ЖивотХотелиерите го откриваат значењето на белата постела во хотелските собиЗошто хотелите вообичаено користат бела постела за своите соби? Според познавачите од хотелската индустрија, одговорот е во спојот од стандардизација и психологија. Имено, Дилејн Меккој - менаџерка во „Кари хоспиталити“ (Coury Hospitality), која управува со хотелот „Колкорд“ во Оклахома Сити, САД, вели дека, по безбедноста, чистотата е апсолутен приоритет на секој хотел. - Белата, беспрекорно чиста постелнина веднаш му испраќа порака на гостинот дека хотелот е уреден и хигиената е на високо ниво. Креветот е главната точка на секоја соба и природно привлекува внимание. Кога е покриен со свежа, чиста, бела постелнина, гостинот добива впечаток дека целата соба е темелно исчистена и дезинфицирана, изјави Меккој за „Травел+лејжр“ (Travel+Leisure). Покрај тоа, белите чаршафи имаат и практични предности. - Тоа им олеснува на одговорните за одржување да забележат дамки и да проценат дали на постелата ѝ треба дополнително перење или замена. Многу луксузни хотели избираат бела постелнина токму од овие причини, објаснува Брукс Феринг, сопственик на „Беркли“ (The Berkeley) во Денвер. Крег Стриклер, претседател на компанијата „Валор хоспиталити партнерс“ (Valor Hospitality Partners) за Америка, се согласува дека хотелите претпочитаат бела постела и крпи бидејќи се полесни за одржување. - Белата боја не бледнее. Таквата постела и крпи траат подолго од обоените, бидејќи не бледнеат и нема разлика во нијансите по многубројните перења, истакнува тој. Амбер Едвардс, генерална менаџерка на „Хамилтон алфарета“ (The Hamilton Alpharetta), додава дека белата постелнина е идеална основа за уредувањето на собата. - Предноста на чистата, бела постелнина е што се вклопува во секој ентериер и овозможува да се истакнат другите елементи, како што се декоративните прекривки, елегантните перници и внимателно одбраните детали... Овој безвременски пристап придонесува за софистицираната атмосфера на луксузен хотел и го тера гостинот да се чувствува како да е во простор што е внимателно дизајниран и декориран, вели Едвардс. Значи, зад едноставната бела постела лежи многу размислување, обмислување и осмислување. Тоа не само што придонесува за естетскиот впечаток на хотелската соба, туку на гостите им дава и чувство на сигурност, уредност и удобност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПолски автобус се преврте во Унгарија; 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со температури до 36 степениВремето денес според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минутиПоголема фреквенција на возила има и на граничните премини. Зголемен број возила е регистриран утрово на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, информира Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државната патна мрежа генерално се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви и проодни. Поголема фреквенција на возила има и на граничните премини. На ГП Табановце се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека најголемо чекање има на ГП Богородица, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони. Посебна внимателност се советува на патните правци Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево. АМСМ ги повикува учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ги почитуваат ограничувањата, особено во услови на зголемен сообраќаен интензитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter