 58%, со повеќе од 1.750 MW инсталирани капацитети од обновливи извори. Брзиот развој на сончевата енергија носи и нови барања за преносниот систем, особено поради децентрализираното варијабилно производство, двонасочните текови на електрична енергија и потребата од балансирање на системот. Ивановска посочи и на потребата од значителни инвестиции во преносната мрежа, унапредување на регионалната соработка и развој на механизми за флексибилност, батериски системи за складирање енергија и управување со потрошувачката. Учеството на претставниците од Министерството: Елена Ивановска, Билјана Матевска, Марко Минов, Сара Кочева, Ангела Алексова, Ненад Стојковски и Љубица Трајковска Лешоска претставуваше можност за размена на искуства со земјите членки на UNECE, претставници на меѓународни организации и експерти од областа на енергетиката, особено во делот на забрзувањето на енергетската транзиција и создавањето пофлексибилни, сигурни и одржливи енергетски системи, но и можност за претставување на реформите и искуствата на нашата земја. Државата останува посветена на сигурна, достапна и одржлива енергетска транзиција, со фокус на понатамошно зголемување на производството од обновливи извори, модернизација и проширување на мрежната инфраструктура, развој на складирањето на енергија, унапредување на пазарната интеграција и создавање предвидлива регулаторна рамка за нови инвестиции. Пораката од Женева е јасна: амбициозниот развој на обновливите извори мора да биде проследен со инвестиции во мрежата, флексибилност, складирање, регионална поврзаност и институционален капацитет. Само преку интегриран пристап може да се изгради енергетски систем кој истовремено ќе биде сигурен, отпорен и одржлив. Со почит, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: МЕРМС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16