Ховениер: САД не сакаат Република Српска во Косово - Канал 5

Ховениер: САД не сакаат Република Српска во Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека американските позиции во однос на Заедницата на општините со српско мнозинство, што треба да се формира во Косово, не се променети.

Ховениер: САД не сакаат Република Српска во Косово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека американските позиции во однос на Заедницата на општините со српско мнозинство, што треба да се формира во Косово, не се променети, односно дека таа треба да биде во согласност со Уставот на Косово и без извршни овластувања, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба и разговор со студенти во Митровица, Ховениер пред новинарите изјави дека САД не сакаат некаква Република Српска во Косово и дека не сакаат нешто што ќе има негативно влијание врз функционирањето на државата Косово.

- Ставот на САД е јасен, Заедницата мора да биде во согласност со актуелниот Устав на Косово и во согласност со одлуката на Уставниот суд. Заедницата не треба да биде трето ниво на власт и не треба да има извршни овластувања, порача Ховениер.

Американскиот дипломат изјави дека е изненаден од коментарите и критиките што се упатуваат за нацрт-статутот за формирање на Заедницата, предложен од високи западни функционери.

- Мислам дека фокусот треба да биде на тоа како Косово може да оди напред со усвојувањето на овој нацрт, а доколку има прашања за уставноста, како што кажав претходно, има само едно тело што може да одлучи што е во во согласност со Уставот, рече Ховениер, нагласувајќи дека само Уставниот суд на Косово може да одлучува за уставноста на предложениот нацрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

притисни ентер