БалканХрабрата учителка од Загреб има 31 убодна рана, се уште дише со помош на апарат!Детската болница „Свети Дух“ во Загреб потврди дека повредената наставничка која застанала во одбрана на своите ученици имала 31 убодна рана. Но и дека здравствената состојба и е стабилизирана. И три деца повредени во нападот со нож се стабилни, јавува 24сата.хр. Вчера 19-годишник кој се лекувал на психијатриска клиника изврши трагичен напад во загрепското основно училиште во Пречко. Поранешниот ученик во ова основно училиште во напад со нож избоде наставничка и десетина деца.За жал еден ученик починал. Младиот човек е уапсен. „Наставничката е стабилна, се уште дише со помош на механичка вентилација, а за денеска е закажана дополнителна дијагностика за нејзиното лекување“, одговорија од болницата „Свети Дух“ и потврдија дека наставничката имала 31 убодна рана. Хрватското Министерство за здравство соопшти дека детето кое се лекува на клиниката во Ребро и двете деца на Клаиќева се стабилни и добро. Утрото по трагедијата пред основното училиште во Пречко владее молк и тага. Училиштето се уште е опкружено со полициска лента, а има околу 10 полицајци кои го обезбедуваат местото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook