Храброст: Индијка минала пеш 70 километри на минус 35 Целзиусови за да се породи

Трудница од северниот дел на Индија заедно со семејството среде зима пешачела дури девет дена до најблиската болница само за да се породи. Таа морала да мине повеќе од 70 км пат кој минува низ замрзната река и тоа на територија на која температурата се спуштала и до минус 35 степени Целзиусови.

Трудницата бидејќи немала избор, со оглед на тоа дека во нивното место нема болница, со семејството морала да оди девет дена за да стигне до најблиската болница за на свет да ја донесе приновата.

Меѓутоа, нејзините маки не завршиле тука. По породувањето, кога повеќето мајки одмораат заедно со бебињата, Индијката била принудена, со бебенцето и постарото синче за рака, пеш повторно да се врати дома.

Инаку, домот на ова семејство се наоѓа во местото Ладак, во подножјето на Хималаите. Поради суровите временски услови на таа територија нејзините жители се принудени на санки со денови да превезуваат намирници од продавница, а ноќите ги минуваат во околните пештери.

.

Денеска сончево со мала локална облачност, температура до 23 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

До сабота, како што соопшти УХМР, ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

26-годишник фатен при обид да краде возила

Дваесет и шестгодишник од полицајци бил фатен во обид да краде од возила ноќеска на една од тетовските улици. Полицајците го забележале половина час пред полноќ на улицата „Штипска" во Тетово.

– Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф" и „опел астра", со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица. Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Вакцини против грип кон крајот на месецов, бесплатни за ризични групи

Ќе има дополнителни вакцинални пунктови.

Вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат кон крајот на месецов, по што веднаш ќе почне процесот на вакцинација. Набавени се 40.000 дози на четири типни вакцини кои се производ на „Sanofi Pasteur", Франција (VAXIGRIP TETRA), информираат за МИА од Министерството за здравство.

Вакцините, како што истакнуваат, се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до пет години.

Како и претходните две сезони, заинтересираните лица ќе можат да ја закажат бесплатната вакцинација преку својот матичен лекар. Со цел избегнување на дополнително оптеретување на епидемиолошките служби при центрите за јавно здравје, каде досега се спроведуваше вакцинацијата против сезонски грип, годинава изготвуваме Акциски план кој ќе вклучи дополнителни вакцинални пунктови. На овој начин вакцинацијата ќе биде подостапна за граѓаните. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, посочуваат од Министерството за здравство.

притисни ентер