3Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
БалканХовениер: САД се најпрокосовска земја во светот, тоа не значи владата може да прави што сакаСАД се најпрокосовска земја во светот, но тоа не значи владата може да прави сè што сака, вели Ховениер за ВОА. Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер вели дека односите меѓу Косово и Соединетите Американски Држави, како негови главен сојузник, се соочуваат со несогласувања за политичките одлуки на актуелната влада на Косово и непочитување на советите на американската влада во однос на српската заедница на Косово. Ховениер во интервју за Гласот на Америка (ВОА) вели дека разликите меѓу САД и Владата на премиерот Албин Курти немаат врска со правната страна на постапките, туку со нивниот дух и конкретните последици по српската заедница во Косово. Американскиот дипломат, како што пренесува МИА, вели дека САД бараат од Владата на Косово да не дејствува еднострано, туку да соработува со Вашингтон и другите западни сојузници, затоа што, како што порача, Косово може да напредува единствено со поддршка од САД. -Очекувавме Владата на Косово тесно да соработува со нас за да одговори на загриженоста на српските граѓани (кои живеат во Косово), бидејќи тие имаат право да ги имаат истите услови за живот, достоинството и безбедноста како и сите други граѓани на Косово и треба да го сториме тоа на начин кој ги почитува нив и ја унапредува заедничката визија за суверена, мултиетничка и демократска држава. Ова е целта кон која се обидуваме да работиме заедно и за ова бараме поголема соработка од владата, изјави Ховениер. Според американскиот амбасадор, не е само Косово, како што се вели, „најпроамериканската земја во светот“, туку „и САД се најпрокосовска земја во светот“ и поддршката за Косово на Американците им е ДНК-то. Меѓутоа, порача тој, тоа не значи дека „една влада не може да прави сè што сака“. -Мислам дека никогаш нема да дојде момент кога владата на САД и Американците нема да го поддржат народот и проектот на Косово. Тоа е дел од нашата ДНК. Се вели дека Косово е најпроамериканската земја во светот, но мислам дека и САД се и најпрокосовска земја во светот. Но, тоа не значи дека една влада може да прави сè што сака. Тоа не значи дека одредена влада може да носи политички одлуки за кои веруваме дека го поткопуваат она што заедно се обидуваме да го постигнеме, а тоа е интеграција во европските и евроатлантските структури, движење кон членство во ЕУ, членство во НАТО, членство во Советот на Европа, вели Ховениер. Тој додаде дека се чувствува комотно со она што САД го бараат од Косово, бидејќи тоа е за доброто на земјата. -Владата мора да донесе некои тешки одлуки. Бараме од неа подобро да ја заврши работата покажувајќи чувствителност кон грижите на малцинските заедници. Бараме од неа да работи поефикасно со земјите и организациите кои ќе ѝ помогнат да ги постигне тие цели. Она што го бараме е помалку унилатерална акција и повеќе соработка, изјави Ховениер во интервјуто за ВОА. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чЛишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/чНа 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.Тагови: Ресен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжуваМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари. Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард. Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра. Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија. „Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот. Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт. Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата. „Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб. Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица. Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата. Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook