Хорор во Белград: Ученик пукал во училиште во Белград, убиени 8 ученици - Канал 5

Хорор во Белград: Ученик пукал во училиште во Белград, убиени 8 ученици

Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Врачар во Белград. 

Хорор во Белград: Ученик пукал во училиште во Белград, убиени 8 ученици

Ученик од седмо одделение започнал да пука од огнено оружје на час.

Според дел од српските медиуми во инциденот се убиени 8 ученици, професорка и чуварот на училиштето.

ТВ Пинк пренесува дека 14 годишен ученик пукал во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и го убило чуварот. Неколку ученици се повредени.

Според истиот медиум ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, дошол во училиштето вооружен и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути.

Пет ученици се пренесени во болница и се во стабилна состојба . На терен се голем број екипи на брзата помош и полицијата.

Во Тиршова болница се префрлени три деца, од кои едното е во животна опасност, соопштија за Танјуг од болницата. Две деца се пренесени во Ургентниот центар во Белград.

Ученикот пукал од пиштол, за кој се верува дека го донел од својот дом.Неофицијално ученикот испукал дури пет шаржери.

-Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на оваа училиште - велат од српскиот МУП и додаваат дека лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.

На местото на настанот пристигнале и контрадиверзантски екипи, бидејќи во една училница бил пронајден ранец во кој имало пиштол и неколку шишиња со запалива течност. Засега не се знае кој го донел тој ранец.

Се уште се чека на официјална потврда за бројот на загинати и ранети.

Момчето кое употребило пиштол е уапсено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки

Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот.

Постапка е поведена и против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил сопругата. На 20 јуни, во возило ја влечел и се заканувал на жената, а во еден момент сакал да ја удри со стаклено шише. Оштетената во возење ја отворила вратата и скокнала од возилото, а осомничениот застанал и се обидел на сила пак да ја внесе внатре. На жената и нанел телесна повреда, што е казниво според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во двата одвоени настани, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничените да го напуштаат живеалиштето, обврска да се јавуваат во судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде тие се движат, соопшти Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.

Обвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик.

На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала.

Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од ОЈО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)

Три момчиња загинаа на плажа во близина на Тарагона во шпанската Каталонија каде што беше подигнато жолто знаме поради високи бранови, објавија денеска властите.

Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)

Несреќата се случила во петок кога група од 6 момчиња скокнале во морето од карпите. Тројца од нив успеале сами да стигнат до брегот, додека тројца други биле извлечени од спасувачите.

Дванаесетгодишно момче починало на местото на настанот и покрај напорите за реанимација. Две 13-годишници биле однесени во болница каде што починале, соопштија регионалните служби за итни случаи. Претседателот на Каталонија, Салвадор Иља, изјавил дека е „длабоко тажен“. „Во овој момент нема зборови за толку голема болка“, рекол тој на X.

YouTube video

Градската администрација на Тарагона прогласи тридневна жалост. „Не треба да преземате непотребни ризици. Не треба да скокате од карпите под никакви околности“, изјавил градоначалникот на Тарагона, Рубен Винуалес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер