Хонда бележи загуби во милијарди- се залетале во скапа електрификација - Канал 5

Хонда бележи загуби во милијарди- се залетале во скапа електрификација

Honda, како и многу глобални производители на автомобили, на тежок начин учи колку скапи можат да бидат грешките и прекумерните инвестиции на пазарот на електрични возила.

Хонда бележи загуби во милијарди- се залетале во скапа електрификација

Јапонската компанија веќе направи значителни отписи поврзани со своите напори за електрификација и сега се опоравува од четвртиот квартал по ред со оперативни загуби во сегментот, пренесе Индекс.

Загубите се натрупуваат

Во деветте месеци што завршија на 31 декември, Хонда пријави 267,1 милијарди јени (1,71 милијарди долари) во отписи и трошоци поврзани со нејзиниот влез на пазарот на електрични возила. Иако финансискиот удар не го достигна нивото на проблемите на Ford со електричните модели, тој сепак е загрижувачки индикатор за стратегијата на Honda.

Компанијата одложи неколку претстојни електрични модели и го објави својот четврти квартал по ред со оперативни загуби. Во првите три квартали од фискалната година, овие загуби изнесуваат вкупно 166,4 милијарди јени, или 1,07 милијарди долари. Порталот Auto News проценува дека загубите поврзани со електричните возила на годишна основа би можеле да се зголемат на 700 милијарди јени, што е околу 4,48 милијарди долари.

Коментирајќи ги најновите финансиски резултати, извршниот потпретседател Норија Каихара призна дека компанијата мора „да направи темелен преглед на нашите стратегии за да ја обновиме нашата конкурентска сила“.

Проблеми во соработката со GM

Трошоците наскоро може дополнително да се зголемат бидејќи Хонда ја прекинува својата тесна соработка со General Motors за развој на електрични возила. Хонда наводно го намалила бројот на возила што ги нарачала од GM и му исплатила компензација на американскиот производител.

Преврт на стратегијата

Уште во 2024 година, Хонда ја објави целта за продажба на до два милиони електрични возила годишно до 2030 година. Сепак, компанијата јасно ја прецени глобалната побарувачка, што делумно беше под влијание на промената на администрацијата во САД пред малку повеќе од една година. Според Каихара, компанијата сега планира „значително да ја ревидира нашата идна стратегија за електрични возила“ и се очекува да презентира ажуриран план во блиска иднина.

Клучен дел од новата насока ќе биде обновениот акцент на хибридните модели. Хонда има за цел да ја удвои продажбата на хибриди на 2,2 милиони единици до 2030 година, сигнализирајќи јасно отстапување од својот претходен целосно електричен пристап.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски.

Филипче: Хаосот во Собранието беше театар за прикривање на неуспесите на Мицкоски

„Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека ги нема, сега очајно му треба алиби“, истакна Филипче.

Кога нема резултати во економијата, кога растат цените и паѓа животниот стандард, Мицкоски наместо да понуди решенија избира навреди и закани кон пратениците од опозцијата.

„И кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието. Граѓаните ги нарекува талог на општеството, глодари, медиокритети, мекотели, секакви погрдни зборови избираше во изминатиот период, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието. При тоа, навредите многу повеќе кажуваат за него, отколку што кажуваат за било што друго. Тоа ли е универзитетски професор? Тоа ли е премиер, претседател на Влада?“, рече Филипче.

Во однос на изнуденото и срамно извинување на Мицкоски, Филипче оцени дека станува збор за политички театар без вистинско преземање одговорност.

„Тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата... така направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено „извинете“. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување“, рече Филипче.

Тој нагласи дека вистинското извинување подразбира признавање на грешката, промена на однесувањето и одговорност за сите што учествувале во навредите.

„Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции... Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат пример кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, порача претседателот на СДСМ.

На крајот, Филипче повтори дека заканите и навредите се одраз на слабост, а не на сила.

„Никој не му се плаши на Христијан Мицкоски. Овој начин на однесување е само одраз на неговата слабост и неспособност“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Филипче: Реконструкцијата нема да донесе ништо - ревидирана верзија на истата неспособна Влада

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција порача дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена, туку само нова верзија на истата неспособна власт која веќе една година не успева да одговори на ниту еден клучен проблем на граѓаните. Филипче посочи дека наместо нов почеток и нови политики, со реконструкцијата, граѓаните добиваат само продолжување на неуспешното владеење на ВМРО.

„Вчера помина реконструкцијата на Владата и практично имаме една ревидирана верзија на тотално неспособна Влада, неспособна да се справи со ниту еден проблем на граѓаните. И исто како што и оваа Влада до вчера функционираше, исто ќе биде и сега“, рече Филипче.

Тој додаде дека реконструкцијата не значи нова политика, туку само обид да се прикрие неуспехот на Владата, која нема ниту план, ниту визија за справување со кризите.

„Од оваа Влада, граѓаните може да очекуваат само една нова нула. Ниту план, ниту визија, ниту стратегија како да ги решат секојдневните, се поголеми проблеми на граѓаните и на државата“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, нагласи дека резултатите од владеењето на ВМРО се веќе видливи - економијата стагнира, животниот стандард опаѓа, граѓаните секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови, европскиот пат стагнира.

„Стагнира економијата, опаѓа животниот стандард, цените растат, сега имаме ново покачување на цените на горивата, ова ќе донесе дополнително активирање на спиралата на поскапување насекаде. Видовме дека Владата изминатиот период не се справи со ова, ниту пак направи некој чекор да се обиде да го спречи растот на цените. Европскиот пат е блокиран, очигледно многу добро смислено, многу одамна, не сега - едноставно немаат одговор на ниту едно суштинско прашање“, рече Филипче.

Воедно, Филипче додаде дека секогаш кога нема решенија ВМРО посегнува по навреди и закани.

„И кога се нема резултати, кога нема решенија, Мицкоски ги навредува и им се заканува на пратениците во Собранието.Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето, и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека нема, сега очајно му треба алиби“, нагласи Филипче.

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандал

Легендарниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен утрово. 

Уапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандал

Како што пренесуваат хрватските медиуми, познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е уапсен утрово.

Тој е уапсен од страна на УСКОК и полицијата, кои спроведоа акција против корупцијата, а Шимиќ се сомничи за вмешаност во аферата „Тисно“.

Уапсени се познатиот фудбалер Дарио Шимиќ и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Канцеларијата на државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ, која се сомничи дека му помогнала на Шимиќ да ги добие потребните дозволи за кампот во Тисно (место на островот Муртер).

Неда Ливљаниќ и претходно била приведена под слично обвинение, а заедно со нив двајца била уапсена и уште едно лице кое дејствувало како посредник.

Според хрватските медиуми, Неда Ливљаниќ не примила поткуп, туку му помогнала на Шимиќ да добие дозвола. Засега, УСКОК и хрватската полиција не ја коментираат оваа тема, а наскоро се очекува и официјално соопштение.

Инаку, Дарио Шимиќ е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на Хрватска.

Тој потекнува од школата на Динамо Загреб и настапуваше за клубот од својот роден град сè до 1999 година, кога направи трансфер во Интер Милано.

Одигра три сезони за „нероаѕурите“, а потоа премина во редовите на најголемиот ривал, Милан, каде што играше од 2002 до 2008 година и, меѓу другото, освои две титули во Лигата на шампионите.

Крајот на кариерата го мина во Монако, а потоа и во Динамо, каде што подоцна извршуваше и директорска функција. Инаку, тој одигра дури 100 натпревари во дресот на хрватската репрезентација и е првиот играч што ја достигна таа бројка. Беше дел од тимот што освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. 

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. Снимавме во февруари и студеното време придонесоа за студените тонови во филмот, рече режисерот Агим Абдула на денешната прес конференција и се заблагодари на можноста што фестивалот „Преку езерото“ му ја даде на неговиот филм на кој ова му е прв фестивал.

Филмот „Кома“ од официјалната селекција синоќа беше прикажан во Амфитеатарот во Дојран во присуство на бројни вљубеници на филмската уметност.

Режисерот на филмот Агим Абдула е гостин на фестивалот „Преку езерото“ и посочи дека инспирација за филмот бил вистински настан кој се случил на негов познаник. Во филмот Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи.

-Филмот е направен според вистински настан. Му се случи на еден мој близок пријател кому во Италија му се случи несреќа и падна во кома. Во почетокот дознавме дека починал, па бил во клиничка смрт, па потоа се вратил, но меморијата му беше како на 5-годишно дете. Не се сеќаваше на никој од нас пријателите и лекарите посочија дека излез е да се врати дома, каде што е неговото семејство, пријателите и само така има надеж да се врати. Мојот братучед беше цели 7 години, секој ден со него, и конечно успеа да си ја врати меморијата и сега тој е оженет човек со деца и има среќен живот, но не памети дека некогаш му се случила несреќата, рече Абдула.

Филмот има бавно темпо и долги сцени кои како што рече режисерот се резултат на неговотот студирање филмска режија во Иран, но сакал да се гледа печатот на школата од која доаѓа.

Во Дојран заедно со режисерот на фестивалот допатува и главната актерка Лина Абдула, како и кинематограферот Душан Кардалевски.

-Сакам да му се заблагодарам на Душан Кардалевски за одличната работа и трпението и на Лина која снимаше на минус 15 степени и која во текот на снимањето по повеќе повторени сцена почна да плаче од студ, но на крајот успеавме да го завршиме филмот, рече Абдула.

Денеска во ЕУ хаус во Струмица ќе се одржи работилница „Вештачката интелегенција во филмот“ поддржана од Креативна Европа, на која ќе говорат Милош Џукелиќ од Србија, Момчил Алексиев од Бугарија и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

14 Јули ВТОРНИК - Амфитеатар Дојран

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МЕСО, режија Димитер Стојанович / БУГАРИЈА / 2025

FLESH directed by Dimiter Stoyanovich / BULGARIA / 2025 / 91 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:00 БЕГСТВО, режија Хаљим Љута / МАКЕДОНИЈА

ESCAPE directed by Halim Luta / MACEDONIA / 2025 / 10 min

22:10 НАЧИНОТ НА ЧИПАН, режија Антонио Вељаноски / МАКЕДОНИЈА

THE WAY OF CHIPAN / directed by Antonio Veljanoski / 2025 / 22 min

14 Јули ВТОРНИК - ЕУ Хаус - Струмица

12:00 Работилница: Вештачка интелигенција во филмот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер