НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
1НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеХрана што е штетна при доењето, ако се внесува прекумерноМајчиното млеко е најважниот извор на исхрана за новороденчето. Така, она што мајката го внесува може значително да влијае на квалитетот на млекото при доењето. Иако разновидна исхрана е препорачлива, постојат одредени намирници коишто мајката треба да ги избегнува или да ги внесува во ограничени количини за да не му наштети на своето бебе. Риба и морска храна Иако рибите се богати со омега-3 масни киселини и други полезни хранливи материи, треба да се внимава со нив. Некои видови риба може да содржат жива или олово, коишто се штетни за новороденчињата. Затоа е важно да се избере безбедна риба и морски плодови, за да се избегнат потенцијални здравствени проблеми за детето. [Портокалите се корисни за имунитетот, помагаат во враќањето на силата по вирусни заболувања и ја подобруваат состојбата на крвните садови.] Цитруси Богати со витамин Ц, овие овошки се одличен извор на антиоксиданси, но прекумерното внесување за време на доењето може да предизвика стомачни проблеми кај бебето. Поради високото ниво киселини, цитрусите го дразнат чувствителниот дигестивен систем на новороденчето, што може да доведе до често повраќање. Поради оваа причина, и цитрусите се препорачуваат во умерени количини. Нане и магдонос Овие билки се познати по нивниот вкус и мирис. Но, може да го намалат количеството млеко, иако се здрави и корисни во други околности. Затоа, и тие се препорачуваат во умерени количини заради претпазливост. Иако мајките треба да внимаваат на исхраната за време на доењето, тоа не значи дека тие мора целосно да ги исфрлат овие намирници од исхраната. Умереноста е клучна, а секојдневната исхрана треба да ѝ ги дава на мајката сите потребни хранливи материи, а и бебето да ја има најдобрата можна храна преку мајчиното млеко. Доколку се сомневате во исхраната, секогаш консултирајте се со педијатар или лекар кој може да ви помогне да донесете правилни одлуки за Вашето и здравјето на Вашето бебе. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook