Хоспитализирани пет деца, нови 50 случаи на голема кашлица од 1 до 7 март - Канал 5

Хоспитализирани пет деца, нови 50 случаи на голема кашлица од 1 до 7 март

Од 1 до 7 март, пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. 

Хоспитализирани пет деца, нови 50 случаи на голема кашлица од 1 до 7 март

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје - 43, а пријавени се случаи во Тетово - три, по еден во Кочани, Кавадарци, Куманово и во Битола, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен синоќа.

Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години.

Возраста на заболените се движи до 40 години, а најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

- Заклучно со 7 март, во Република Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, осум се од Тетово, пет живеат во Куманово, во Гостивар два и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и Кочани. Заболените лица се на возраст од еден месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до четири години, односно 27 случаи или 15,6 проценти припаѓаат на возрасната група под една година, а 22 или 12,7 отсто се деца на возраст од една до четири години, а во возрасната група од 10 до 14 години се пријавени 43 случаи или 24,9 проценти, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 173, 102 случаи или 58,0 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.

Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11,9 години.

Од заболените, 33 лица се хоспитализирани или 19,0 проценти и тоа 28 или 84,8 отсто од нив на возраст до четири години.

- Согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, во периодот од 18 јануари досега, сите вакцинални пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензивна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација, се истакнува во извештајот на ИЈЗ.

Согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом - Скопје, од службите за вакцинација - Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, било утврдено дека се пронајдени 13.593 деца пропуштени за вакцинација. Oд нив, вакцинирани биле 5.756 или 42,3 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина - 2.879 или 50,0 проценти.

- Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 8.330 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 5.066 - 60,8 отсто од вакцинираните деца примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - прва, втора, трета доза или ревакцинација - прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 7 март изнесува 14.086, појаснуваат од ИЈЗ.

Во државава, без Скопје, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 7.394 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 2.560 или 34,6 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина - 1.225 или 47,9 отсто.

- Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 8.545 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент - 4.018 или 47,0 проценти од вакцинираните примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број на дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација - прва, втора, трета доза или ревакцинација - прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 7 март изнесува 11.105, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мост во Германија вреден 12 милијарди евра и претставен како чудо, стана промашување- нема да се користи за автомобили

Она што се претставува како сообраќајно чудо на акумулацијата Хоенварт во германската покраина Тирингија, всушност се покажува како бирократска апсурдност. 

Мост во Германија вреден 12 милијарди евра и претставен како чудо, стана промашување- нема да се користи за автомобили

Новиот мост, кој се гради тука за 12,4 милиони евра, нема да биде достапен за сите. За патниците, туристите и мајсторите кои пристигнуваат со автомобили, патот завршува на рампата. Во иднина, тие ќе мора да го заобиколат езерото до 35 километри за да стигнат до другата страна!

Оригиналниот мост бил срушен од Вермахтот во април 1945 година. Сега, повеќе од 80 години подоцна, треба да се изгради висечки патен мост помеѓу градовите Алтенбојтен и Паш до крајот на 2028 година. Со должина од 178 метри, тој би бил најкраткиот патен мост во Германија. Ќе биде потребно помалку од една минута за да се помине. Тоа е, ако ви е дозволено да го користите.

Субвенции наменети само за велосипедисти и пешаци

Проблемот е што 11,4 милиони евра што му се потребни на округот за изградба на мостот и што ги добива преку федерални и државни субвенции првенствено доаѓаат од средства наменети за велосипедски и пешачки сообраќај. Особено, федералните средства, во износ од околу седум милиони евра, се условени од тоа мостот да биде првенствено наменет за велосипедисти и пешаци.

Она што е необично е што, според надлежната администрација на округот Залфелд-Рудолштат, мостот е технички прилагоден за сите учесници во сообраќајот. На прашањето на БИЛД, институцијата одговори: „Ќе бидат обележани посебни ленти за пешаци, велосипедисти и патнички возила на двата пристапа кон мостот“.

Тие исто така додадоа: „Федералните средства доаѓаат од програмата „Иновативни проекти за велосипедски сообраќај“. Во оваа смисла, велосипедистите имаат приоритет за користење на мостот, но другите намени не се исклучени“.

Дали ова значи дека возачите на автомобили сè уште ќе можат да го користат мостот?

Одговорот на округот е да и не. Компромисното решение предвидува дека само автобуси, камиони за ѓубре, возила за итни случаи и жители на две блиски села смеат да го преминуваат мостот. Сите други нема да можат да го прават тоа.

Поранешниот градоначалник на округот Хартмут Холцај (68) смета дека изградбата на висечки мост, првенствено наменет за велосипедисти и пешаци, е прескапа.

Ова решение е особено тешко за туристите, занаетчиите и луѓето кои патуваат до работа. „Мил-фере“, единствениот автомобилски ферибот во Тирингија, ќе престане да работи штом ќе се заврши мостот. Ова значи дека возачите ќе мора да патуваат најмалку 25 километри подолго, а поради патни работи, заобиколувањето честопати ќе биде долго и до 35 километри.

Во текот на летните месеци, автомобилскиот ферибот „Мил-фере“ работи од 1994 година и сè уште служи како привремено решение.

Грит Хауке (51) од Здружението на даночни обврзници од Тирингија предупредува дека толку скапа транспортна врска, без реална корист за нормалниот патен сообраќај и регионалната економија, едноставно не претставува значајна инвестиција во инфраструктурата, туку „чисто трошење пари“. Мостот дури беше вклучен и во Црната книга за 2026/27 година, во која се евидентираат случаи на непосредно трошење пари на даночните обврзници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи Зеленски по првит ден преговори во Абу Даби: Мора да спречиме војната да се повтори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на првиот ден од разговорите во Абу Даби, Украина, САД и Русија разговарале за хуманитарни мерки, размена на воени заробеници, безбедносни гаранции и деескалација на конфликтот.

Се огласи Зеленски по првит ден преговори во Абу Даби: Мора да спречиме војната да се повтори

Украинскиот шеф на државата го објави ова на социјалната мрежа X, пренесува Укринформ.

„Нашиот преговарачки тим ме информираше за резултатите. Денес беше првиот ден од состаноците во Абу Даби. Прво, одржавме разговори со нашите европски и американски партнери, по што следеше трилатерален состанок на делегации од Украина, САД и Русија. Благодарен сум на сите партнери на Украина за нивната поддршка“, напиша Зеленски.

Зеленски ги опиша трилатералните разговори како „конструктивни и доста суштински“.

„Успеавме да разговараме за потребата од хуманитарни мерки и нивната можна рамка. Ослободувањето на воените заробеници е приоритет. Детално разговаравме за суштината на безбедносните гаранции за Украина и за темелите за обезбедување на нивната долгорочна ефикасност. Потребни ни се реални механизми што ќе спречат повторување на војната. Разговаравме и за потребата од мерки за деескалација“, рече тој.

Украинскиот претседател рече дека ѝ дал на делегацијата јасни инструкции за продолжување на преговорите, како за време на трилатералниот состанок на 11 ноември, така и во последователните разговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери во наредните денови.

„Главната цел е да се приближи мирот, а Украина ќе го даде својот придонес преку продуктивна, темелна и искрена работа. Им се заблагодарувам на американската страна за организирање на овие разговори, како и на Обединетите Арапски Емирати за обезбедувањето сигурно место за преговори“, додаде Зеленски.

Како што претходно објави Укринформ, САД ќе посредуваат во разговорите на работно ниво меѓу Украина и Русија, кои се одржуваат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Пред трилатералниот состанок во Абу Даби, претседателот Зеленски разговараше со претставниците на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“

Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Мицкоски: Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“

Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, настан посветен на препознавањето на успешните компании, претприемачкиот дух и придонесот на бизнис-заедницата во развојот на македонската економија.

Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава. Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари. Во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој.

Честитки до сите компании кои вечерва беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија.

Затоа што силна економија значи силна Македонија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер