Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
2Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани
ФормулаХорнер: Титулата на Верстапен во 2021 година е клучен момент во историјата на Ред Бул Извршниот директор на формула 1 тимот Ред Бул ја нарече првата титула на Макс Верстапен најважна во нивната клупска историја.Хорнер, зборуваше за напредокот на холандскиот возач и потсети на контроверзниот крај на сезоната 2021 година. - Го гледавме Макс како расте откако тој се приклучи на тимот како тинејџер. Го гледавме неговиот развој и исклучителниот талент. Беше само прашање да му ги дадеме алатките за да го покаже тој талент. Првата титула во 2021 година – еден од клучните моменти во нашата историја. Таа сезона беше како борба во тешка категорија - од првата рунда во Бахреин до финалето во Абу Даби, 21 трка подоцна. Потоа дојде доминантното првенство во 2022 година и неверојатната сезона 2023 година. Ова му овозможи на Макс да обезбеди место меѓу најголемите имиња во нашиот спорт и секоја година да ја зацврстува својата позиција. Според мое мислење, тој повеќе од тоа го заслужува, изјави Хорнер во интервју за магазинот „Формула 1“. Во тековната сезона Верстапен повеќе пати се пожали на перформансите на болидот. Се шпекулира со негов трансфер во друг тим по завршување на тековната сезона.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓаниЗабраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен. Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло. Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.Тагови: визи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаИталијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратонИталијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10