Храбра жена со стап натепа 4- метарски крокодил, за да го спаси речиси проголтаниот сопруг - Канал 5

Храбра жена со стап натепа 4- метарски крокодил, за да го спаси речиси проголтаниот сопруг

Ентони Жубер (37) ловел риба со својот 12-годишен син на брана во Јужна Африка кога најлонот се фатил на дрво.

Храбра жена со стап натепа 4- метарски крокодил, за да го спаси речиси проголтаниот сопруг

За да го реши проблемот се симнал во водата, а потоа се случил ненадеен напад.

Крокодил долг четири метри демнел од работ и молскавично нападнал. Животното со вилиците ги фатило за нозете и почнало да го голта.

„Тој чекаше во заседа и ја искористи можноста додека јас бев во вода. Само што ме фати, почна диво да си ја треска главата. Летав во сите правци“, рекол човекот подоцна.

Ентони не можел да си ги види нозете бидејќи крокодилот го проголтал до половината.

„Сѐ што видов беа заби и зли очи. Ме влечеше во длабоката вода за да ме удави. Се обидов да му ги извадам очите со палците, но немаше никаква корист. Ме фрлаше лево-десно“.

Тој истакнува дека во тие моменти не чувствувал болка.

„Веројатно адреналинот проработи. Удирав силно, но тој не се откажа. Тогаш мојата сопруга Аналиса се појави со стап“.

Жената жестоко го нападнала ѕверот и почнала да го удира по главата, пренесува Daily Mail.

„По пет-шест силни удари вилиците се отворија, а крокодилот се лизна во водата. Веднаш ме извлекоа на брегот, крвав“.

Присутните ги завиткале страшните рани со крпи и го пренеле Ентони во најблиската болница.

„Дури кога крокодилот нурна, сфатив дека е спасен. Не разбирам како се снајдов. Половина од мојот сопруг беше во вилиците“, изјави храбрата Аналиса.

Со цел да помогнат во плаќањето на сметките за медицинска нега, пријатели и роднини на несреќниот Ентони започнале акција на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите

Бугарија е категорично против идејата на Брисел за воведување квалификувано мнозинство, наместо едногласност, како досега, при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Софија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите

За бугарската министерка за надворешни работи Петрова Чамова, неприфатлив е новиот документ презентиран во Брисел, кој предвидува земја членка во иднина да не може самата да го блокира напредокот на земја кандидатка се до финишот на преговорите. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Чамова ги отфрли информациите дека наводно се воделе неофицијални разговори за уставни измени со одложено дејство и за репреговарање обврските на Македонија.

-Знаете дека во моментов се одвива процес за можноста за воведување на квалификувано мнозинство во различни фази од процесот за проширување или во други политики на ЕУ, каде што јасно и категорично ја потенцираме позицијата против квалификуваното мнозинство, особено во сферата на проширувањето. Категорично отфрламе на какво било ниво заобиколување, предоговарање, преговарање со одредени земји – членки, желба за таков тип договори кои се во насока да го поткопаат постигнатиот компромис. Дали сме за уставни измени со одложено дејство? Одговорот е не. , изјави Велислава Петрова Чамова, министер за надворешни работи на Бугарија.

Петрова Чамова и денеска во Собранието го повтори вчера кажаното по средбата со македонскиот колега, Муцунски во Софија дека не бара ништо освен исполнување на досега преземените обврски на Македонија. Шефот на македонската дипломатија разговорите вчера ги оцени како конструктивни и со позитивен дух, но дека позициите на двете страни се уште се многу далечни.

-Позициите на Македонија и Бугарија во однос на прашањата поврзани со европската интеграција сè уште се многу далечни, но средбата со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова беше конструктивна и одржана во позитивен дух, при што е договорено дијалогот меѓу двете држави да продолжи по сите прашања од заеднички интерес, изјави вчера Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија.

Европската Комисија пред три дена го објави документот насловен „Подготовка за поширока Унија”, која освен предлогот за постепена интеграција на земјите кандидатки, предвидува драстично намалување на правото на вето во околу 150 меѓучекори во преговорите, за кои досега требаше едногласност. Конечниот збор ќе го има Европскиот Совет, кој следната недела ќе дебатира за овој предлог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр

Вооружена полиција интервенираше во Средното економско училиште „Мија Мирковиќ“ во Риека поради закана со оружје.

Драма во училиште во Риека: Ученик со пиштол се заканувал дека ќе направи масакр

Како што неофицијално дознава Индекс, еден ученик им се заканил на девојчињата со пиштол преку социјалните мрежи и најавил дека ќе „изврши масакр“. Полициски службеници биле повикани во училиштето, но ученичките не биле евакуирани. Младиот човек кој ги упатил заканите не се појавил во училиштето.

„Добивме пријава и во тек е кривична истрага. Полициски службеници се испратени во споменатото училиште, како и лицата одговорни за малолетничка деликвенција од полицијата“, не информираше полицијата во Риека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Урбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во Скопје

Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје.

Урбани Уметнички Акции-„Протест на неисполнетите ветувања“ – јавна уметничка акција во Скопје

Големи канти за ѓубре, исполнети со дваесетина протестни транспаренти со неисполнети ветувања на властите, се поставени на три локации во центарот на Скопје: на кејот на Вардар кај плоштадот, на улица „Македонија“ и на скверот кај КИМ на „Партизанска“. На секоја од кантите е испишана пораката „Протест на неисполнетите ветувања“.

Со оваа уметничка акција сакаме да ги потсетиме властите на ветувањата што им ги давале на граѓаните во изминатите дваесетина години, а кои остануваат нереализирани. На транспарентите се потсетува на ветувањата за мега паркови во Скопје, бесплатен јавен превоз, пруга до софија, автопати, пречистителна станица за отпадни води во Скопје, гасификација на домаќинствата, почист воздух и други долго најавувани проекти.

Кантите покрај со транспаренти на ветуванјата кои протестираат симболично се полни со пропаднати планови и ветувања што завршиле на буништето на историјата. Инсталациите го прикажуваат местото на кое завршува ветеното откако ќе поминат изборите, додека проблемите за кои биле дадени ветувањата остануваат дел од секојдневието на граѓаните. Се менуваат властите и роковите, но граѓаните продолжуваат да чекаат.

Акцијата потсетува дека неисполнетите ветувања не се само заборавени зборови, туку пропуштени можности за подобар град и поквалитетен живот. Преку хумор и јасна визуелна порака, таа повикува на јавна одговорност и на паметење на преземените обврски. Граѓаните имаат право да бараат исполнување на ветеното, а властите имаат обврска да објаснат зошто тоа не е реализирано.

Група Урбани Уметнички Акции

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер