3Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
БалканХовениер: Косово и Србија да ги исполнат обврските и посериозно да го сфатат дијалоготАмбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, порача дека Косово и Србија мора без одлагање да ги спроведат обврските што произлегуваат од бриселскиот дијалог, јави дописникот на МИА од Приштина.Во неговото обраќање на Косовскиот самит за мир и демократија, насловен „Радикални реалности: етно-политичка динамика и евроатлантска интеграција на Западен Балкан“, Ховениер рече дека САД го поддржуваат Косово во неговите аспирации за членство во Европската унија и НАТО. – Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, порача дека Косово и Србија мора без одлагање да ги спроведат обврските што произлегуваат од бриселскиот дијалог, јави дописникот на МИА од Приштина. „Нашата порака е јасна: потребна е посветеност за нормализација на односите Косово-Србија со крајна цел взаемно признавање. Ова останува јасна намера на САД... Очекуваме двете влади да постапат во согласност со сите преземени обврски во дијалогот. Очекуваме сериозно да го сфатат дијалогот. Една од работите што ме изненадува е оваа претпоставка на различни актери во Косово дека има и друг пат освен дијалогот“, рече Ховениер. Американскиот амбасадор ја истакна потребата од почитување на правата на малцинствата во Косово и нагласи дека е потребна нова, поенергична посветеност на дијалогот. „Она што ни треба е сериозност и цел во дијалогот. Потребен е нов, поенергичен пристап од двете страни. Најуспешните преговарачи секогаш размислуваат за ситуација 'победа-победа'. Тие размислуваат како да добијат нешто, но и нивниот колега да добие нешто за да бидат задоволни. Тоа е процес. САД сакаат да го видат ова, но без да ги загрозат темелите на Косово. Секоја промена на суверенитетот, независноста или територијалниот интегритет или демократијата на Косово нема да биде победа. Но, не е победа ниту кога не се почитуваат правата на малцинствата“, рече Ховениер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
СветТрамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху, се разговарало за воздушната одбрана на Украина и за ИранАмериканскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.Американскиот претседател Доналд Трамп одржа одделни средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон, кои Белата куќа ги оцени како позитивни и продуктивни. Двајцата лидери престојуваа во главниот град на САД за да присуствуваат на погребот на сенаторот Линдзи Греам, кој беше силен поддржувач на Израел и застапник за американската помош за Украина. По средбата со Трамп, Зеленски рече дека американскиот претседател го прифатил барањето на Украина за добивање лиценци за производство на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“. Средбата со Нетанјаху пак, Трамп ја оцени како позитивна, а израелскиот премиер за медиумите соопшти дека двајцата имаат разбирање за како што посочи, заедничката цел иран да не произведе нуклеарно оружје...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04
ЕвропаУнгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на водаУнгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ. Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агендаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда. Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација. Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter