3Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
ЖивотХрам со можна поврзаност со Александар Македонски откриен во ИракАрхеолози од Британскиот музеј во Лондон откриле два храма, едниот изграден врз другиот, во антички град во Ирак. Поновиот храм, се чини, датира од четвртиот век п.н.е. и има можна поврзаност со култот кон древниот бог Херакле и со Александар Македонски, иако неговото име не е спомнато. Постариот храм е пронајден при ископувања кај древниот сумерски град Гирсу, близу денешната населба Тело во југоисточен Ирак. Ископувањата се дел од тековниот потфат именуван „Проект Гирсу“. Остатоците од постариот сумерски храм биле пронајдени на истото место, под поновата градба којашто била посветена на Херакле и неговиот сумерски еквивалент, богот-херој Нингирсу - Фактот дека (поновиот, з.п.) храм бил подигнат на истото место каде што 1.500 години претходно се наоѓал другиот храм, не е случајно, а местото морало да има одредено значење за луѓето од Месопотамија. Тоа покажува дека жителите на Вавилонија во (четвртиот, з.п.) век п.н.е. имале огромно познавање за нивната историја. Наследството на Сумерите сè уште било многу живописно, појасни Себастијен Реј, археолог и куратор за Месопотамија во Британскиот музеј кој го предводи ископувањето, во изјава за „Лајв сајенс“ (Live Science). Кај поновиот храм е пронајдена и плочка од печена глина со зачуван натпис на арамејски и хеленски-коине јазик, што се однесува на „дарителот на двајца браќа“ - можна алузија на македонскиот владетел кој освоил голем дел од тогаш познатиот свет за време на неговото 13-годишно владеење од 336 година до 323 г. п.н.е. - Тој натпис е многу занимлив, бидејќи се споменува енигматично вавилонско име напишано на грчки и арамејски јазик. Поимот „Ададнадинаке“, што значи - „Адад, дарителот на браќата“, е јасно избрано како свечена титула поради неговиот архаичен тон и симболичните конотации. Сите докази укажуваат на фактот дека името било извонредно ретко, додава истражувачот. На наоѓалиштето, археолозите откриле сребрена паричка драхма, закопана под некаков олтар или светилиште, како и плочката со натписот. - Самиот натпис е поздрав до Зевс, грчкиот врховен бог, кој честопати е прикажан со гром и орел. И двата симболи може да се најдат на монетата, којашто веројатно била искована во Вавилон под власта на Александар Велики. Го прикажува и Херакле во младешка возраст, изјави Реј. Богот Зевс (инаку еквивалент на древномакедонското божество Дион), бил замислен предок на Александар, слично како и египетскиот бог Амон. Сè ова укажува дека Александар Македонски можеби директно и активно бил вклучен во обновувањето на светилиштето и оти можеби бил предвиден и споменик со ликот на Македонецот за во храмот по неговата смрт, велат археолозите. - Тој можеби имал можност да оди таму - или за време на неговиот престој во Вавилон, или по патот кон (градот) Суза. Значајно е тоа што тој можел да ги плати своите војници откако го зазел Вавилон, бидејќи градскиот ковчег му бил предаден. Ова значело дека Александар и неговите војсководци имале контрола врз богатството на тоа подрачје и веројатно го користеле вавилонското сребро за изработка на многуте монети што биле ковани во градот. Пронајдените фигурини, што потекнуваат од низа места во хеленистичкиот свет, во многу случаи морало да бидат носени во храмот од посетителите. Меѓу нив се и македонските коњаници кои имале силна приврзаност со Александар Македонски. Така, тие можеле да се поврзат и со култот на воинственото херојство, објасни Реј. Сепак, научниците сè уште не можат со сигурност да потврдат дали македонскиот владетел навистина го посетил ова место. Инаку, името на Александар Македонски го има на други пронајдени вавилонски записи од тоа време. На почетокот на овој 21. век се пронајдени и преведени тн. „Астрономски дневници“ од 4. век п.н.е. Во еден напис, како што пренесува и холандскиот професор Јона Лендеринг, се чита: А-лек-са-ан-дар, како што биле испишани слоговите со клинесто писмо. Историчарите ги искористиле астрономските податоци од овие записи за да го одредат времето на смртта на македонскиот освојувач, а тоа бил денот меѓу вечерните часови на 10 јуни и 11 јуни 323 година п.н.е. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаРазоткриена мрежа за шверц на кокаин во ЕвропаВо Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен. Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога. Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија. Во Белгија откриени 750 килограми кокаин Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија. Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни. Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: Европа кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски. Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани. „Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ се огласи по глобалниот прекин на услугите: „Работите не се одвиваат според планот“Од „Microsoft“ соопштија дека напорите за решавање на проблемот – за кој не се верува дека е резултат на сајбер-напад – не ги дале очекуваните резултати.Американската технолошка компанија изјави дека работи „итно“ на решавање на прекините во услугите, кои влијаеле врз голем дел од нејзините понуди. Во петок, „Microsoft“ пријави „делумно обновување“ на услугите во одредени региони, но напомена дека преземените мерки сè уште не обезбедиле трајно решение. Компанијата наведе дека разгледува „дополнителни чекори“ за „подобрување на севкупната стабилност на инфраструктурата“, притоа припишувајќи ги проблемите на „зголемено оптоварување“ на нејзината инфраструктура. „Ја цениме трпеливоста и разбирањето додека работиме итно на решавање на овој инцидент“, додадоа од „Microsoft“. Извештаите за проблеми со „Outlook“ – програмата за е-пошта на компанијата – се зголемија на приближно 130.000 на веб-страницата „Downdetector“ (која следи прекини во работата на сервисите) веднаш по 13:00 часот по источно време во четвртокот. Корисниците исто така пријавија потешкотии при пристапот до „Microsoft Teams“, апликацијата на компанијата за деловна комуникација, како и до асистентот со вештачка интелигенција „Copilot“ и други услуги во рамките на пакетот „Microsoft 365“. Од компанијата посочија дека проблемите би можеле да влијаат врз корисниците во кој било регион. „Microsoft“ објави на социјалните мрежи дека серверите станале недостапни и не ги поминувале автоматските проверки на функционалноста, што создало дополнителен притисок врз оние сервери што останале оперативни. Компанијата соопшти дека тестира промена во конфигурацијата за прераспределба на сообраќајот – кој се интензивирал во одредени делови од инфраструктурата – и дека ги рестартира погодените услуги за повторно да ги стави во функција. „Работиме на тоа безбедно да ги вратиме услугите во функција“, изјавија од компанијата. Сепак, американската компанија извести дека напорите за обновување не напредуваат според очекувањата, при што во петок наутро беа пријавени проблеми во Азија и Австралија. Австралискиот министер за внатрешни работи и сајбер-безбедност, Тони Бурк, изјави дека според „Microsoft“, ова не е сајбер-напад. „Тие веруваат дека се соочуваат со нешто слично на она што го видовме кај „CrowdStrike“ – ажурирање што тргнало наопаку“, изјави Бурк на прес-конференција. „Последиците со кои се соочуваат... значително влијаат врз системите за е-пошта“, додаде тој. Австралиската разузнавачка агенција и федералната полиција се меѓу организациите погодени од овој прекин. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20