СветХонг Конг: 14 месеци затвор поради протестен слоган на маицаВо Хонг Конг денеска беше изречена првата пресуда по новиот строг закон за национална безбедност – дваесет и седумгодишниот Чу Кај-понг е осуден на 14 месеци затвор поради носење маица со протестен слоган.Тој беше обвинет за извршување на дело со бунтовничка намера, а казната е изречена поради тоа што на 12 јуни оваа година носел маица со натпис „Ослободете го Хонг Конг, револуција на нашето време“. Овој слоган беше популарен на антивладините протести во 2019 година. Властите тврдат дека слоганот имплицира отцепување на Хонг Конг од Кина, што е црвена линија за Пекинг. Обвинителството го обвини Чу за ширење омраза и незадоволство кон уставниот поредок. Судот нагласи дека ова е вторпат Чу да биде осуден поради вакво дело оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолскиот претседател со вето го запре законот за истополово партнерство Полскиот претседател денеска стави вето на два закона со кои ќе се воведеа таканаречени договори за соживот. Таа одлука го запре обидот за подобрување на положбата на истополовите парови во Полска, една од ретките членки на Европската унија која сè уште не гарантира речиси никакви права на ЛГБТ лицата, пишува Ројтерс. Премиерот Доналд Туск ја презеде функцијата во 2023 година со ветување за реформирање на законите за абортус и правата на ЛГБТ заедницата. Сепак, поделбите во неговата проевропска коалиција, како и правото на вето што го користи националистичкиот претседател Карол Навроцки, му го отежнуваат спроведувањето на тие цели. Предложените закони за статусот на најблиското лице и договорот за соживот ќе им овозможат на двајца возрасни да го регулираат заедничкиот имот, пристапот до медицински информации или организирањето погреб по договор. Предлозите беа поддржани од целата владејачка коалиција, вклучително и конзервативната партија ПСЛ. Тие претходно ги отфрлија сличните иницијативи од страв дека тоа ќе ја загрози институцијата брак. Сепак, Навроцки, сојузник на опозициската националистичка партија Право и правда (ПиС), рече дека предлозите одат предалеку. Одбрана на „специјалниот статус на бракот“ „Овие предлози создаваат нова, формализирана институција во рамките на семејното право, која нуди широк спектар на права слични на оние на бракот“, рече претседателот во видео порака. „Како чувар на Уставот, не можам да прифатам решение што би довело до губење на посебниот статус на бракот. Тој е дефиниран во член 18 од Уставот како заедница на маж и жена под заштита и грижа на Република Полска.“ Туск остро реагираше на одлуката на претседателот. На платформата X тој објави: „Претседателското вето е израз на презир кон луѓето и нивното право на среќа и нормален живот.“ За да го поништи ветото, на Владата ѝ е потребно мнозинство од три петтини, со присуство на најмалку половина од претставниците во парламентот. Со оглед на тоа што националистичката опозиција се спротивставува на законите, таков исход во пракса е речиси невозможен. Катаржина Котула, владина комесарка за рамноправност, рече дека одлуката на Навроцки ги игнорирала двата милиони луѓе што живеат во неформални врски во Полска. Котула објави дека сега ќе се фокусира на обезбедување на сите достапни права и привилегии за истополовите бракови склучени во странство. Имено, Полска мораше да ги признае по пресудата на Судот на Европската Унија. Кампањата против хомофобијата (KPH) соопшти дека законите на кои претседателот стави вето се само „скелетот на првата верзија на законот за граѓанско партнерство“. „Денешното вето на овој предлог покажува дека дури и апсолутниот минимум права што законот требаше да ги обезбеди е премногу за претседателот“, се вели во соопштението за медиумите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМохамед Салах ќе игра во Турција, неговиот агент слета во Истанбул Агентот на Мохамед Салах, Рами Абас, пристигна во Истанбул, а според најдоверливите турски медиуми, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул е многу блиску до преселба во Бешикташ.Според новинарот Јагиз Сабункуглу, Салах првично барал плата од 15 милиони евра по сезона, но по преговорите се согласил на 12 милиони. Се очекува Египќанецот да потпише едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Рами Абас, агентот на Салах, пристигна во Истанбул за да ги договори последните детали за трансферот со челниците на Бешикташ. Доколку нема непредвидени проблеми, Салах наскоро би требало да стане новото големо засилување на истанбулскиот гигант. Салах имаше профитабилни понуди од Саудиска Арабија и МЛС ова лето, но, според турските медиуми, тој одлучи да остане во европскиот фудбал. Бешикташ претходно го доведе Леандро Тросар, па доаѓањето на Египќанецот би претставувало уште еден голем трансфер. Црно-белите се чини дека не планираат да застанат тука. Турските медиуми објавуваат дека Бешикташ е сериозно заинтересиран и за Ромелу Лукаку, кој е исто така меѓу главните цели на клубот во овој преоден рок.Тагови: Мохамед Салах Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднинаВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората. Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори. ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите. Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета. Тие не сакаат ЕУ. Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале. Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал. Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30