ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
1ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
2ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
СветХорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)Еден човек загина откако падна од возење на тобоганот во Six Flegs во Џорџија вчера попладне, додека други четворица се повредени, соопшти американската полиција и очевидци. Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа дека мажот некако бил „исфрлен од тобоганот“, по што удрил во различни делови од него. Некои тврдат дека загинатиот маж бил со дете во тобоганот, но надлежните не соопштуваат ништо за тоа. - Тој беше на нашите слики. Тој падна и удри во тобоганот три пати, рече еден сведок, додавајќи дека телото на мажот удрило други луѓе пред да слета на друга атракција подолу. 🚨#BREAKING: A father has just FALLED TO HIS DE@TH off of a rollercoaster at Six Flags near Atlanta GA. Witnesses say the father was riding with his child and then flew out of seat, smashed into riders behind him, and hit the rollercoaster several times before ultimately falling to the ground. One of the most horrifying stories I've ever heard. Please pray for this family, I cannot even imagine what they are going through. — Matt Van Swol (@mattvanswol) October 12, 2026 Six Flags cut $200M in costs and 10% of staff after the 2024 Cedar Fair merger. Workers flagged maintenance getting squeezed. Goliath's 200 feet, 70 mph. Now a rider's dead off it. — IredcapI (@IredcapI) October 12, 2026 „Сикс Флегс“ го евакуирале ролекостерот и го затвориле паркот откако човекот паднал, а на едно од видеата се гледа како тобоганот застанал и посетителите на паркот излегуваат од скалите покрај оградата. - Убаво си поминувавме и од тоа само почнавме да викаме: „О, Боже, што се случува? - изјави една жена сведок на падот. Портпаролот на „Sixs Flags Park“ рече дека паркот и локалните власти веднаш реагирале и целосно соработуваат со истрагата. - Длабоко сме тажни поради инцидентот со гостите во нашиот парк денеска - рече портпаролот. Надлежните сè уште не потврдуваат како починало лицето, ниту што ги нанело повредите на останатите. Исто така, не е јасно што го предизвикало инцидентот. Детективите од Единицата за големи злосторства во округот Коб истражуваат. Минатиот месец, Six Flags Magic Mountain во Јужна Калифорнија објави дека го пензионира својот познат тобоган X2 поради тужбите кои тврдат дека возењето предизвикало сериозни повреди на мозокот. Исто така, Six Flags неодамна ја финализираше тужбата за неправилна смрт поднесена од семејството на 22-годишен маж кој почина откако се возеше на тобоган во 2022 година, а уште три тужби за наводни трауматски повреди на мозокот беа поднесени минатата недела. PHOTO: Person who reportedly fell and died from a roller coaster at Six Flags Over Georgia. https://t.co/bkS947KR8j — Scope Report (@ScopeReport_) October 12, 2026 Минатата година, 32-годишен маж почина откако се возел на тобоган со голема брзина во забавниот парк „Епик Универзум“ на Universal во Флорида. Тој починал како последица на траума од тапа сила, а неговата смрт била прогласена за несреќен случај.Тагови: ролеркостер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook