Хороскопски знак кој никогаш нема да ве изневери - Канал 5

Хороскопски знак кој никогаш нема да ве изневери

Силен и доверлив, сензуален, љубител на се што е убаво, доста често е опкружен со материјални задоволства.

Хороскопски знак кој никогаш нема да ве изневери
Мечтае по скриена куќа во природа, добра харана и комфор. Допирот му е многу важен и во работата и во љубовта. Стабилен и конзервативен, ова е еден од најдоверливите знаци во Зодијакот. Инатот е особина која го движи да ги истера работите до крај. Исклучително креативен, ужива во креирање и умствени предизвици.
Со еден збор - Бик. (20 април – 20 мај)
Буржоаски живот
Во суштина, биковите се стабилни, урамнотежени, конзервативни личности, чесни граѓани и љубители на мирот. Сакаат да ги поседуваат сите добри квалитети на буржоаскиот начин на живот. Бидејќи биковите имаат чувство за материјалните вредности, сакаат да поседуваат вредни работи и хорор им е да запаѓаат во долгови, тие ќе направат сè што е во нивна моќ за да го одржат безбедното финансиско статус кво. Порано или подоцна, парите ќе дојдат во нивни раце. Бикот воопшто не е скржав, туку напротив, дарежлив е со парите, колку што е широк во срцето.
Одлучна и комуникативна особа
На прв впечаток, бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност. Но, кога ќе се зближите со него, ќе установите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози, туку активно партиципира во разговорите. Тој промислено ги прави своите чекори, но кога еднаш ќе се реши на нешто, невозможно е да го премислите. Доколку бикот е оставен сам на себе, тој се претвора во ведра, расположена и безгрижна личност.
Голем интелектуалец
Бикот има големи познавања за светот во којшто живее, мислите му се поврзани и знае убаво да се изразува. Неговиот мозок е како сунѓер, кој впива информации и факти и ги складира, сè до оној момент кога ќе може да ги употреби за да го импресионира градоначалникот на некое далечно местенце, за кое никој не чул, освен се разбира бикот. Тој не само што слушнал за тоа далечно место, туку умее да ги наведе сите статистички податоци поврзани со него, неговата економија, политика и меаните во кои ја служат најдобрата храна.

Гурман
Бикот е навистина голем обожавател на храната. Тој сака да ја проба секоја добра кујна и е многу незадоволен кога наместо со вкусен оброк, е послужен со храна од послаб квалитет. Нему не му пречи да потроши повеќе пари на обилно јадење за целата маса, сè додека неговите придружници се благодарни и ја ценат уметноста на храната. Како што и се очекува, бикот обожава да организира и да биде повикуван на ноќни забави, кои вклучуваат убава храна.
Почит кон уметноста
Бикот има страст и наклонетост кон уметноста и има голем мерак да научи доволно за неа. Најчесто, тој навистина може да препознае добро уметничко дело и ги познава техничките причини кои го докажуваат тоа. За повеќето бикови, музиката има посебна улога во нивниот живот, а претставниците на овој знак имаат тенденција да бидат одлични музичари. Тие сакаат и да пеат и да бидат слушнати од голема публика.
Образован и одговорен кон себе
Бикот не сака да биде во близина на ниско интелигентни луѓе и има возвишено мислење за себеси кога отфрла од својот живот, некој кој не е доволно интересен или не е доволно образован. Од прво, може да помислите дека тој е само еден голем сноб, но кога добро ќе го запознаете, ќе сфатите дека неговото расудување е базирано на неговиот основен вредносен систем. Според тој систем, секоја индивидуа има одговорност да ја култивира својата интелигенција и смета дека оние луѓе кои не ги искористуваат приликите да научат нешто ново во животот или пак оние кои немаат волја да си ги создадат таквите прилики, треба да се срамат од себеси. Тој не верува во „жртви на околности“, бидејќи самиот тој ги користи сите ситуации од кои има некаква полза и не може да сфати зошто сите останати луѓе не би можеле да го направат истото.
Ги бидува за водење бизнис
Бикот има тенденција да биде добар бизнисмен. Тој ја разбира идеологијата на бизнис стратегиите и знае како истите да ги имплементира за да родат успеси. Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конкуренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа. Ако работи во департманот за продажба, неговиот тим ќе биде најдобриот, најпаметниот и најпродуктивниот во целата индустрија. Насоките кои им ги дава на своите вработени, лесно влегуваат во нивната глава, па ќе им биде потребно многу кратко време за да почнат да го почитуваат и да веруваат во неговиот суд и здрава логика.
Романтичари во љубовта
Предводен од Венера (планетата на љубовта), љубовта е многу значаен дел од животот на бикот. Тој знае да биде многу романтичен и умее да поттикне интерес кај спротивниот пол. Бикот го обожава предизвикот кој го поставува пред својот потенцијален љубовен партнер: неговото срце мора да биде прво освоено. Кога тоа ќе се случи, бикот ќе биде посветен, романтичен и лојален партнер, сè додека неговиот партнер е љубезен и покажува почит спрема него.Повеќето бикови во љубовта имаат тенденција да ја играат „играта на чекање пред врзување“. За жал, голем број бикови си имаат почувствувано на нивната кожа, дека таквото однесување не оди баш во нивна полза. Тие треба да се изборат со тоа, на начин што ќе прават бебешки чекори кои водат кон акција. Побарајте го телефонскиот број на симпатијата, пратете му/ѝ имејл порака, направете нешто, што било!
Цврсти и успешни личности
Бикот поседува една неверојатна карактеристика, која му овозможува да може да поднесе физичка и психичка болка, со години, без ниеднаш да се пожали. Колку повеќе проблеми наидуваат во неговиот живот, толку поцврст станува. Бикот има репутација на сериозен хороскопски знак, но сериозен не значи и досаден. Всушност припадниците на знакот бик, уживаат во градењето цврста, стабилна и долготрајна кариера. Една од најголемите дарби на бикот, е неговата способност да смисли инспиративна идеја и да ја трансформира во остварлив, конкретен план.

Идеални професии за бик: музичар, креатор на парфеми, архитект, сметководител, моден дизајнер, графички уметник, манекен/сопственик на модна куќа, ботаничар…
• Најкомпатибилни знаци: девица, јарец, рак, риби
• Омилени бои: сина, зелена, темно жолта, окер
• Животно мото на бикот: „Биди убав или оди си дома“, „Имам значи постојам“, Грижи се за своите сетила, а сето друго ќе си се погрижи само по себе.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Честит 8 Септември

Денот на независноста е еден од најзначајните датуми во историјата на нашата земја. 

Гаши: Честит 8 Септември

35 години живот на една држава не се многу, но се доволни за да разбереме дека државноста не се постигнува само со еден политички акт, со референдум или само со прогласувањето на независноста. Државата е нешто што се гради секој ден – со функционални институции, со еднакво право за сите, со одговорност, со работа, со образование, со економски развој и, пред сè, со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата.

Оваа годишнина треба да ја гледаме со верба и оптимизам, преку она што сме го изградиле, но и преку она што останува да го направиме.

Нашата Република е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. Оваа разновидност не треба да биде извор на поделби, туку наша заедничка сила. Во темелите на нашата држава секогаш треба да стојат еднаквоста и чувството дека секој граѓанин има свое рамноправно место во државата.

Наша заедничка должност е да градиме држава во која институциите им служат на граѓаните, во која законите се применуваат еднакво за сите, во која корупцијата не се толерира и во која европската перспектива е заедничка цел.

На овој посебен ден, посакувам нашата држава да биде место во кое никој нема да се чувствува како странец, во кое разликите се можност за успех, во кое институциите се посилни од тесните интереси и во кое секој млад човек може со убедување да каже: „Тука е моето место и тука ја гледам мојата иднина.“

Со верба во граѓаните, со одговорност кон државата и со заедничка работа, да ја градиме државата што сакаме да им ја оставиме на идните генерации.

Честит 8 Септември – 35-годишнината од независноста на Македонија!

Африм Гаши

Претседател на Собранието на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста

По повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани. 

Честитка од претседателот на Уставниот суд, Костадиновски по повод 8 Септември -Денот на независноста

Почитувани сограѓани,

Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката.

Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото.

Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина првоборецот Илија Дуновски, член на Првата македонска ударна бригада

Денеска во Охрид почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба од 1941 година. 

Почина првоборецот Илија Дуновски, член на Првата македонска ударна бригада

Дуновски, кој е роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден од основачите и членови на Првата македонска ударна бригада - формирана за ослободување на Македонија. Дел е и од 15-от Македонски корпус како учесник на Сремскиот фронт за конечно ослободување од фашистичкиот окупатор. На тој начин силно се втемелува во изградбата на современата македонска држава.

Токму за својата храброст за време на Втората светска војна е добитник на бројни воени и општествени одликувања и признанија, меѓу кои и Орденот за храброст од поранешна СФРЈ.

По повод државниот празник Илинден, пак, на 2 август 2022 година, Дуновски беше одликуван и со највисокото државно признание - Медал за храброст од страна на тогашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Признанието му беше доделено за неговата пожртвуваност и животна посветеност на високите цели на заедницата, како и за неговиот целокупен влог во слободата на македонскиот народ.

Ќе остане запаметен по неговата секогаш препознатлива девиза: „Војната, како и сите животни битки, не се добиваат со оружје, туку со срце“.

Погребот на Илија Дуновски ќе биде утре (9 септември) од 13 часот на Градските гробишта во неговиот роден Охрид, соопштува семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер